Тогаш гледаш во илузија а не во совршенство. Еве за мене пример за исполнет викенд е убаво да се наспијам а ако ми допушта буџетот и времето и да прошетам некаде.
Илузија или совршенство, ако сами не направиме да ние убаво никој нема да ни направи. И јас би избрала да се изнаспијам но овој викенд работам.
Некогаш илузијата не е убава а совршенство не постои. Убаво можеш да си направиш да ти е и кога викендот е работен
Еден од начините е да си дадеш отказ и нема да те загрижува ова. Другиот начин е да си прифатиш дека тоа време 6-15 и тие денови од неделата ти се работни и да се потрудиш да си ги разубавиш како тебе ти одговара во граници на работата нормално, нема таму да отидеш и да се изнаспиеш јер је викенд
Спијам до покасно, без аларм, со спуштени ролетни и си дозволувам да се наспијам колку сакам за да го одморам телото. Слушам музика кога ќе станам, нешто релаксирачко. Недела дозволувам да ми e cheat day, другите денови пазам да се хранам поздраво, но во недела си пружам нешто покалорично, а исто и си правам третмани за убавина, цел саат се бањам и си се опуштам. И спремна сум за новата работна недела.
За мене совршен план за поминување на викенд е најпрво убаво да се изнаспијам да се релаксирам со кафе да си ги завршам домашните обврски па да прошерам на кафе и да се видам со блиските. Да си направам спа и нега на себеси телесно и духовно. И од понеделник стресот може да почне.
Јас имам неколку опции: 1.Да спијам цел ден во црна темница 2.Да лежам по цел ден и да гледам серии и да гнетам. 3.Да одам во Охрид
Искрено ќе признам дека јас на работа повеќе одмарам отколку дома..просто кажано, јас за викендите се исцрпувам од работа и едвај чекам понеделник за да одам да одморам. Викендот ми поминува во перење, готвење, чистење, пеглање..ма у пм.