сонував дека правев свадба со сегашниот, ама на свадбата не бев среќна, напротив несреќна и тажна, правев сосила и ништо не беше организирано ко што сакам, немав фризура (не сум стигнала на време да се средам) фалеа маси и столови за гостите, лоша музика... Во глобала во сонот се осеќав многу лошо дури во себеси се молев свадбата да ја прекинам некако и да не се мажам, не сакав... сред свадба го замолив мажот да си заминиме од веселбата... ??
Ја сонував тетка ми точно една година по нејзината смрт. Значи и пред тоа ја сонував како ме следи и ме гледа, зборува со другите, за мене и коа сум била мала, ама со мене не. Е сега ја сонував (баш вечерта пред да и обележат година од смртта) дека била ставена, значи не седната, туку ставена, кукла врз кутијата до шпоретот нивни во која ставаат цепени дрва. Била како кукла и не мрдала воопшто, туку само со очите ме следела. Друг сон, од пред два дена. Не се сеќавам апсолутно на целиот сон, само знам дека бевме група на луѓе и сме начекале тетовирање. Или било без пари, или демек професионалец, не памтам и јас, ма да, одамна сакам да се тетовирам, ама не го планирав сега. Како и да е, сум седнала на столот и коа станав само во огледало гледам на грбот во полукруг тетоважа која се протега од едното рамо до другото.Од едната страна цветчиња нанадолу во косина, па носев корсет и не се гледаше другото, а на другото рамо шепички и кученце. И кога си дојдов дома, го соблеков тоа што го носев нагоре и коа видов, леле, Дарт Вејдер и Ајрон Мен ми ги истетовирале на средина, измеѓу цветчињата и шепичките. И ај прво си викам не е страшно, ама коа ми текна дека тетоважата е за цел живот и дека јас цел живот ќе треба да ги носам тие двајца. Почна да ме фаќа паника и се разбудив.
Ќе имаш повеќе сила и храброст некоја ситуација ќе тргне на лошо 1. Имам спомнато и порано, кога ги сонуваме мртвите тие мислат на нас. 2. Нема значење, многу работи од секојдневниот живот се измешале.
Сонував многу морничав сон, ве молам помош за толкување. Една жена се пораѓаше (јас не го гледав тоа).. роди бебе.. не сум сигурна дали беше живо.. но мислам дека да.. јас не го видов бебето затоа што беше завиткано со некоја лигава чипка во месо боја.. Бебето беше така родено. Сепак се познаваше дека внатре во `чипката` беше токму тоа бебе, полупрозирна беше. Веројатно беше вонземјанче. Потоа падна во вц шолја. Но, сеуште беше живо. Јас го пипнав и почувствував дека е живо, имаше малецко раченце, главче, десет прсти на рацете.
Јас одев нашколо ама сум имала празен или така нешто. Влегов во вецето таму а вецето беше полно со луѓе и таму видов еден што учеше со мене во основно ич не го сакав Излегов за да не ме види. Ме пратиле демек некаде да завршам некоја работа дури ми е празниот. По пат го видов премиерот возеше велосипед и ме поздрави, јас му реков добар ден премиеру како сте, тој ми рече добро добро, а вие, и пак ме поздрави и си продолжи со точакот После тука видов новинари и го сликаа или снимаа тоа, јас отидов кај таа новинарката и ја прашав да не ме сликале и мене случајно демек не сум сакала да се сликам А таа ми рече само не, немај гајле не те сликавме После зборував со тетка ми, им било слава свети Никола и мене ми беше криво што сум нашколо што неможам да одам. И така убав муабет си праевме и тетка ми ми рече демек многу била уморна сега од тие јадења што ги правела. Јас и реков ако де, затоа вечер ќе ви идаат на слава. И таа тогаш ми се налути и ми спушти. Демек не сум смеела да речам така зошто на слава се одело само дење а така ноќе било за умрени, демек сум ги повикувала умрените или несреќата со тоа што сум рекла И после какви глупости, сонував дека бев Неда од Гревот на нејзината мајка, и го сонував тој кумот нејзин дека одев во некоја куќа со него и му верував, ама тој беше многу остарен едно 30-40 години беше постар и имаше бела коса. И демек Неда те. јас влегла во куќата со него и тој ја силувал и таа те. мене ми беше многу тешко, па излеговме од куќата и не пресретнаа разбојници, него го убија а мене ме нападнаа, јас си реков уште ова ми требаше, мислев дека најлошото помина а сега и овие се појавија и толку, после само сонував како ми го нашле телото во некоја вода
те чека некој нов почеток, ама нема баш на арно да оди треба да се соочиш со некој проблем. избегај малку од монотонијата на секој ден
Сонував како си го гледам лицето во огледало и видов едно влакно и сакав да го тргнам но, се разбудив..Што може да значи ова?
