Сноу можеш ли да ми го протолкуваш сонов? Сонував дека сум на тераса во еден прекрасен хотел и седев на нишалка од тие големите што се како со двосед, двајца што можат да седат и дуваше ветер и наеднаш дојде дечкото кој одамна го посакувам и почнавме да се гушкаме и зборувафме нешто за песни и почна да ја пее мојата омилена, беше романтично премногу и тој ме бакна и ми рече дека почнал да чуствува нешто за мене.. но по долгиот и преубав бакнеж ми рече дека мора да си оди дома ( пошто јас сум била таму на одмор а тој во тој град живее ) и јас му реков остани вечерва со мене, и тој остана и водевме љубов, се беше совршено, страсно и полно со емоции ни на филм не сум го видела тоа а колку шо се сеќавам последна глетка бев сама во креветот покриена со чаршав и со огромна насмевка на лицето.. Заспав кун 3 вечерта и станав во 6 сабајле, а полна сум со енергија и наспана и се чуствувам преубаво, ме интересира шо значење има сонов, ми го исполна денов...
Сонував како мојата тетка ми дава пари. Ми даде 400 франги кои требаше да ги делиме со сестра ми и мајка ми. На масата имаше и железни пари сакав да украдам 5 денари, ги земав ја поминав косата со нив и кога приметив дека батучед ми ме гледа ги вратив назад. Втор сон- со еден дечко требаше да излезиме некаде, ме бакнуваше во јавност пред еден негов другар ама мене не ми се допаѓаше бакнежот, беше многу лош и тоа му го викав. Неколку пати проба да се бакнува па го турнав после.
Сонував ноќеска како ми никнува нов заб под млечниот што си го чувам. Сме се спремале за нечија свадба, кога сум осетила големи болки од десната страна и на огледало сум видела дека ми никнува нов заб. Па сум и рекла на мајка ми дека морам под итно да одам на лекар. Кога пишав заб на соновникот, ми побара збор со минимум 4 букви, а кога пишав заби, нема ниту една ситуација со никнување заб
сонував дека умрел кирил поп христов ( КИЛИ ) го видов само на некролог (плаката ) и ми беше многу жал
од пред две вечери...................... сонував како сум била помала и требаше да одам во школо па мајка ми и вујко ми ме носеа со автомобилот, вујко ми возеше..................... коа поминавме во близина на албански куќи и јас се зезав малку, имитирав албански говор и мајка ми и вујко ми рекоа као еве сеа ради тебе не следи една кола шо ти требаше ова да го кажеш а во кола бев и тивко зборев чудно како некој можел да ме слушне.................................. вујко ми забрза и немаше гајле само не ме оставија директно пред школо туку во близина на школото и мајка ми ми рече е сеа оттука сама продолжи као демек казна за тоа шо сум го направила и заминаа со колата а јас преминав улица и пред да влезам приметив дека дворот на школото беше преполн со деца и тука се замати сонот......................... а и тоа беше моето прво основно училиште....................................... а коа продолжи сонот бев возрасна веќе и се враќав дома со книги во рацете и мајка ми ме пречека во дворот и ми рече као треба да одам во училиштеTo да земам некое дете нешо дали роднина ни било али јас се влечкав требаше да стигнам во 5, а таму бев во 5 и пол, по пат сретнав една другарка и таа влезе со мене......................... истото школо само беше празно овој пат, имаше само еден дечко на 25-30 години отприлика и носеше бел мантил као лекар беше али не беше тоа туку вработен нешо во школото и и многу беше згоден типов и јас му се обратив ама се правев наудрена као сум мислела во 5 и пол дека завршува настава и тој се понуди да помогне многу јака хемија се јави меѓу нас тогаш и поим немам шо направивме и шо баравме матно ми е али супер ми беше со него, другарка ми само се влечкаше по нас и на заминување требаше да ме однесе со кола ама тогаш дојде вујко ми и ми рече дека требало да одиме на гробишта поим немам зошто па морав со него да заминам и тргнавме по пат го собравме и татко ми а јас цело време гледав во телефонот и мислев на типот бев мн задоволна, ама на влез во гробиштата со колата случајно турнавме дел од оградата (као жичана ограда беше)и човекот шо водеше сметка тука само налутено не гледаше и ја местеше оградата а ние не смеевме да влеземе дури не ја намести и за тоа време ја гледав TB во ауто и тоа една емисија за монасите во хрватска во минатото нешо шо би ми било мн досадно ама во сонот ми беше толку интересно шо дури се чудев...... а и се прашував од каде православни монаси во хрв. и после пуштија временска прогноза за хрвацка пак и јас исто се интересирав шо пак ми беше чудно а за цело време татко ми и вујко ми беа надвор дали покушаваа да му помогнат на човекот за побрзо да влеземе и тоа толку беше....................................................... ради делот со гробиштата.........................некако не ми се свиѓа шо сонував дека одам на гробишта......................................
Сонував дека бевме со моите на шопинг и во една продавница додека разгледуваме еден човек(не го познавам)извади пиштол и пукаше во мене, ама не ме уби, преживеав и знам следна сцена беше во болница и толку се сеќавам, што би можело да значи?
