најпрво ќе чувствуваш енкоја тага па потоа успешно ќе совладаш некои потешкотии(можно е да те засрами некој пријател), а цвеќињата значат среќа и искрено пријателство.
Пред некој ден сонував како ми паѓале забите, почнувале да се ронат, а јас не сум била заинтересирана да превземам нешто и сум се смеела. Да не знае некој да ми го каже значењето на сонот?
Тоа занчи дека ќе имаш некој проблем, но со насмевка и ведрина ќе го преминеш, почнувајки се од почеток...
ај плс некоја нека каже што знаши мојот сон гледав на соновникот ама незнам како да го толкувам плс по втор пат го сонувам за еден месец
Незнам која ти е поврзаноста или опседнатоста(свесна или несвесна)со бившата на твојот дечко,но чим си ја сонила комплетно поинаква значи дека не е се како што изгледа или како што ти мислиш..Поврзи си сама.
Ве молам некој ако знае нека ми го протолкува сонов. Значи со сопругот сме биле на одмор и одеќи на кај плажата имало скали, слегуваќи по нив почнав на пропаѓам некој ми извика тука има жив песок (жива земја)!!! нозете како да ми се заглавија во склаите и почнав да пропаѓам и во последен момент нозете ми се ослободија и истрчав. Меѓутоа брат на моја добра другарка пропадна во земјата, а другиот ден бевме и на погреб УЖАСЕН СОН !!!УЖАСЕН!!!! А што е најужасно никој не помисли да ми помогни па ни мојот сопруг.
Мене не ми текнува точно што сонував. Се сеќавам само еден дел. Девојки сонував. Убави беа, незнам што правеа. Најверојатно во бикини беа, повеќето беа плавуши со долга коса. Мислам дека сонував и убава куќа, убава кола, и една 30- годишна жена, така нешто. Се качи во колата, и отиде некаде ~
Скалите значат дека ќе имаш некоја помала загуба но тешкотиите лесно ќе ги совладаш, со помош на твојот сопруг! а за братот на другарката значи дека го очекува долг живот.
1. некоја голема грижа или непријатен пат. а бидејќи биле убави девојки после тоа ти следи среќа и чесност. 2. за вториот сон незнам поздрав
Што значи да сонуваш црн леб? Имало некоја личност покрај масата и ми рекла гледај а на масата имало леб..
Не знам зошто, ама убедена сум дека моите соништа значат нешто... Многу често сонувам и тоа такви соништа што филм не им е рамен. Ми кажаа демек да си водам дневник на соништата, секој сон да си го запишувам, па ќе сум видела со време која е поврзаноста на соновите...Ама ај пуста мрза
да крадеш во сон значи неуспеси со саканата личност, а куче зависи како го сонуваше( мирно, мало големо, бесно и сл)
без потреба не доверувај се на пријателите..не секогаш секој мора да знае се...некои работи треба да ги чуваш во себе..
се обидуваат да те измамат ненадејни гости, и припази малку на себе и своето здравје, скршена чаша значи дека си во опасност поздрав
Јас не се разбирам многу во сонови меѓутоа на двапати сонив ист сон како твојот -"со црн леб" што значеше болест на некој блиските И секогаш кога сонувам бел лист хартија означува нешто лошо Кучињата се душмани во сонот па макар и сопственото куче да е сонето Значи пак ќе се повторам не се разбирам во сонови ова се само значења на некои од нив што јас сум ги сонила,нивното значење го споделувам со вас Јас многу сонувам,некогаш некои се страшно вистинити,баш како што и ке ги сонам,во еден пост прочитав дека требало да ги запишува соновите за да го види значењето ако не се лажам но мислам дека така прочитав,тоа е во ред јас тоа да го сторев можеби се ќе беше поинаку во позитивна смисла Мислам дека соновите се дел од нас кои понекогаш не предупредуваат за несакани ситуации,макар што некогаш велиме нема значење тој сон,но сепак мислам во подалечна иднина ќе се оствари и тоа ми се случи сепак....тоа е тоа ама се размуабетив сега уште едно кафенце ни фали ха ха ПОЗДРАВ
Ако некој ми протумачи ќе биде супер... Сме оделе по мојата улица јас мојата брачеда и уште едно девојче на кое не му го видев лицето нити пак прозборе, само одеше до нас... Јас и мојата брачеда разговаравме за тоа како си поминала кога ги фрлале капите од матурата, и таа ми рече дека не била да ја фрла капата зошто морала да учи и јас и се развикав „ како можеше 2 пати да ја пропуштиш прославата“- само шо ми значеше ова 2 пати појма немам бидејќи капите матурантите ги фрлаат само еднаш, а во сонов таа 2 пати не била бидејќи морала да учи... Помош?
да се караш со познато лице(братучетка ти) значи дека некој ќе ти нанесе тешка болка, ќе имаш некоја поголема грижа...поздрав