1. Сонував како сум ја минувала улицата (целосно иста како што е во реалноста) и некој ме повика со име неколку пати, се свртев и ја видов другарка ми целата скоцкана со патна торба адидас ама не ме повикала таа, и ја прашувам каде ќе одиш таа ми вели за охрид на екскурзија, тука мајка и вели само пази да не ми дојдеш со бебе и јас велам ама ефтин е абортусот а стварно е распуштена... Инаку не знам дали има некое значење ама времето било преубаво сончево со малку ветер(расположението ми влијае од времето) 2.Како сме биле на излет некаде и однеднаш јас сум сфатила нешто многу важно и сум избегала со дечко ми со колата, која патем беше крш и жолта боја и тој возел многу брзо.. низ земјен пат во шума и потоа не знам што се случи. 3.И ова беше во шума некаде.. не ми е баш јасен сонот ама цело време имаше пукања.. и на крај еден ги убил сите зошто морав ова да го сонувам? До некаде сите беа хумористични Одприлика,што значат?
Сонував како пливам на сред езеро или незнам што беше а до мене имаше едно чамче .Во чамчето имаше една жена -на сонот се знаевме и ми давеше да јадам пица.Имаше уште една или две жени со мене во водата.Јас бев сите И таа што даваше пица и тие што јадеа .Ама само едната не проба , рече: види колку глисти се собираат околу пицата. А другиот сон како сум имала настап и скокнав од кров на куќа/зграда.(останав жива). И уште еден како еден човек неколку прободува едно дете во стомакот.(и детето остана живо)
Сонував како сум одела накај некоја другарка во друга населба, и било касно накај 12 саат навечер.Како што сум одела одендаш пред мене искочила кола и во неа двајца постари машки, и ме гледале мн чудно, мн се исплашив и почнав да трчам.Кога сум стигнала кај мене пред зграда било ден .Кај мене позади зграда имало некој кафич и имала некоја журка.Баш да тргнам накај кафичот тие со колата искочиле пред мене али јас сум почнала да трчам и сум стигнала до кафичот.Таму биле другарките брат ми и други познаници.Сум истрчала накај другарките и сум им раскажала се.Потоа земав телефон и свртев во полиција, и им објаснив се тоа и каде се наогам и ми кажале као остани таму ние сеа ќе тргнеме.Сум отишла накај брат ми и сум му кажала и на него и се понашал ко нишо да не се десило и ми кажа само браво као за тоа што сум викнала полиција.И после тоа сум се свртила позади и сум ги видела тие двајцата што ме бркаа нешо разговараа и се разбудив. пс. во подледно време мнг често сонувам
Сонував како сме седеле со друштво некаде, и дошла една позната личност кај нас (многумина ми имаат кажано дека личам на неа). Сме се запознале со неа, и јас и таа сме тргнале некаде. Ја чувствував блиска, и бевме опуштени. Сме си зборувале најнормално, и така одејќи сме поминале до некое огледало. Сум и рекла: Незнам зошто не споредуваат, но еве воопшто не си личиме. Потоа сме продолжиле понатаму, фатени рака под рака и кожата и беше многу мека и нежна. И го кажав тоа. Одејќи заедно сретнавме луѓе, односно машки кои воодушевено гледаа во нас. Продолжувајќи натаму, сфативме дека треба да одиме во нашиот замок. Одевме по една патека-улица, многу широка, чиста и рамна, од страните на патеката имаше убава, зелена трева, времето беше одлично и сончево, и беше пролет мислам. Глетката пред нас беше преубава. Стигнавме пред замокот и од десната страна имаше мало езерце, околу езерцето зеленило и цветови, а во езерцето имаше многу бели лебеди кои се приближија до нас. Потоа продолживме понатаму и на земјата имаше многу мали врапчиња кои јадеа зрна пченка. Поминавме покрај нив и го здогледавме замокот. Беше преубав, исто како од бајките. Блескаше, а околу него имаше високи растенија-цветови прилепени за неговите розеви ѕидови. Бевме воодушевени и среќни.
1.Одам со другарите кај шеталиштето во мојата населба.Вечер беше.Некако беше чудно,зашто имаше повеќе зеленило од вообичаено.Одиме така и јас носев тренерки,а на нозе патиките на мојот другар.Одиме,одиме така и сретнуваме некои дечишта како играат футбал.Јас кога се затрчав да ја шутнам топката одеднаш на нозе имав штикили.Што ти не правев со топката,а на нозе штикли.И после да ја шутам топката,веднаш патики на нозе имав и топката некако влезе во патиката од напред. 2.Сум била во училиште сме се спремале за на физичко.Како што зборував со другите ,повраќав но вода излегуваше.Така цело време.Дојде една моја непријателка и само така стоеше,јас и реков дојди на страна пошто сакав да го решам проблемот кој одамна го имам(навистина го имам) и и реков што е проблемот,зошто си толку злобна и ми правиш такви работи,јас немам ништо против тебе и бла бла бла.Го решив проблемот,ме баци дури. 3.Дома тука кај мене во двор-јас,братучетка ми и двајца другари.Вечерно време така си стоиме,и овој едниов другар се доближи накај мене за да ме смува,јас ја потргнав главата.Го видов татко ми на улица,но оддеднаш го снема.Другар ми ме однесе таму позади едно дрво и почна да ме бакнува.Требаше да се скирај пошо баба ми излезе надвор се скрив.Одеднаш бев скирена под еден кревет,баба ми бараше но не ме најде.Го гледам дечко ми како што бев скриена,се насмеа го изгасна светлото и одеданаш се уклучија некои сијалички.
