Девојки, дали некоја имала искуство со скршеница на малото бебче штотуку родено и како се справиле со тоа?
Retko se slucuva toa, no mislam deka najdobar sovet kje bide onoj od doktorot, zasto zavisi i kade e skrsenicata.... Najubavo toj kako ke kaze, soveti i se drugo da slusas od nego...
Зa кaквa скршеницa прaшувaш? Честo се случувa децaтa дa се рoдaт сo пукнaтa клучнa кoскa. Не е ништo стрaшнo. Бенкичкaтa т.е рaкaвчетo сaмo сo безoпaснa се зaкaчувa зa дa стoи рaчетo пoд прaв aгoл. Зa другa скршеницa кaј нoвoрoденче немaм слушнaтo, нo верoјaтнo брзo зaздрaвувa кaде и дa е.
На која коска скршеница? Ако е на клавикула т.е клучна коска не е страшно. Затоа што се создава ефект на зелено гранче. Односно ако е скршена коската обвивката околу неа не дозволува нејзино изместување. Заздравува за околу две недели. На местото на скршеницата ќе се создаде топче кое се осеќа ако пипнеш. Проаѓа без последици.
Здраво мајки Како е процесот на заздравување кај новородено со фрактура на клучна коска и дали има последици како да знам дали е се во ред колку е страшна оваа фрактура?
Јас сум родена така. Еден ден ми била раката во завој, после една недела само со безопасна закачен ракавот за чаршавот од креветчето. Немам никакви последици, 34 години имам
Ви благодарам ❤️ бебушка ми е 2 недели и дури сега докторите забележале ништо не и ставија ни завој,демек ќе зараснело немало гајле ама јас сепак се плашам и секаде прашувам и кај друг доктор закажав па ќе видиме како ќе биде
Здраво Дали топчето кое се осеќа на местото на фрактурата на клавикула ќе исчезне само или ќе остане така ?