Сонувам, но соништата секогаш се случки од секојдневието, и понекогашш, што е многу чудно, она што го сонувам го гледам во реалноста, т.е. моите соништа како да ја предвидуваат иднината ...
Бурата-тешкотија (но ако се извлечеш од неа,или ако не направи лоша последица-тоагаш значи победа) срушена куќа-болест поплава-грижа/загуба
за поскапувањево ме насмеа слатко, не би знаела што значи инаку алкохол на сон значи-долг живот и здравје
Манастир-грижи,непријатности,мрачна иднина Река-сигурна работа Млеко-среќа,здравје Семејство-ти претстои важен настан Тоа што си го сонувала таткоти(а тој е починат)-значи свадба за брзо време Море-возбудливост Ветер-кавга
Сум сонувала како некоја гледачка ми гледала, ама не се сеќавам што точно ми кажа, само се сеќавам дека цело време ми ги спомнуваше броевите 33 и 34. И кога сум ја прашала неколку пати што со нив? што значат овие броеви? ..ништо не ми одговараше.. Знае некој што значат овие броеви??
Обично велат кога гледаш бројки, играј лото. Тројката е среќа, а четворката незнам-не сум сигурна но мислам дека беше средба и разговор
Сонував дека сме играле жмурка кај мене во маало, па после јас сум отишла кај баба ми демек на новогодишен ручек. Останатите требало да дојдат по мене. Потоа одеднаш на празното место до мене наместо тој што ми се свиѓа седел Џастин Бибер и имаше покер фејс , со тоа што веѓите му беа пар нијанси потемни од косата, како што му се увек грозни. Го бацив што го бацив, ама не знаете како се стискав. Цело време ѕиркав позади да не доаѓа некој... Грозен ми беше, дури и на сон, плус што бев пијана. Значи дечково стварно е грозен. Толкување не ми треба, само кратка исповед од мојата пијана потсвест која не беше спремна да ми праќа правилни знаци.
Што значи на сон некој тебе да те сака, и тоа некоја личност што во животот не ти претставува нешто особено, значи детево ми е познајник и на крај памет не ми бил пред тоа деновите. Истата таа вечер сонував како па јас сакам еден, што и во вистински живот ми се свиѓа многу ама несреќно заврши таа приказна со него. И во сонот повторно некако се подбивал со мене, ме одбивал на некој начин.. Знае некој што е сево ова?
друг ти изразува љубов - разочарување ти изјавуваш љубов - партнерот за кој си заинтересирана не ти е наклонет
Седев во кујната со неколку мои другарки, погледот ми беше насочен кон мојата соба, каде што вратата беше подотворена, и под некој чуден агол се гледаше и плакарот, кој инаку не се гледа од тоа место. Од вратата излезе некој (не знам дали беше човек) со маска, од оние маски кои со нив најчесто ја претставуваат смртта. Покрај сите луѓе што беа со мене, единствената цел му бев јас... Не одеше, туку лебдеше и се движеше право кон мене. Се преплашив и земав нож кој кога го насочив кон него, некаква сила ми го бутна од рацете и падна право пред неговите нозе. Почнав да бегам, а тој постојано ме следеше. Чекорите ми тежеа и кога ме стигна, се разбудив. Често ми се случувало да сонувам неубави сонови, од кои сум се будела преплашена, некогаш плачејќи, некогаш со одвратно чувство кое ме прати цел ден. Но, овој сон остави голема трага врз мене, не можев со денови да влезам во мојата соба, имав некое чувство дека навистина има некој во неа Колку и да раскажувам, не можам да го доловам чувството кое го имав тогаш. Но, се е до психата...
Тоа што си го сонувала тој човек - претставува некаква грижа на совест тоа што си бегала, а не си успеала да побегнеш - грижи и тешкотии, и имаш некој големи сплетки во кои си западнала
Сонував како одам низ Прилеп но не денешниов Прилеп туку антички,се ми беше непознато,како да сум се вратила во минатото кое не ни го знам,улиците ми беа непознати,талкав одејќи...Се разбудив викајќи каде сум,каде се наоѓам.... Стварно не знам што би значело ова?!
Сонував како сум закаснила во школо, а на распуст сме...кошмар Иначе често сонувам некои безвезни сонови, како паѓам, како скокам, како некој ме брка. Сум се метнала на мама
рој муви значи многу непријатели Иначе ја стално сонувам како паѓам мислам душекот ми пропаѓа во некоја дупка кај што нема крај и се будам. Имам читано дека е кошмар али незнам
Ова беше од поодамна, ама што значи на сон да ти украдат патики? И тоа, едни бели, онака стари, не многу оштетени.
Пред некој ден сонував дека сум пишувала некој долг пост на фемина и ненадејно ми се исклучил компјутерот и постот го снемало. Многу сум се изнервирала.
Сонував сега, кога станав од спиење-значи бев машко,бев памтам,висок,плав згоден младичи сега учев во некое средно школо и памтам требаше да седнам на една клупа и тогаш се разбудив!! Што значи ова,дали некој можеби знае??? Поздрав!
Бринета сум, а сонував како сум се офарбала плава И потоа сум немала храброст да излезам пред другите таква, иако ми се допаѓало како ми стои... (Инаку не ни помислувам да се офарбам, не знам од каде таков сон) Некакво значење?