Што значи да сонуваш мачка со отсечена опашка? Спојлер Инаку тоа беше мојата мачка што си ја чувам дома
Мачка е лицемерие, а со отсечена опашка веројатно некој или ти самата ќе го откриеш лицемерникот/ката која се наоѓа во твоја близина.
Јас синоќа сонував како сум седела во некоја концертна сала незнам точно во чие друштво, се сеќавам дека беа луѓе шо ги познавам и сум чекала да почне некоја опера...а салава значи раскошна, раскошна, облеките на луѓето исто...шознам, некој да ми протолкува...
На некоја веселба, можно е да си наштетиш сама на себе поради преголема самобендисаност.(тоа значи опера и оперска сала)
1сон.Сме биле всело во викендицата јас бабами и братучедками, бабами и братчедами излегле надвор.. јас сама сум останала дома и сум излегла пред врата имало еден коњ, и незнам нешто сум му направила не се сејќавам што (мислам дека со камче го удрив) мислејќи дека ке избегат за да излезам надвор, и тој наишол накај мене и јас сум ј турнала вратата и тој ја туркал од надвор и не ја отвори. и после некое време јас и братучедками сме всоба таа во рацете држела сабја и дошол еден "робот " го викавме инаку ми личеше на човек, беше мн. страшен и братучедами му е скина главата со сабјата и после дошол еден човек од селото и инему му е скина главата ?? meU?? 2сон. Сме се возеле на бицикли јас и едно помало девојче.. возејќи се таа подстана од бицикла и јас видов имаше крв на седиштето..(како да имаше добиено,ама мислев таа знајт.) таа го забриша тоа малце со раката и си седна и продолживме да се возиме ... и после девојчето примети дека нешто се случува со неа но мала е има само 10год. и појдовме кај неа дома беше сама се пресоблече набрзинка јас видов дека има добиено но таа ништо не знаеше за тоа само ги стаи алиштата вмашина и продолжи..дојде кај стринами пред двор, а тука во дворот беа и баба ми и братучедками, јас ја викнав стринами настрана и и кажав за ситуацијата оти мене незгодно ми беше да и кажам,Она поубо знае да и објасни.. стринами зеде влошка е повика внатре и и е стаи.. и толку. maU ?? Pleasee.. протолкувајги
Сонвав дека ми стигнал пакет од авон, внатре имало полно козметики, каталози и сум се чудела откаде тој пакетот, сум нашла некое писмо и во него пишело дека дечко ми е разочаран од натпреварот оти бил 6-то место , чудно стварно...
Првиот , се работи за некоја горда личност , веројатно и опасна која сака да дојде до тебе, но ќе биде спречена. Вториот се муабети, омраза, лицемерие.
Веќе неколку дена по ред сонувам сонови кои што лесно ги мешам со реалноста. Можеби е затоа што секоја емоција на соновите ја искусувам и во секојдневието... Ама вчера ми се случи, да ја прашам братучеда ми “Вчера ко бевме ваму, ја најде ушницата?’’ а таа само си ме погледа ко да сум забегала. Кој знае уште колку работи ќе ги измешам како не престанат овие соништа... премногу се реални.
Можеби само се работи за некоја интуиција, која потешко ја препознаваш во реалноста (на будно) ,па ја осеќаш во сонот. Но , немора да значи, можеби е само проптеретена потсвеста па затоа сонуваш работи кои ги мислиш или ти се случуваат преку ден.
у последниве неколку дена,у секој сон мора да има автобус.како сум се качила на погрешен автобус,како сум одела некаде се спремало невреме,како сум чекала многу долго немало автобус,па сум била на жележничка кај шо нели има автобуси(транспортен центар) па сум си седела уствари на погрешен автобус,сум ја видела мајка ми и сестра ми како одат во друг па сум тргнала по нив.Абе само автобуси и уште сто други сонови со автобуси
Го сонував мојот пријател има 24 години,во сонот имал брада не долга ама бела била,а инаку тој ни барада нема реално...Сме се карале нешто во сонот,не се сеќавам што,но ова со бела брада мислам дека не чини..? Втрориот сон го сонував исто него и ми рече дека вечер ќе се женел..? беше пред 5-6 дена па уште не е женет и не планира да се жени за скоро, реално...? Што ли значат,осбено првиот многу ме исплаши,мислам дека не е убаво да сонуваш човек со бела брада..?? Ќе може некој да ми помогне..?
Јас минатата ноќ сонував дека сум била со друшто, сме стоеле негде и поминала една моја познаничка, поточно другарка на сестра ми и почнала со сите од нашето друштво да се поздравува и после со мене, и на крај и со дечко ми и цел сон сум се чудела од каде таа се знае со сите нив.
Девојки ајде ве молам за помош кој знае да ми протолкува што значи да ја сонувам мојата покојна баба, сум била со една моја другарка сме се шетале и кога сме стигнале во зградата кај што живеам ( инаку и таа пред да умре живееше со нас) сме ја сретнале баба ми која била тоооолку стара, коски и кожа, сме разговарале со неа најнормално, сум ја прашала дали има некој кај нас дома и таа ми рекла да, има, сите се дома и сме помуабетиле некои 10 мин.и потоа сме заминале јас и другарката. Е сега, видов во фемина соновникот и некако не се согласувам со тој одговор, па ако некоја од вас е по соновите нека ми протолкува што значи/ Однапред благодарам
Ако некој знае да ми каже што значи овој сон-сум сонувала како во дворот имало многу многу отровни змии и едната од нив го каснала татко ми и сите сме биле уплашени и сме брзале кон болницата.И толку-после се разбудив
За змиите знам дека се душмани, непријатели, ако те касне змија значи некој душман ти мисли лошо и ќе ти наштети.
Пријателот има некој грижи од поодамна, а свадбата не е на арно, обично ја толкуваат како свадба, прослава на сон ,јаве смрт. Но можно е да е и непријатнос, нервоза во домот. Немаат соновите врска со тебе. Како ја гледаше баба ти додека беше жива? Што претставува и на што те потсеќа она??? Значи сопствена баба на сон е убаво, а зависно од тоа дали ја сакаше, дали се мразевте и слично ќе си го откриеш значењето на твојот сон. За некои автобус е лошо, болест, смрт, за други е преголема преокупираност со работата, која не треба да се дозволи, за трети е најава за напорен период.....
Синоќа сонував сум била во друг град на екскурзија со деца од школо, и сме влегле во еден бутик,имало мн ефтини фустанчиња и јас сум немала пари , знаејќи дека немам пари едно мн убаво од 140 ден. сум го пробувала.. и тогаш дојде братучедми и ме разбуди meU ??