Ама јас имав температура тогаш и пред спиење пиев апчиња и си се молев да ми помогнат.Дали тоа го менува значењето на сонот ... сдк зашто многу сум мислела или пак можеби сум бладала од температурата ?
1. Дечко ми сонувал како сме вечерале дома со моите, и едниот од родителиве мои го засакал дечко ми, а другиот не (само незнам кој, не се сеќава). 2. Сонував како на семафори, еден стар возеше бебе мало со голема кацига и му падна бебето од мотор директрно на глава, имаше луѓе насекаде, но само јас истрчав да го кренам и дојде полицаец и ми го зеде од раце. што би значеле соновиве? :/
Дечко ми сонувал дека го видел таткоми кај што лежи на кревет. а мојот татко е починат. му рекол да појди нешто да го праша.. ама се разбудил и не го прашал... Што може ова да значи ?
малку се уплашив замислувајќи ја ситуацијата, но сонот кажува дека негативните луѓе ќе влијаат на дечко ти или па што е тешко веројатно татко ти мисли на вас... 1. така ќе биде и во реалноста 2. твојата добра душа ќе ти донесе среќа тоа менува многу - кога имаме температура имаме почудни сонови,а апчињата исто влијаат. Од тагата ништо може да нема.
Сестра ми е трудна и носи машко, а јас сонував дека ќе се вика Јаков. Што значи тоа? Друг сон пред претходниот што го сонував : Сонував дека сестра ми родила женско,а се знае веќе дека ќе роди машко некаде март-април.. Го крстила девојчето исто како нејзе зашто ја видела света Ана пред очи.. што значи ова?
Ајде да видиме кој ќе биде јунакот што ќе го протолкува ова: Сонував дека сум Миа Колучи, ама не баш Миа, туку јас ама на изглед како Миа. И сум се запознала со Пабло од истата серија и Теди од 90210 и тие се заљубиле во мене, ама јас бидејќи веќе имав дечко морав да одбијам. На големо изненадување дечко ми не беше Мануел. И сега одам јас со дечко ми и со другарките кај дечко ми во куќа, имал огромна куќа со двор, и јас убив еден човек кој подоцна сфатив дека е Мајкл Џексон, инаку мој колега. Се договоривме сите да ќутиме да го криеме убиството. Ама, бидејќи требаше да одиме на факултет, се договоривме сите да носиме розови панделки, за да не се сомневаат во нас најверојатно, којзнае што ни беше поентата. И на факултет, влегувам на студенстки прашања, таму полиција, ги пребраруваат нашите имиња, а еден професор кој патем беше Обама, ме повика на разговор, бидејќи бев осомничена. Јас во меѓувреме пребарував на Гугл за Џексонова болест која ја нарекле по смртта на Мајк Џексон, за да можам со тоа да се оправдам. Ама, додека бев на разговор, пресврт во настаните, јас почнав да го обвинувам Обама дека го убил Мајкл Џексон заради не знам таму што, му дал погрешни апчиња. Тука веќе мајка ми ме разбуди, фала богу инаку којзнае уште кој ќе се појавеше во сонов. Инаку во последно време многу гледам Криминал Мајндс.
Еден другар што учи со мене во клас, ме сонувал дека сум била станата на табла, ми се познавале зелени гашти, сум се наведнала и ми се познавал задникот. хахах што би значело тоа
креативност и оговарање промена и среќа за овие првите појма немам кои се. ама сонов нема значење освен тоа што се плашиш од обвинувања. нека го крсти како што и е кажано
Спојлер Пак неубав сон и пак крв и пак умрени Бев нашколо и таму ми дадоа најлон со храна за душа од некого.И јас одам дома и и ја дадов на умрената да јади и и реков овие даваат а не знаат дека си жива. Ми дојде и подарок од една личност што мислам дека нема да ми даде никогаш Беше нов телефон ама од оние модели што беше кул да ги имаш пред 5 години кога бев мала И си реков убав е ама камо да имав ваков тогаш, телефон со број беше а имаше и тука храна за задушница, сендвичи беа и чоколадни бонбони и и ги дадов на умрената и нив да јаде. После сонував како сум барала работа ама не дека ми требала работата туку заради некој документ. И многу осамено се чуствував а татко ми беше со мене и неможевме да најдеме работа. А некој ми оставил леб со ајвар и краставици во паркот и ми рече да одам да си ги земам и отидов и почнав да јадам. Тогаш со татко ми влеговме во канцеларија или министерство некое и ме прашуваа секретарките, ме жалеа што неможат да ми најдат работа а јас си викав што им е на овие бе многу сакам јас да работам па да ме жалат. И тогаш остана само една секретарка и и јавија од полиција дека маж и бил сериски убиец и дека умрел ама и дека имал убиено некоја девојка со врела вода ја имал изгорено нема повеќе да гледам вакви филмови и тогаш прсна од некаде темно црвена крв тука (имаше боја на сок од боровница) и се истури низ канцеларија, имаше и парчиња во неа како остаток беше од некое тело и жената пиштеше што ја нашло и тие таму шефовите ја смируваа и и рекоа дека некој ќе исчисти и ќе се реши се да не се секира таа и на крај пак сонував еден човек што е умрен како зборува со мајка му негова, а и таа е умрена, за жената со која сака да се жени. И спомна машко име и кога ја опиша рече дека имала брада Аман бе од овие сонови грозни
Само што си ја земав новата лична карта и вечерта сонувам како дознавам дека сум бремена и дека со дечко ми се договараме да се земееме. Им кажавме на моите и неговите изгледа знаеја не се сеќавам точно и јас си викам еее барем порано да знаев дека сум бремена, дека ќе треба да се мажам барем да не вадев нова лична карта, а не сега пак наново па чекање ред, бутканици и пак трошкови. Ххаха кај ми била мислава леле за 200 ден лична карта, ами цела свадба што ќе сум давала пари тоа ако не е трошкови.
