Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ќе имаш посета од непознати лица/е,ќе ти кажат неубави вести.Но не придавај преголемо значење за да не си наштетиш самата себеси.Бидејќи можно е да биде лоша информација за некој драг пријател.
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Што значи да сонуваш мртов човек, човек што сте го познавале, нивното куче му се пикаше на неговиот дух во нозете, и само јас го гледав како човек, а другите од семејството како проѕирен облик на човек т.е како дух, а мене воопшто не можеа да ме видат како на прозор да стоев, и кучето(кучето не беше купено додека човекот беше жив) скокаше го гушкаше не го пушташе да оди, иако не знам кај сакаше духов да оди, и кога од семејството сфатија дека тоа е неговиот дух едниот извика нешто како некои крици и се разбудив...

    Значи ме измачи сонов цела ноќ ми се повторуваше, јас многу ретко сонувам, и би ценела ако ми кажете затоа што од мала баба ми ме учеше дека секој сон носи своја порака, би и кажала неа ама таа ќе се припотресе и затоа тука пишувам зошто сакам да знам.
     
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Пред неколку дена сонувам сон. Во сонот бев јас и мојата најдобра другарка, јас цртав а таа ме гледаше и ја прашав сакаш ли и ти да црташ? таа рече не. Јас: Мене вака слободен цртеж ми е најинтересно да цртам а тебе? Другарката: И мене. По неколку време пак ја прашувам дали сака да црта и таа одговара: Да, јас од прееска те чекам тоа да ме прашаш.. :D :D
    а јас ја прашав :D (глуп сон) :D ?????
    Но благодарејки на соновникот на фемина видов што значи сонот :)
     
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сонував како јас и мајка ми одиме по еден пат и наидуваме на раскрсница на која имаше еден човек(шизофреничар) ама ниту му прозборивме ниту ништо и само што ја преминавме раскрсницата мајка ми почна да вика по мене, трчај најмногу што можиш и не гледај наназад...ама мене исто ко да ми рекла гледај наназад и сум се свртила целата и видов една стара баба многу страшна и таа трчала цело време по мене ама јас сум немала многу сила да трчам не ми оделе нозеве и таман мајка ми да ме фати за рака да ме тргни, баба та ме фатила и ми велеше е сега нема кај да одиш :( :( :( :(

    Ко се разбудив целата испотена бев и преплашена :tmi: :tmi:
     
  5. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    јас сонував како со брат ми сме биле заробени од еден психопат.И јас сум се одрзала,сум го одврзала и брат ми и полека тргнавме кон вратат.Брат ми излегол прв и ми ја затворил вратата и од надворешната страна ја заклучил :(

    лелее за оваа постапка на брат ми цело утро сум плакала |(
     
  6. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Сонував дека сум имала вештачки заби,поточно мост,и ми испаднал цел во рацете и сум заминала на доктор така носејки ги во рацете дури и крв малку имаше на нив и су се погледнала во огледало моите заби на мене малце истужени и потемнати ама сите беа. Мислам дека не е поволен сон
     
  7. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Неколку пати по ред сонувам како некој умрел. Не сум била сведок и посматрач на настанот но сонувам како добивам вести за нечија смрт, сум сонувала како мои блиски и познати личности починале а и некои непознати. Според соновникот ако сонуваш смрт на позната или непозната особа ќе настапи позитивна промена во твојот живот, но некако не ми се совпаѓа баш, незнам зошто. Можеби 5,6 пати сонувам нечија смрт....
     
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Сонував дека се наоѓам во една црква со конаци и имаше многу луѓе. Постојано имаше тепачки и сама во себе се нервирав зашто се случуваат тие работи ама неможев ништо да спречам. И решив да заминам а патот беше цел како низ шума... по пат ме сретна една роднина и ми кажа дека имам огромен пајак на глава, го тргнав јас пајакот а таа ми кажа да се вратам во црква дека тоа е лош знак... и после не се сеќавам...
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    За нешто што долго го очекуваш и се трудиш да го оствариш, на крај среќата нема да те послужи.
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Мене ми е сонов од пред некој ден...сонував како сме се спуштале со братучетка ми со вреќа на некоја ливада со снег,и кога сме биле при крај на ливадата,се запалил оган позади нас...сме отишле накај патот и оганот сеуште бил позади нас,како да не пратеше,ама не успеа да не допре.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Мртов човек - свадба за брзо време
    Останатотот значи, добивка и многу среќни моменти



    Ќе доживееш накаква заедничка радост со братучетка ти.
     