ај ве молам еден транслејт на сонов мој сонував телефонски мобилен телефон и кога се разбудив ги паметив и други броеви многу и тие ги запамтив па си мислев дали да играм лото?????
sa4y- каков беше бакнежот и што почувствува HurremSultan- големи трошоци -помали проблеми/минлива болест AnaKarenina- ќе чуеш нешто што не си го знаела до сега kikav - веселба
Па беше француски бакнеж, и небеше ни многу долг ни многу краток, ми беше преубаво таков бакнеж ни во живо не сум добила, целата треперев, имав пеперутчиња во стомакот, како многу да ми значеше... сонов ќе го памтам цел живот жими се
sa4y-биди внимателна, ако успееш ќе бидеш среќа и ќе имаш задоволство sajonaramucaca- непредвидено задоволство/подарок,одпосле ќе ти донесе грижи/штета
сум одела некаде (не знам каде) и сум поминала покрај некое дрво на кое што имало некролози закачени. И една баба од еден некролог (значи сликата) почнала да ми вика да застанам зошто имала да ми кажи нешто многу важно ама јас се уплашив и избегав ... друг сон - сум била во автобус за да одам Србија на аеродром за да заминам за Франција арно ама сум забележала дека сум го заборавила пасошот на сред пат. Е арно некако се средило тоа, (испадна дека сум имала дупликат пасош кај возачот???????) ама само што сум стигнала на аеродром испадна дека мојот лет е преместен и треба одма да тргнам ама некој човек ми го зел мојот куфер и го пуштил за друг лет и по еден куп перипетии ми избега авионот и јас не заминав за Франција и се расплакав во сонот од мака ... и после уште нешто сонвав со некој автобус што сум го возела по некој планински пат и имало внатре еден куп луѓе што не ги знам ама не се сеќавам баш добро како ми заврши тој сон ..... хахахах јас и моите забегани сонови
Lux- пази се од повреди Bel-Golub-...се вели дека би требало да играш некоја од игрите на среќа кога ги памтиш броевите FeatherCut-радосто по тага -те очекува важна работа полна со неизвесност, но никако не дозволувај таа да те преокупира
Ја сонев братучедка ми која имаше 6 годинки и која почина пред 2 години, Сум седела у парк, и спротив мене две девојчиња си играеле едното дошло до мене и ми рекло ее Дадо што правиш тука, ко ја видела сум ја викнала по име ******* и сум ја прашала што прави она тука си играла со ново другарче ми вика Дадо сакам да ти подарам нешто и ме фати за рака и наеднаш како да се најдовме во нејзината соба и зема од ѕидот, од шкафчињата да ги одлепува сликите од неа, песнички за да ми ги даде и реков да не го прави тоа дека ќе ја налути Мајка и. Ме послуша и седна да црта, ми нацрта големо срце и во него пишуваше Дадо те сакам, немој да бидеш тажна додека сум го читала писмото таа ја снема...
^сонот би значел радост по тага....но дефинитивно треба да ја посетиш братучетка ти, или барем свеќа да и запалиш
Спојлер Од чудни до почудни сонови Во првиот сон сум сонувала како сум била 7-одд и сум правела недолични (и безобразни)работи.И кога сме имале час наставничката го викнала татко ми на сред час и му казала и толку од сонот? ВО вториот сон сум сонувала како сум се префрлива во друго школо (за 8 одд) и сите таму ме знаеле,а и јас нив,ама кога почнавме со школо таму имало едно ново,лошо девојче и ми правело пречки,па затоа никој не се друзел со мене? Спојлер Не ми е јасно зошто се навракам неколку години во минатото,па ве молам ако некој знае да ми казе што знаат соновиве
мајка ми сонувала како јас и она сме чистеле истурен зејтин на скали и тоа со црево.... ??????? видов дека масло е убаво, ал во овој контекст
inn - пореметување на мирот, но на крај пак ќе ви се врати со убаво Flower20- ќе бидеш незадоволна од нештата
Сонував дека сум се возела во такси со непознати, крајната дестинација ми бил саканиот. Било ноќ и сум се шетала со саканата личност а потоа не сретнала неговата злобна братучеда и прекажала на целата негова фамилија дека ние се гледаме, потоа сме заминале во неговиот дом и сите се карале освен брат му кој бил пресреќен за нас. Имало и некое мало бебе кое многу не сакало и не бакнувало (тоа бебе во реалноста не постои).
Јас сонував дека моите ме виделе со дечкото (кој иначе, сеуште го кријам од нив) и биле разочарани од мене на некој начин. Ме казнија, т.е. само ми ги изрекоја казните. Подоцна јас отидов дома и така жална одвај работев, ја спремавме крштевката на брат ми. (Тој е веќе голем и и крстен и се) Ама дома како да не беше дома. Како во друга куќа да бевме а уствари дома. И стрина ми која ми помагаше во работата, ми се мешаше често со една друга жена. Некое толкување молам?
Си ја сонував комшиката како ја болел забот,и цела била излепена со бол ханзапласт на рацете под лактовите