Како сум бремена и кажувам на една другарка и ми вели не трчи бремена си а јас се кријам од другите дека сум бремена А имам 16 години...Што ли требаше да значи овој сон
1.Сонував како одам во купатило да се истуширам.Не пуштав туш туку со некоја вода од легенче се посипував? Беше отворен прозорецот и одеднаш мн силни грмотевици,се исплашив и се припив кон вратата ја ставав раката на очите. 2.Незнам каде бев со братучетка ми.Дојдоа едни двајца дечковци.Братучетка ми рече дека ги познава.Едниот разговараше со неа,а другот ме гушна и ме однесе понатаму.Дечково ми велеше дека мн ме сака дека сака да биде во врска со мене.Јас упорно му велев дека имам дечко и дека затоа несакам.Вака од една стара ми беше убав,но го подзаглеав поубаво и некако не ми се допаѓаше.ХАХА му реков мене ми се допаѓаат футбалери,а тој рече па нели гледаш дека и јас сум футбалер.(имаше тело како футбалер)
навистина грозно - ама нешто убаво ќе ти се случи 1.многу чудно, туширањето симболизира простување ама грмотевиците агресија и кавга. Можеби ќе се скараш со некого но ќе му простиш. 2. некој ти се пушта баш во оваа возраст се сонуваат такви работи - нема врска со бременост туку со некоја промена која нема да сакаш да ја дознаат луѓето спомнав погоре за бременост и ќе имаш некое незадоволство
многу ретко се сеќавам на соновите. Но на овој сон се сеќавам. Сонував како живеам во некој непозната куќа под кирија со цимерки. Газдите на куќата се некако чудни и морничави. и пред прозорецот на куќата наоѓам три или пет кромитки (неможам да се сетам убаво на тоа) од кои едната е црна и изгниена кромитка, и потоа од некаде ми доаѓа некој непознат глас и ми вели дека со тие кромитки ми е направена магија да умрам. и веднаш после сонот се разбудив и неможев да заспијам. Се надевам дека некој ке може да ми помогне да го разберам сонот.
Дечки Јас сонував ден пред мојот роденден кога си легнав одма заспав и сонував како тој што го сакам ме гушка ми вика среќен роденден и јас него го гушкав и некако многукратко траеше после 4 недели се мислев за сонот (така е зборот) незнам имав некое чудно чувство некој разбира што се случува? или некаков знак е?
1.Сонував како сум била надвор со другарка, и позади едни гаражи сме виделе човек ,а ние мислам пијани бевме и сме го убиле,другиот ден сме иделе накај школо со другарката и сме разговарале за тоа и ми рекла таму има камери и ја сум рекла ако бе ,и коа идеме идеме и одеднаш глеаме по ѕидови по дрва залепени постери од нас и пишувало доколку ги видите пријавете ги и се разбудив. 2.Сум била на некоја свадба ама требало да се иде со авион и сум седела таму со братуцхедките и многу ни било досадно нашите ни рекле ако сакаме да си одиме и ние сами сме се качиле во авион и сме стигнале и сеа јас искачам од авионот ама нив ги нема и си продолжувам и седам надвор со 3 другарки и сме седнале у некое паркче на клупа и сме дувале,а едната извадила дури и шприц
Сонував како сум била на гости кај едно бебе.И сега на одење се гледам во огледало и гледам крв на градите (делот од вратот до градите).Капки крв како да сум се боцкала со нешто и тогаш се разбудив.Краток ама језив сон.
Не се секавам најдобро на мојот сон но еве што памтам некако ми е мешавина од диското кое сега е затворено и мојата куќа знам дека со типот кој го свигам сега (двапати се мувавме и се имаме ушто но му се меша едно девојче кое многу се филми и да првпат се муавме во тое диско ) било темно и нешто сме си прозборувале и знам дека нешто јас со зборови сум го наведувала на дека мене и тој ме бакнал така у уцта на цмок ама бавно ептен онака сочно и тој ми рекол дека ке ми се јави за да се видиме и јас сум чекала и почнала да се спремувам и ете ме во собата на родителите гледам два пропуштени повици од него и сум немала кредит да му јавам и сум рекла еве ме чекал овој и си отишол и сум го зела телефонот на мајка ми и таман да му сум се јавила заврши сонот и станав беше минута до 6 утрото што значи ?