Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас веќе подолго време сонувам чудни сонови, ама навистина чудни. Посебен еден сон, кој го сонувам веќе по трет или четврти пат. За истото се работи, само местата и личностите се други. Имено, постојано сонувам девојка која измачува луѓе со тоа што кога таа е во близина тие не можат да зборуваат, односно немаат глас. Денес сонував како јас и уште некоја Х особа сме во шума, т.е. на почеток на шума близу до автопат и девојкава не пресретнува и почнува да не влече, а јас и таа другата личност упорно врескаме и мафтаме со рацете, ама никој ниту не гледа, ниту не слуша. И не знам како на крајот успеавме да се оттргнеме од неа и се симнавме до автопатот и викавме за помош, ама никој не ни застана иако имаше многу коли. На крај еден дедо, со сина кола застана и не однесе до некој град, таму се симнавме и отидов да си купам мастика. :^) И толку беше. Стварно понекогаш се плашам од соновиве што ги сонувам. И ова како што реков не е прв пат да ја сонувам девојкава, само различни ситуации, места и личности има.
     
  2. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    сонував како нина ми скинала гранче од цвеќето од мајка ми, за да го пресади кај неа
     
  3. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден сонував дека сум била во училишниот двор, боса, барав чевли. На игралиштето имаше мнгу чевли но ги немаше моите... потоа така боса отидов до една малечка река со едно девојче со кое воопшто не се поднесуваме, а таа немаше една веѓа :^) Разговаравме, двете со нозете во реката :^) Потоа околу нас се собраа големи кучиња и ние не можевме да избегаме од кругот во кој не обиколија кучињата :^) Кучињата само 'ржеа, но не не нападна :^) Потоа си отидовме заедно со мојата најдобра другарка, но повторно бев боса и не си ги најдов чевлите :|
    Знае ли некој што може да значаи ова? :worried:
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Како возам автомобил,но 3ца момци ја држат колата но јас стискам на гас но со тешкотии се движеше колата!
     
  5. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Депилација, наеднаш нозете ми станале мн влакнести, се депилирав дома а цела фамилија знаеше за тоа и подалечна и се имаа собрано во куќата горе долу заангажирани за мене како да сум болна нешто :^)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    MandyLane искрено се извинувам што не сум ти го видела постот :$
    Ќе доживееш некаква загуба, но немој да се плашиш, иако ќе постои потоа бурен период,како што реков не се плаши од Опасноста, ќе вложиш голем напор, се што треба е да бидеш внимателна, надежта што ја имаш ќе се остари, ќе имаш долг живот и добро здравје, а колку повеќе и осилно си се гушкала со дечко ти на сонот, толку посреќна ќе бидеш.



    Колку повеќе влакна толку повеќе пари ќе добиеш.
     
    На MandyLane и priti им се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Дедо ми го сонувам жив,а починат е веќе две години.
    Значи ништо чудно во сонот не зборува,туку нормално си ги извршува дневните обврски,јаде,пие,си зборува со нас (истото што беше,кога беше жив).И јас во сонот ќе се израдувам,а кога ќе се разбудам следи повторно разочарување. :(

    Порано почесто ми се случуваше ова,па престана и сега пак.
    За Божик бев на гробишта,што значи сега брзо бев (ако тоа има некаква врска).

    Што значи? :worried:
     
  8. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Умрен да сонуваш дека е жив: твојата тага ќе биде краткотрајна
    Да го видиш во куќа: болест, страв
    copy-paste од една страна на интернет така да незнам колку е точно толкувано :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сонував како детево за што ја правевме изложбата Јоце кој е инвалид во количка, сам оди, и цело време плаче и се виткаше од болки додека одеше.. А мене нешто неговите сестри ко да ми беа лути, и ги молев нешто и јас плачев поради тоа оти ми беше криво, оти вложив се за да му помогнам а имав во сонот некој презир од нива страна, и знам дека го напуштив нивниот дом така расплакана.. инаку во реален свет се е поинаку..
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ќе се покаеш за некој свој непромислен потег кон Јоце, сепак Јоце го очекува некоја голема среќа(во смисла награда,успех),и поради тоа ќе има убав период од животот.Поради каењето ќе му помогнеш мноогу,и поради тоа ти ќе бидеш среќна.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Искористуван си од 3 машки личности.
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Фала ти сноу квин!
     
  13. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Дечко ми сонувал како се собрале машко друштво дали се журкале дали била ергенска вечер незнам.. мајка му обезбедила плесачица за на шипка и тој многу се заљубил во неа, па откако си ја завршила работата седнале на некоја клупа и споделувале тешки моменти од животот. И најбитното е што сабајлето многу насмеан се разбудил и ептен му било ќеф што ја запознал :)
     
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Морав да се цитирам :D
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ќе имаш нови доживувања, и ќе добиеш некој ненадеен подарок :)
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Toа што во целиот сон си сонувала дека одиш боса, ти е знак дека во животот не одиш кон својата цел, кон оноа што го сакаш и тежнееш.Патот по кој одиш е доста незгоден.И таа радост и задоволство кое го имаш не е целосно.
    Тоа што си стоела во реката може да има две значење, бистра вода=проблеми, матна вода=грижи.
    Набрзо ќе чуеш доста поволни/убави вести.


    кавги
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Не ти го толкувам сонот од друга причина, се вели дека доколку еден ист сон се сонува 3 пати, барем половина од сонот станува реалност....се остварува.А ти како што напомена 3-4 пати досега си го сонувала сонот.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Велат дека тогаш треба да се запли свеќа, и ако јадел и пиел како што велиш, треба тоа што си видела на сон да однесеш на гробишта-за негова душа.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас сонував дека сум бремена 16 недели и тоа од близнаци. Знам дека бев многу среќна во сонот (бидејќи во реалноста, кога ќе пораснам сакам да имам близнаци) и покрај мене беше таткото на децата кој воедно беше пресреќен и цело време правеше планови за децата, но не се сеќавам која личност точно беше бидејќи сонував многу машки лица и се двоумам кој беше. Колку што знам не е убаво да се сонува дека си бремена па ако може да ми кажете што значи..
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Носиш некоја голема тежина во себе,но сепак и покрај таа тежина, ќе ти се оствари некоја голема желба.Но внимавај може да те снајде голема невоља, со трајни последици.И доколку ти треба помош, барај ја од татко ти.