I need a help ! Значи луѓе оваа моја ситуација почнува да станува сериозна и неподнослива скоро секоја вечер веднаш по првиот сон ме фаќа толку голем кошмар што се борам со сонот,знам дека е сон,а не можам да се разбудам.. Значи иако е сон тоа изгледа толку реално и вистиното како да се случува на јаве ги чуствувам допирите Синоќа сонував како некој легнал до мене и ме малтретирал значи го почуствував неговиот допир мирис здив како да беше вистински едвај се разбудив и се убив од плачење,слушав некои гласни свирења сирени музика толку гласна што мислам дека ке оглувам Имал ли некој досега нешто слично ?
Синоќа сонував како сум правела тест за бременост. Имаше убави 2 црти. Отидов му кажав на сопругот (во сонот) и тој изреагира како "Yey", но некако вештачки, како да не беше навистина среќен. Има ли сонов некое друго значење освен дека токму тоа ме мачи во реалноста? Некако не ми е уверлив дека сака да имаме бебе, па тоа ме мачи, и ете и во сонот ми влегло.
Сонував како доцнам за на училиште,ама не обрнував внимание на тоа бев само по долна облека и наместо да се спремам јас облеков црни мрежести чорапи кој биле на мајка ми.
сонував сме имале фиксен бежичен телефон (а пред некој ден зборував со другарками за да купам да мојме поубо да си прајме муабет на домашен пошо имаме бесплатни) хахаха ?
Девојки јас ја сонував бабами која е почината, како ми вели да одам и да си го земам тоа што е мое бидејќи тие ќе почнат да го користат а она го купила за мене, несакала да го користат они затоа одма да одам и да си го побарам. Инаку навистина бабами имаше донесено од Германија 2постелнини за спална преубави беа, 1 за братучетками и 1 за мене и велеше дека ќе ни ги даде со поклонот кога ќе се мажиме а ако не успее да ни ги даде ние да си ги земеме откако ке почине. Братучетками кога се мажеше она сеуште беше жива и и го даде али потоа умре и на мене не успеа да дочека. Во куќата каде што живееше баба живее и мој братучед, и откако почина баба они несакаа да ми ја дадат постелнината, всушност јас не ја ни побарав туку они сами ми рекоа оди земи си ја, а јас како ке пребарувам во нивната куќа од каде да знам каде е ставена, и само тогаш ми рекоа на ден после смртта, а јас бидејќи бев приврзана премногу со бабами и ни најмалку не ми беше до постелнини, а од тогаш поминаа 4години. И сега ме мачи тоа што овој сон не го сонувам прв пат и веќе ме нервира вака ме измачува, и кажав на мајками и она незнае што значи, па ако знае некоја од вас нека ми каже
луге јас сонував прстен т.е мојот шо ми го подари мајка ми ама некој др ме запросува со тој прстен нз шо е работата?? па ако знае нека ми каже шо значи това??
Често го сонувам дедо ми кој е починат година време. Сношти го сонував како си работи на нива и пуштил мустаки па јас не сум го познала. И секогаш во сонот не ми зборува, само е присутен и си работи нешто. Кога сум отишла дома сум ја прашала мајка ми каде е дедо ми зашто сум заборавила да му честитам и роденден и именден, а таа незнајала да ми каже. Тогаш сум се чувствала многу тажно.
сонував дека дојам нечие бебе,се чудам само кое бебе беше,мое не беше сигурна сум ама знам само дека го доев,Сноу?
Сонував како работам во самопослуга. Сум работела сама во смена. А газдарицата во друга смена. Сум се учела како да им давам фискални сметки на купувачите. Самопослугата била карши моето школо. И децата доаѓале на голем одмор, да купуваат од кај мене. Кога сум била прва смена на работа, сум била прва смена и во школо. Па така ми биле оправдани изостаноците. А кога сум била втора смена во школо, сум била втора смена и на работа. Сум почнувала од 7 саат, веднаш после завршување на школото. И платата секојдневно ми била околу 1.000 и нешто денари. А еден ден имав закаснето, па само 200 денари ми даде.
Јас сонував како Гангнам стајл добил билион гледачи. Дали е тоа од мојата преголема опседнатост со песната?
Лелееее од кога не сум толкувала има да се изначекате до последниот пишан Сонови 13.10.2012. viva.la.vida-свадба за брзо време femina11-лична недовереба EMILI1999-кавги sexykitty18-неостварување на целта поради лаги nadege-добра заработувачка sajonaramucaca-ќе бидеш вмешана во расправија
....толкува некој овде или??? ....вака...не ми е баш свеж сонот уште кога се разбудив го подзаборавив али одприлика....сонував како мајка ми седеше на вц шолја у тоалет а сите бевме собрани околу неа...и оодоколу капе како гомца и јас ги собирав со тоалетна....па сонував еден мој другар од детството.... бил син на мајка ми....он беше бесно дете..... мајка ми збореше лошо за него колку имала мака и другите исто а јас го бранев....викав не тој е добро дете има причини зашто така се понаша....а и деколтето си го сонував...после као некој удварач на мајка ми од младоста сонував..нешт као благородник некој беше.. јас излегов од дома...беше вечер и дојдов до средина на улицата коа се свртев назад пред мојата куќа имаше еден автомобил а внатре некој мој удварач, некој шо не сум го сакала, као сакал да ме грабне со колата а не знаел дека веќе сум излегла.....понапред го сретнав удварачот на мајка ми и тој ми рече дека ќе дојде со мене да ме чува.....ја му викав дека нема потреба.....а бев нешто уплакана засекирана, онака размазено и нежно плачев ама не беше ради тој шо сакаше да ме грабне, тоа ми беше последна грижа, плачев за други работи ама не знам кои.....а човекот ми рече....ама како??? нормално дека ќе те чувам дури не излезе некој друг твој познаник на патот....неможам така да те оставам....ја знам мајка ти што ќе и кажам неа......и добро....а инаку имав као цвет во косата и си ги видов очите ми беа плави ... ..и на крај сонував дека бев во некој ресторан со татко ми полн со политичка елита и таму беа обама и ромни, имаше избори и требаше да гласаме.....и тука беше и брат му на татко ми и пишуваше на ливче.....и нешто се провоцираа со татко ми....ти не гласаше за обама лажеш...е не ти не гласаше ти лажеш ама ова последново мислам дека е психа.....
ете го постот над тебе, почнав со толкување Сонови 14.10.2012. Macushkaa-добивка vitomir-навистина не би знаела да ти кажам pamelche-незгода russia7-тешкотии kikkki-ќе премолчиш нешто Macushkaa-среќа hrcace-ќе бидеш преокупирана booba-кавга
сонував како сум била у вц и имало таму една како крема и сум почнала да се мачкам на лицето мислев дека била за акни.....и несакајки сум допрела и на горниот дел од косата па сум почнала да ја мачкам но не цела само кај челото....подоцна ми мирисала на фарба и сум се измила и исушила..и што да видам ми се офарбала розево-црвена и (дека во реалност еднаш имав страв кога ја миев косата со вриена коса од лист од орас мислев дека сум си ја офарбала)мн сум се плашела дека несакајки сум ја офарбала дека тоа е боја нели...кога дошла мајка ми ме видела и без да ми каже ништо само ме прегрнала и ме смирила..мн си ја сакам мама!!!!!!!!!
мајками сонувала.. дошол еден нејзин пријател и и кажал да и пренесе на свекрваи дека братје починал, и таа и пренесла а свекрваи и рекла да се искапам па ќе одам да го видам..