Сонував нешто што никогаш не би го направила... -Бев со дечко ми (со кој сум во врска околу година и пол) во дворот на моето поранешно училиште, се бакнувавме и се беше во ред. Подоцна дечко ми си замина и останав со друштво. Наеднаш незнам како се бакнувавме со другар потпрени на ѕидот од училиштето. Потоа исто така наеднаш се појави дечко ми и не виде и само рече: Значи со Цветно ме вараш, а? (не се вика Цветко ама да не откривам имиња) и јас останав И таква цела загрижена одам накај училницата и влегувам на час, заедно со дечко ми и негов другар (а никогаш они 2ца не учеле со мене). И седиме на час и јас си се каам, се каам и наеднаш се вртам позади и го бакнувам дечко ми и тој не одби, и тој ме бакна мене. Добро тоа, ѕвонеше и сите излегуваат и само другар му доаѓа кај мене и збори и се однесува со мене најнормално и најдругарски (а ние 2ца не сме во добри односи) И ајде другиот час јас пак да го бакнам тој ми вели: А како не сеа да те бакнам, а прееска друг, а ? И ајде пак ѕвони и јас излегувам и се враќам по неколку минути да го земам ранецот и да си одам и само гледам како од дезедорансот во мојот ранец се зозрал оган, ама ништо не гореше, туку само онака оган во ранецот и дим... Мислам дека имаше уште ама не се сеќавам... Што значи сонов?
Сонував дека неможев убаво да зборувам.Кога сакав да кажам нешто,неможев.Устава не ми се отвораше. А пак завчера,сонував дека сум пливала во езеро со мајка ми и сестра ми..и потоа ги видовме другарка ми,мајка и,и брат и.Ии таа барала пеликан мислам,и да го слика,за потоа сликата на дечко и да и ја покажела.И видовме 3-4 пеликани мислам и другарка ми ги гушна,но потоа ги пуште. Потоа дејството се префрли кај мене дома.Мајка ми,татко ми и сестра ми биле во бањата и мајка ми ја шминкала сестра ми.Не ми текнува дали плачела.И јас отидов и сум ги прашала каде ке одите,и тие ми рекоа во ресторанот ХХХХХ или во еден друг.И јас сум си рекла во умот..А мене не ме викате. И потоа дојде една комшивка.И јас,сестра ми и комшивката сме гледале еден филм..Глумците беа од Сеќавањата болат..и дојде мајка ми и ние сме го исклучиле филмот.И татко ми сум го прашала дали завршил филмот,и тој не ми рече.Уштре не завршил. Што би можело да значи ова ?
ОМГ денеска и јас не знам што сонував.. Најпрво ја сонував нашава Феминка Dala.. a што е најмистериозно и она ме сонувала мене.. Потоа сонував како ми се раскрвавило носето. АААААААААА.. не ми текнува веќе, а и други работи сонував
ќе имаш некое разочарување нема значење вториот,а првиот кажува дека се плашиш од нешто мало разочарување, но потоа среќа
1.нема значење 2.може навистина да го решиш проблемот или тоа толку го сакаш што и го сонуваш 3. нема значење радост
имаш некаков страви бараш помош среќа во несреќа 1. распуштеноста на другарка ти ја сонуваш 2. ти се брза за нешто, но нема да можеш да го постигниш 3. нервоза
Сонував како сум сакала да одам на одмор во Берово,во хотел,сама.И автобус сум имала во 5,сум се спрамала ама го пропуштив,после во 6,па во 7 и на крај отидов со тој во 8 саат насабајле.Кога стигнав таму градот бил многу убав и само што стигнав ми текна дека сум малолетна и дека немам лична карта за во хотел и затоа се вратив дома за татко ми да ми резирвира во некој хотел да каже дека ме пушта како некој родител и така заврши сонот. Какво значење има?
Мојата прва неостварена љубов, човек кој никогаш не стана дел од мојот живот, и денес не го гледам воопшто, како да беше пред умирање и ми рече дека јас сум била ТАА што ја сакал, а јас му возвратив со шепот: "те сакам". И ме бакна 2-3 пати. Што значи овој мој глупав сон???
Се разбудив цела потресена, мислам здив не можев да земам. Сонував полжави, прво во двор а после два ми влегоа и дома. Страшниот дел е што имам ужасна фобија од полжави и цело време вриштев, пиштев, терав луѓе да ги избркаат, а лигавциве мислам по мене само одеа. И што ќе му значи ова?