  12. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Сноу квин, што значи да сонуваш поранешен љубовник (изразов е филмски ама не знам како да доловам подобро), значи некој кој не ти бил дечко, но со кој си делел чувства, интимни моменти и си замислувал иднина?

    Го сонував како бил кај мене дома, присуствувал на моја веридба и цело време седел и ме гледал. На крај од веселбата кога заминале скоро сите, седнав до него и му дадов бебенце да си игра, игравме со него заедно и се смеевме. Бебето не беше ни мое, ни негово, не знам чие.

    Имаше и други запплети во сонот, татко ми ни договорил купување стан и преселба со вереников без јас да знам, па бев бесна и се карав со него пред тој бившиот, а тој седеше до татко ми...

    Прочитав на фемина соновникот, има добри објаснувања, само што неможам сонов да си го склопам во целина... :^)
     
  13. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    963
    Ноќеска ја сонував братучеда ми како невеста. Беше облечена во чисто бел долг фустан, а на корсетот однапред имаше огромна извезена сребрена пеперутка. Ја гледав оддалеку, а таа заедно со дечко и облечен во убав костум ни мафтаа со рацете и ни викаа да побрзаме за да не закасниме на свадба.Има некој да ми го протолкува сонот?
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Поради одредена новост, ќе имаш домашни расправии.


    Наскоро свадба, можелична или пак на некој близок.
     
    На Irida му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Во животот ќе дојдеш на некоја тешка одлука, ќе бараш помош и совети, сакајќи да избегаш од еден проблем ќе налеташ на друг.
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Сонував како со сестра ми и братучедите требало негде да одиме и сме чекале да се организираме кој со кој коли ке одиме а имало снег по патот. Додека сме чекале сестрами ми се доверила дека е бремена и дека веке има 3 годишна врска со некој дечко на З буквата(заборавив името) а ние домашните воопшто не сме знаеле за тоа. Тоа ми било некаков шок и и сум и рекла дека ке и помогнам но дека сегане треба да патува со авион во таква состојба.(инаку на јаве планира да оди со авион до турција). Кога сме стигнале на тоа место сум ја видела мојата директорка и само сум и рекла добар ден и како сте, а она ме погледнала и ништо не ми рекла.
     
  17. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Сонував како сум некаде во Охрид и од спротива во планината имало црква во карпа.До мене стоеше една баба и со неа сме оделе како по некои метални скали или мост од оние што висат .Под нас имало провалија и ние сме поминале на другата страна кај црквата ,се сеќавам само дека многу време се искачувавме до таму.Бабата ми рече дека секоја година за Св.Петка оди во таа црква.Таму имаше многу луѓе а од страната на влезот во црквата беа оставени суви гранки.Значи се ова се случуваше надвор,внатре во црквта не влегов.Ве молам некој да ми го протолкува сонот,затоа што не е прв пат да сонувам нешто во врска со Св.Петка.Исто ако знае некој дали можеби навистина во Охрид има таква црква .
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ти претсои некоја работа со многу неизвесности, со многу непријатности и чувство на тага.Сестра ти нека внимава на здравјето.
     
  19. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Леле сноу помош :lol:
    Сонував како ме запросува дечко ми :lol: и толку се занесов што сабајлето мислев дека е и стварно.. Клекна пред мене :!: И јас така радосна да, да му велам. Не памтам баш све нај нај ама така нешто беше. Сонувов е од пред неколку дена и е еден од ретките што ги памтим толку долго...
     
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    38.368
    Пол:
    Женски
    ај сноу да се обратам и јас. Сонував зрна грав премногу бели и беа со шеќер благи направени како слатки.
    Што би значело?