Сношти по незнам кој пат повторно го сонував бившиот. Бевме јас, тој, еден негов другар и моја другарка во нашето маало на една удолница седевме така и си разговаравме. Бившиот цело време ми се пушташе и се обидуваше да ме бакне ама јас не му дозволив цело време си ја вртев главата. На крајот станав да си одам и му прозборев на другар му а тој се обиде да се вклучи во разговорот но бидејќи јас не му обрнував внимание се налути и така само седеше намуртен. Што значи тоа? Фала ви многу
сум си фатила за дечко едно дете што е 2-3 год помало од мене и сум се шетала насекаде со него,сум била со многу убав фустан и со многу самодоверба сум минувала со него и зјапале сите,сме биле во центарот на вниманието
1- Го сонував другарот на дечко ми како дошол на гости кај нас дома со мајка му и брат му и седевме онака.. и едно време ме крена враце и ми рече не те пуштами се смееше..после, брат му беше мал и му пуштив игри на комп.. да игра и после си заминаа..а јас си се смешкав 2- Сонував како одам на мн високи штикли без никаков проблем.. и си реков, е од сега вакви ќе носам
тој сеуште те сака не те интересира мислењето од другите за твоите постапки многу работи и емоции те влечат надолу. Ова е чест сон пред депресија. 1. нема значење 2. ќе имаш или навистина имаш голема самодоверба 3. исфрли ги непотребните грижи
Еве го мојот сон па ако некој знае штоо значи ве молам да ми каже Сонува како одам по улица и сум видела две ептен мали слончиња и сум го земала едното го гушна и решив да си го чувам отифов во продавница и му купив бекутан млеко за пиење хахах и така силно си го стиснав во мене си го гушнкав
Сонував како отварам едно кутиче и од него испаѓаат дрвени боици.Бев среќна и викнав лееле мамоо гледај што убави дрвени боици.
Сонував како поминувам пешки низ некое маало држејки во раката бела перница и јорган, и некоја мала кутија, и додека одев по патот еден пејач пееше со микрофон, музиката беше во живо, бев пријатно изненадена кога го видов? Што би можело да значи?
1.мајка ми сонувала како сме отишле во германија на гости кај некои роднини јас,мајка ми и некои соседки и кога се качувале во зградата која била со многу скали мене ме снемало и слушнале дека ме киднапирале,демек убавите девојки ги земале и ги продавале за многу пари,ми кажа дека многу се исплашила кутрата 2.пред малку задрема мајка ми и ми кажа дека сонувала како стоиме на некој пат и идела накај мене да ми подаде стомни со вода ама се сопнала и се разбуди,ја видов како се штрепна,се валам од смеење
среќа велат колку повеќе си среќна на сон, толку повеќе тажна во реалноста ќе бидеш Итра си, но внимавај не ти мисли секој добро Ќе бидеш пријатно изненадена во реалноста 1. убава си, некој ќе го примети тоа 2. нормално е да се сонува кога така ќе се дреми, нема значење