Сонував дека сама сум дома и ми дошле крадци пробав да им ја турнам вратата ама не успеав ии им реков да заминат и почнав да трчам низ соби xD и ми велеа дека нема кај да бегам.. Некој???
Или имаш гледано филм со крадци скоро или се плашиш од крадци или па можда за крадци имаж слушнато на вести... Го сонуваме само тоа што го знаеме
Го сонував дечко ми како направил сообраќајка, т.е. се превртел со колата, колата беше брз него и јас го вадев, се дерев како луда на луѓето околу мене да ми помогнат да го однесам дома што значи ова?
Сонував доста чуден сон. На една грофица и кажував дека некој што живее во палатата не може всушност не смее да се венча со некој што исто така живее во палатата. А кралот само го потврди тоа.
Ај Сноу,или било кој се разбира,ме замисли сонов...сонував како ми била врзана црна машна на ногата и сум барала некој да ми објасни зошто ми е врзана...
Денес сонвав дека се возам во автобус ама како да се тресеше и кога излегов од него сум видела дека имало земјотрес...А после сонвав некое кожно палто,ама незнам што се случуваше друго со тоа.
Палтото го имаш видено во некоја продавница,а за земјотресот или имаш слушнато скоро за некој земјотрес или па многу се плашиш од нив.
...како за први јануари кошмари ....барем јас така ги доживеав, ненормални сонови ми го расипаа 1ви јануари,,,,, убав почеток затоа сакам да ми толкува некој по можност побрзо.... Спојлер ...прво сонував како професорката од факс ми бара оправданија за отсуства, јас немав од каде да најдам а и реков дека ќе донесам....се осеќав ко у средно..... па со татко ми имав недоразбирања, неможевме да најдеме заеднички јазик за ништо, како у друг свет да беше човекот а мајка ми никако не можеше да помогне за тоа.....така одев да се искарам со него и мислев дека се качил у автобус, пред да се качам во автобусот сватив дека тој не е таму ама ме фати некаков страв од соочување со него па постапив непромислено и се качив во автобусот а тој идел некаде надвор од мојата населба.....внатре имаше едно девојче на мои години, студентка, ама била албанка и крадела.....се намерачи на моите ствари ама ја ја приметив и си ги држев покрај себе цврсто.....имаше и една жена мајка и била и ја опоменуваше изгледа ја знаеше дека има проблем со крадење......толку од тој сон.... после сонував како снимаат филм за животот на мерлин монро.....филмот беше црнобел ама глумицата уопште не личеше на мерлин а не беше ни прикажана каква шо ја знаеме сите дека била......и имаше една лоша сцена во филмот со групно мастурбирање а го учеа и едно малечко бебе на тоа бебето било на мерлин...... ужас, нездрава работа ...после сонував некоја воена тврдина од минатото покрај вода......беше времето на наполеон некаде во западна европа.......и луѓето се спремаа да се борат против наполеон.......од водата доаѓаше и излезе од бродовите чарли чаплин.....ама не личеше на себе, беше целиот парталав, дали дека од водата доаѓаше/....а бастунот му остана во водата.......сеедно беше целиот насмеан и беше дојден мислам за да ги бодри против наполеон.....па почна да ја исмејува глумицата што ја играше мерлин во прошлиот филм шо го спомна.....рече као се занесуе дека е вивиен ли а фаќа тонови на _________ една македонска спикерка спомна ......... тогаш дојде јован крстител со уште неколку *луѓе* облечени во бело, мислам дека носеа голем крст и други некои работи и планирал со измама да ги крсти луѓето, поточно да ги крсти без тие да знаат зошто као луѓето тогаш го мразеле христијанството и така го крсти чарли чаплин дури тој се свести веќе го крштеваше и целиот тој чин некако просветлено изгледаше мислам и гулаб дека имаше незнам......ја си реков сега ќе ги убијат зошто го шират христијанството без луѓево да се согласат.....ама јован крстител рече нешто како христијанството е против наполеон и го презира зошто тој е хомосесуалец ја ваква останав последен сон.....една македонска позната новинарка (сите ја знаат ептен добро) беше дојдена кај мене дома.....сме биле блиски роднини.....ја бев таму со татко ми.....таа ми го отвараше плакарот и сакаше да земе некои работи за неа......шалови...такви некои плетени работи за да ја топлат......ја и реков дека не можам да и ги дадам зошто си ги носам......ја мислев ќе се лути ама уопште не беше лута и го отвори другиот плакар па зеде едни розево-бели долги чорапи што се потскинати и ме праша дали ќе и ги дадам као ќе ги сошиела и таман ќе и биле.....тогаш јас задов едни други црвени скинати долги чорапи и и ги дадов и едните и другите.....и почнав да барам да не има други стари работи за да и ги дадам, а си помислив да и дадам и едни нараквици што ги имам а ми се големи.....
Ноуп,го немам видено нигде,пошто не гледам машки кожни палта по излози,а за земјотресот,не ми страв.Ова нешто друго ќе е.Поинаков вид земјотрес. Ај да видам денес дали нешто ќе сонувам
Сонував крал, не знам зошто изгледа многу филмови дека гледам, и државата била во опасност некаква заборавив каква, натприродна, и кралот ми рече мене и на уште неколку да одиме во друга држава за да не заштити. И јас им кажав дома и татко ми ми рече добро, можеш да одиш, не дека сакавме ама ако кралот така рекол мора да го послушаме. И отидовме во Египет кај пирамидите, а јас па сакав да бидам во близина на кралот, сакав да му привлечам внимение за така да напредувам и таму во Египет ги гледав пирамидите, многу беа убави, и таму гледав кралеви од 16 век како јаваат коњи
Тебе ама баш се ти измешал мозокот. Не значи ама баш ништо. Ти се има многу насобрано. Треба да се релаксираш малку.
Gledashe za soobrakajkite pred nova godina ili se imash uplasheno od soobrakajka vo minatoto. Ako vozish, si pomislila kako da se zashtitish/ izbegnish soobrakajka, barem na sekunda, ama mozi ne pamtish oti toa vo mozokot se vika kratkotrajna memorija(neshto sto ne ti e tolku vazno)
сонував како одам кај другар(со кој сум скарана) и тој ме изгушка ме избаци ме праса дали му простувам .. обично обратно викаат дека испага од сонот или ?
сонував Kако вереничкиот прстен кој E со голем циркон ми паднал по скалите во куката од мајка ми I цирконот паднал но јас сум го нашла и повторно го ставив но се мрдаше па решив да го носам во златара на попеавка.што ли може да значи овој сон дали некој знае
Веренички прстен на сон симболизира целост, емоционалност, континуитет, обврски и чест. Ако го изгубите, а потоа го пронајдете венчалниот прстен тоа значи дека ќе избегнете некаква опасност или болест. Мислам дека тоа значи, доколку има друго толкување некој нека пише и мене ме интересира дали значи ова или нешто друго.
Ако сонувате кола тоа значи кавга, со тој што бил во колата. Или пак не мора да значи. Ако сообраќајката била лесна ќе си вратите нешто што сте го изгубиле. Ако сообраќајката била тешка ви претстојат огромни промени во вашиот живот. Мислам дека тоа значи не знам, не сум баш сигурна и пак ќе пишам како што и пишав на една феминка дека ако некој знае друго да го толкува сонот нека пише ме интересираат вакви работа.