Форумџика на годината

Скрининг

Дискусија во 'Бременост' започната од Nina. 1992, 11 јануари 2017.

  1. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    572
    Мајки, го направив вториот скрининг во 20та недела, но на приватно, а ќе одам и кај матичниот, но ќе бидам 24+0, дали е ептен касно и што да кажам,да не ми реагира :^)
     
  2. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.052
    гордана систина
     
  3. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    1.090
    Мислам дека е касно 24та, до 23та најкасно ми кажаа мене кога закажував во Систина баш. Ама чим си била еднаш веќе ваљда не е страшно ако идеш покасно.
     
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.371
    Допаѓања:
    12.025
    Пол:
    Женски
    Не бев на скрининг со првата бременост, но бев на обичен преглед кај др. Верица Органџиска, ми требаше второ мислење.
    Темелна и посветена, ми посвети време и не се брзаше.

    Со Симонида немам искуство, само добро слушам за неа, а со Афродита имам и за неа имам само пофалби. Кај и да одиш не грешиш во секој случај.

    Со првото правев кај др. Петрова Ремедика, а сега за второво на ГАК бев 20+5 и не знам дали ќе ме штрекне за во приватна, за мирна глава. 21+3 сум моментално
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Гордана Петровска никогаш не би ја препорачала за ништо, прегледи на трчање, толку на брзање што на прв скрининг детето ненаместено му мереше нухална. Убедени дека гледа како што треба и дека има искуство, стигнавме до закажување абортус. Снимките ги пративме на клиника во Германија, и првиот коментар беше не може нухална да се мери на така поставен фетус. Стресови што на ниедна не би и ги посакала. Во последен момент решив да консултирам уште 3 гинеколози за да бидеме сигурни каква е ситуацијата со бебето, сите категорични дека бебето е здраво право. По 3 еха во еден ден. Адамова 40 мин го чекаше да се намести. За малку ќе ни отидеше детето да останевме на неа. За породување кај неа исто имам лошо искуство претходно, ме тераа да буткам на неспуштено бебе, завршив со пролапс. Така да со неа јас веќе расчистив, кај било кој во Систина, кај неа не. Може и целата паника беше направена да не одерат за пари, зашто правевме дополнителни испитувања кај нив по нејзина препорака. Како и да е, ако навистина имаше проблем со бебето, требаше малку повеќе време да ни посвети на прегледи и советување, а не прегледи од пола минута и решете дали ќе го задржите и јавете ми. Катастрофа. Другите доктори ме седнаа, убаво измерија, ми кажаа дека не е покачена и покрај тоа ми објаснуваа и кога би била покачена што тоа значи, дека не е проста математика, дека се гледаат и други параметри и не може само тоа да биде мерка за дали е бебето добро или не. Испитувањата биле непотребни според тројцата други, нас битно не одраа. Нејсе парите, а биле а не биле, стресот низ кој што поминав никој не може да го поправи тоа.
     
  6. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    572
    Еве јас бев и тоа кај Др.Ванчо Органџиски. Од срце го препорачувам. Точно дека е повозрасен, ама има огромно искуство, детален, се навраќа по неколку пати на се за да се осигура, ако мрда повеќе, повторно се враќа да види. Немам зборови. И во првата бррменост тој ми ги правеше скрининзите и сега не се двоумев.