Сонував како сме го испракале брат ми за Турција и така седнати водневна го глеаме на балкон а вратата од балконот затворена има уште ама не ми текнува убаво
Сонував дека сум била на час по физичко и еден од моите другари ме фатил за газ после јас сум го фатила и сум го кутнала на земја а во тој момент дошла една моја другарка и го настапила тој што ме фати за гз а исто така и раката му ја свиткала и тој се расплакал и испаднал надвор.
1.Сонував како сум седела во ходник пред компјутер.Сум седела на столче и сум пушела цигара.Пепелта од цигарата сум ја фрлала во раката и сум ја ставила раката на срце.Излегол татко ми од купатило и цигарата сум ја фрлила под столчето.Татко ми ништо не приметил.Сум ја отворила дланката и гледам првата буква од името на дечко ми. 2.Сонував како сум отишла на забар.И сум му рекла на заболекарот овој заб ме наболува некогаш.Го видел и реков оо па паднала пломбата.И ми рече дојди после или утре да ставиме нова.
I.Сонував како една комшика што живее најгоре (на 5ти спрат) ми вика кажи и на мајка ти во биографијата (СиВито) таму кај што пишува работно искуство да напише „и друго“ .Заради оние приватни работи што ги работела и си влезе во станот спроти нејзиниот, а таму некоја забава имаше. II.Се наоѓам пред влез со другарка.И сега незнам зашто од х причини си ги соблековме пантолоните и гаќите .И во тој момент идеа накај влезот двајца машки.Она одма се облече а јас се заглавив некако и се скрив позади зграда додека они да поминат.
Ќе замолам за толкување...значи станав од кревет за да напишам тука...некако од сонов ептен сум под импресии вака не ми се случило а не е случајно сонов...барем така јас мислам Нјапрво да објаснам имам двајца симпатии...едниот појќе го свиѓам и другиов помалку...Овој што помалку го свиѓам инаку има брат близнак и се исти...АМА во сонов двајцава симпатии беа браќа близнаци... Е... цум отишла јас кај баба на скара навечер во двор, ама внатрешноста на куќава беше од другата баба ( и тоа доста ме збуна) и некако јас сум ги поканала двајцата и така сме си седеле сме се заебавале а овој што повеќе го свиѓам бил до мене. и наеднаш тој што помалку го свиѓам видел на мојот врат лузна и тој ја имал истата на себе и ова некако ми дојде како некоја судбинска поврзаност ! ама бидејќи биле близнаци во сонов симпатииве некако како поврзаноста ја осетив со овој другиов. И овој кога ја видел лузната некако многу се растревожи, извади нож, и само го насочи на мене , го крена горе накај едно дрво и јас се најдов горе на дрвото (фактички летнав од ножот без да ме допре) А дрвото било цело со ружи и и една скина од гранката на која се најдов и падна долу. После дојде класната, ми пуштила мене порака па во меѓувреме дојде и ми кажа дека и ги нема двете ќерки и се загубиле, и јас ги зедов овие двајцава симпатииве и за брзо ги најдовме ќерките на улицата.... ( можеби и не е некој битен момент) Ќе молам сонов да ми се протолкува , затоа што ептен некако се почувствував чудно и под импресии Благодарам
1. нема значење 2. не се срами од себе 1. гооолема љубов 2. имаш речено нешто што не си требала да го кажеш одбрани се од туѓите мислења вака ништо не значи освен дека не би можела без него да живееш тоа што го сонуваш симпатијата нормално е го сакаш, а останатото кажува за твојата неодлучност
Сонував како ми паѓа вилицата горна и ми течеше многу крв. И исто сонував како на гости ми дошла некоја жена во црно и ја гушкав многу демек во сонот ми била тетка. Ќе може да ми кажете што може да значи? Ви благодарам.
Сонував некое момче (со улога на зомби, шо знам) во Кина, кај Кинескиот ѕид, сме отишле таму една група, па ова ме бркаше, па јас истрчав дома се скрив и се заклучив. Ама глупо: Кинескиот ѕид дома, в двор ми беше
Го сонував брамтми слеп значи со превез лежел во една просторија а јас сум одела да го спасам од некого потоа дојде братучетми со девојката која криеше пари ( бидјеки ке дошле некои луге да ни ги земат) и сонував дека имам и си ги гледам двата предни долни заби како имаат мегу нив како коска црна.. само тие два заба..
