Не можам баш да го сфатам сонот. Сме се изгубиле некаде. И сме се собрале да бараме начин да се вратиме дома и сме успеале да најдеме, на пат за дома сме тргнале. Ама јас не можев да доодам, бев умалаксана и бев многу бавна па тие заминаа и ги изгубив. Па ми остана да одам на едно место кај некоја позната и таа демек ми помогна да дојдам во контакт со нив. Им се јавив на неколку не ми креваа. Само една одвај ми се јави и тоа таа не ми била другарка туку брачеда на некој од нив. јас мислев дека тие ме барале мене а тие веќе одамна си биле дома отидени и ич не се интересирале за мене. Се налутив и спуштив. После друг сон, сум имала дечко и сме биле скарани ама бевме возрасни тој знам беше возрасен. и некој пријател мој дизајнер ме дотера и ме однесе кај него, а тој уште ми беше лут и несакал да се смириме. Јас сум сакала ама ништо не велев. А и носев многу високи чевли
уморна си од секојдневието на животот и луѓето кои се користољубиви и се гржат само за себе. А, за вториот - ќе си ја зголемиш самодовербата. Не давај друг да те тера да правиш нешто што не сакаш
Сонував како сум ја гледала бундата на баба ми во плакарот и до нејзе имало бел опаш и очи од мачка закачени на закачалка и баба ми ми рекла „овие ми се подарок од една колешка“
Се спуштив со падобран право во Венеција. Се прошетав, разгледав. Си купив балетанки, венче, пролетен мантил.
Сонував навечер како сум била во дворот на дечко ми.(тоа не беше куќата на дечко ми,туку на баба ми)И така јас во ниедно време се шуњам во неговиот двор и излегува брат му.Го гледам само така како сенка,бидејки беше темница.Зборуваше на телефон.Отидов позади куќа,во комшии каде што е куќата на чичко ми(навистина е).Од тука директива дома отидов(друга куќа беше).Другарка ми ми кажува дека братот на дечко ми бил тука кај мене и рекол дека го има мојот број и дека сум му вртела(навистина имам вртено,ама ради дечко ми).И така одам јас на тераса дома и одеднаш го гледам човек исто така како сенка и мислев дека е брат му,но кога се доближи беше сосема друг човек што не го познавам и не сум го видела.Беше лош и ме држеше многу грубо за рака велејки нешто.И одеднаш рече ќе се фрлиш со мене заедно од тераса,јас велев не сакам,што ти е и кога скокна се разбудив.
нешто како да сме оделе на свадба сме биле сите женски од семејството а била таму и таа што ке е невеста ама беше обично облечена,а ми се ближи свадба на роднина,ама било денско време и сме минувале во центарот на некое село и сите не гледале а јас некако сум седела како во отворена кола да сме биле и така дотерана во зелен фустан се погледнувам штиклите големи ми биле отпозади
Сонував како сум се уклучила на фемина баш на оваа тема „сонови“ и сум си го редактирала мислењето каде што наводно сум пишувала за некој сон и не ми текнувал крајот.И сега сум го напишала и крајот (демек ми текнало) .
мозокот ти меша работи - нема значење поголема самодоверба, среќа убави, слатки чувства измешано е се...не дозволувај другите да ти кажат што да правиш не можеш да застанеш на едно место...бараш промена. Уште подобро ќе беше ако ја знаев бојата на облеката
Сонував сме имале уште едно бебе женско дома, сестра ми била, и била мн немирна плачела, а истото и сестрами го сонуваше дека сме имале плус уште една сестра....
Порано често сонував еден сон,може секоја втора вечер и секогаш се плашев во сонот,како јас сум во сонов ама не се гледам и просторот пред мене се движи на кај мене и јас седам во место сакам да побегнам,но не можам,а просторот само оди на кај мене.Не знам што значеше тој сон.Фала му на Бога веќе не го сонувам овој сон.
Па вака дента видов еден дечко онака убав ми остана во памет. Е сеа сонував како дошол дома кај мене и сум излегла јас на врата.И одеднаш се залапавме,ама во меѓувреме мислев на дечко ми и велев зашто вака правам.Ми беше толку убаво.Влеговме внатре,но прво му реков мајка ми е внатре,тој рече е ако де.Влеговме и одиме во соба,и вели здраво на мама.И истото после ме бакнуваше и ме бакнуваше.(кога би било така )
си го замислувала така како што си сонувала или сакаш да биде така страв, потиснати чувства и мисли заштита и среќа
Ич не верувам во сонови али што сум сонувала глупости уште се смеам Спојлер сум била со братучеда ми сме збирале алишта и сме си ги пикувале во машина за садови дошла мајка ми и рекла - ајде доста, комшиите само што се разбудија
Jas sekogas sonuvam i nikogas toa sto sum go sonuvala ne mi se desilo taka da...ama,kako vikaat...NIKAD NE RECI NIKAD...ne se znae so ne ceka!
Деновиве многу често сонувам како трчам по автобуси, и како трчам општо. Трчав по еден автобус кој е само еден и повторно никогаш нема да се појави. Трчав многу брзо, без престан, дури и се почувствував изморено. Го фатив автобусот кој требаше да ме однесе на некое тајно место, за кое многу малку луѓе знаат. На тие што беа со мене им помогнав да се качат, и за секунда автобусот тргна кон непознатото место.