не биди толку наивна и не ги пропуштај шансите оти не ти се пиши арно (поради овие забите), ама без страв, се ќе биде во ред
Јас сонвав дека сум влегвала в такси со уште 2 машки и едно женско, и едниот ми рекол ајде влези има место Сонот вришти
Последниве неколку дена сонував многу необични работи, пример еве вака се сонував во селото од кое е татко ми па така на крјот од селскиот пат се гробиста а малки потаму има некои плевни штали семејни а под зидот од гробистата има една овошна градина и ѕидан казан за варенје ракија од насата фамилија ! незнам дали ми е сатисфакција секогаш помислата уште кога бев дете да одам сама кон шталите поради гробиштата ама често се сонувам таму ! пред некој ден сонував дека бев во овошната градина и од казарницата излезе ,,дедоми,, кој е умрен пред 30 год. и јас се воодушевив што го видов дури си го изгукав и прашав какде е баба ми А тој ми рече бил а во некое село после имаше ко некоја врвулица ,,демек сите мртви се прибираја во гробиштата и јас на кратко и баба ми си ја видов . Леле цел филм ви напрајв .Сности ја сонував свекрва ми ,, дојде кајмене во соба на нозе ,, иако таа моментално се наогат на болница и со сигурност знајме дека на нозе веке никогаш повеке немат да застанит за жал ! ако знајт некој нека ми кажит нешто. .
Ај јас да си прашам за два сона Сум била невеста и кога дошло ред да се пречекуваат гостите сум рекла мене мака ми е да стојам на нозе толку време и да пречеквам,се откажва свадбата и сум си заминала. Вториот е починат човек дошол кај нас дома и моите зачудени го погледнале.Тој кажал дека не починал тој туку неговата сопруга која што е жива. Малку чудни сонови,што би значеле
И јас сакам да ве прашам за еден сон што многу ме копка Го сонував бившиот мој (се мував само со него али мн. го засакав и сеуште го сакам) како ми дошол на гости со другар му и се најнормално си седеле си пиеле кафе, си муабетеле со сестра ми ,а јас не сум праела муабет со него туку само сум си седела и со другите сум зборела ,а со него не ( а во реалноста сме скарани мн)... Што може да значи? Има шанси да се смириме?
Сонував дека.. 1.Сум била на едно место..кое мислам беше шума..и имаше море.Јас сум била со другарки,и со симпатијата..сме се сликале со И.-my crush ( но, на сликата тој не се гледаше многу)..Имаше многу високи дрвја,и ние сме барале цвеќиња за гулаби,или патки..не ми текнува баш.. 2.Бев на школо..и не сум знаела каде е училницата по музичко ..прашав една професорка,и ми рече горе,на горниот кат..сум прашала и други деца..и ми рекле продолжи,и ќе најдеш. Потоа,видов една жена со црн капут,и капа на неа..беше проф.по музичко.И не сум отишла на час,до вц сум била.Таму видов едни девојчина,помлади од мене..и тие имале топка-сина.Јас сум ја фрлила топката во една друпка,и сум влегла во една од вратите..и сум се карала со нив,и дури сум удрела една од нив. 3.Кога излегов од вц,за да ги измијам рацете,видов едни други девојчиња..и едното од нив ми рече да сме оделе в кафана среда навечер.И јас сум рекла добро..потоа истото девојче ми рече дека треба да ја праша С.(другарка од класот) дали и таа ќе сака да дојди,и јас сум рекла добро..мене ми одговара..Истото девојче ми рече да сме оделе пак в кафана,петок и сабота на вечер..но ако нејзиниот брат фател маси. Дали соновиве воопшто имаат значење ?
Сонував дека се срушил авионот со кој мајка ми била во него (не видов како се срушува).Доаѓаат и ми кажуваат дека се срушил авионот ама мајка ми е жива само ногата и е скршена.И јас испкашена излегов надвор ис е качив во болничка кола божем мајка ми била во неа и ме однесе некаде.Видов во сонот како свири колата и мњ носу брзо. Друго сонував црн мал пиштол.Само пиштол ништо друго. Ако знае некој да ми каже што значат ве молам
Сонував како сме биле на кеј ама имаше некој измени на кејот.Бев со едно девојче тоа не го познавам ама ми беше блиска во сонот.Дојдоа волци и не бркаа.Јас прескочив оградате и се држев и волкот дојде до тука и јас се плашев да не прерипа или јас да паднам во Вардар.и на крај заминаа Другарка ми ми вика дека тренерот не доаѓа на кошарка него има компјутер и ни покажува така вежби. друга другарка ми вика по телефон:Утре ликовно треба колаж и списанија? (Ова мислам дека го сонував зошто бев оптеретена со тоа да не го заборавам колажот и списанијата)