Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    1. Завчера сонував дека сум носела патики 4-5 броја поголеми, стари, плаво-бели, изветвени и едвај сум одела со нив, а требало да бегам. И сум трчала кај нас дома во дворот, и тамам во моментот кога сум трчала по скали кај чичко ми пред мене излегол Арап. Имало демек, некое правило ако машкото го фати девојчето, девојчето треба да изведе blow job и јас од што сум се исплашила сум почнала да плачам, а овој Арапов, ко некој орко стоел пред мене и се смеел буквално ко некој ретардиран. И се разбудив.

    2. Вториот сон ми е од синоќа и многу ме исплаши. Значи, не ми текнува на цел сон, ама од пола негде. Се фаќам под левава града и чувствувам на допир нешто испакнато под неа. Ко две гради, ама ова второво ко порапаво на допир (обложено со кожа, да, ама сепак нерамно) и не скроз на лева страна туку малку на десно. Ко на средина повеќе да е. И сфатив дека всушност тоа ми е срцето и си го чепкав. Си го галев и бев многу исплашена, знаејќи дека некој со обичен удар можеда ме усмрти, што срцето ми е толку изложено. И мајка ми ме гледала со сожалување, ко да сме чекале да идеме на лекар. И сум сакала да се избањам. Кадата била на сред соба кај нас дома, ама соба што не ја препознавам, прв пат ја гледам. Сум сакала да се соблечам и пак сум го допирала срцето, мислејќи се дали ќе се повредам ако ставам вода таму. И заѕвона алармот и ми го прекина сонот. Се разбудив вознемирена и испаничена.
     
  2. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Денес сонував како родителите ми договориле свадба со еден братучед ама дечко ми ми помогнал да побегнам...Што значи ова? :^)
     
  3. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Сонив многу чуден сон,барем за мене.И сеуште се чувствувам чудно.

    Брачеда ми,се самоубила.Сакала да се убие,и скокнала од мост,дирекно во вода..и се удавила.А нејзината мајка т.е вујна ми знаела.И таа присуствувала кога брачеда ми ги кажала нејзините последни зборови.Потоа,дојдоа кај нас,и ни кажаа за случката.Сум плачела.Многу сум плачела.И сум заминала и таму скришно плачев.Потоа со мајка ми отидовме во визбата ,и таму имаше блузина,и таа ги пробуваше.Заклучив јас со катинарот, но потоа и со клучевите.

    Потоа сум скокала по улица..сум трчала, и ги видов моите пријателки..и починатата ја носеле во количка нешто ( не сум сигурна дали беше истата-брачеда ми) и јас сум се свртила..Ја видов,ама не на лице.После тоа,како да сакав да заминам, ама некако неможев.

    Ве молам кажете ми дали имаат некакво значење, зошто многу ме мачат :|
     
  4. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Го сонував мојот пријател. Легнував да спијам и во креветот го видов него. Сакаше да ми се доближи, јас веднаш станав и му реков како ме разочарал, цело време бил лицемерен и ми помагал само за да биде со мене а не затоа што ми е пријател. Многу се изнервирав и му кажав јас и тој никогаш нема да бидеме заедно па ако сака нека не ми помага веќе. Му реков слободно можеш да уништиш се, а тој ми кажа како нема да го стори тоа.
    Вториот сон-Ме известија дека треба да патувам некаде. Набрзина се спремав, се спакував и кога стигнав авионот веќе полета. Го видов како полетува.
    Фала однапред... :)
     
  5. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Сонував како одам накај другарка ми.Беше жешко,лето беше.И одам јас на улица гледам некои дечки си ставиле столчиња на тротоарот и си седат.Поминувам јас и се фрцкам пред нив :D ,не ги видов во лице.Ноо одам и гледам не е натаму куќата на другарка миии,гледам мост мал така и зеленило,куќи убави ии викам еии ја промашив куќата.Се вртам позадии,одидов малку назад и влегов во двор кај другарка ми.Влегов внатре и како и обично глупости си лупаме со другарка ми.Гледам едно куче,ама како играчка мрда се прави.И и викам абе оваа не е вистинско куче она викаа па да бее,тато го купи на браќата мои. :D и така некакооо одев низ соба ,кога бутнав чаша ии гледам на чорапите почнуваат капки крв да излегуваат.И викаммм брзооо нозете да ги преврзаммм. :^) А другарка ми на тоаа срчите седнала со задникот ии незнам што се случиваше се соблече и ми викаа имам ли јас крвв тука ,гола надолу,ама многу беше чудна,од доле надолу кај задникот не изгледаше како што треба. :^)
     
  6. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Сонував како се облекувам, мијам и одам на школо и таман кога заѕвони ѕвончето се разбудив .И знам дека нема значење :D
     
  7. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    1.Сонував како стојам пред огледало, отворив една фиока и од неа земав еден црвен сјај за усни, ама на огледалото си ги видов само усните како се мачкам со сјајот, само долните усни ги намачкав многу убаво изгледаше, а потоа се свртев накај другарка ми која стоеше до мене и, исто само и ги видов нејзините усни???


    2.Вториов сон се наогав на пазар, на една тезга продаваше еден дечко гердани, беше преполна со гердани. Јас само со раката тргав еден по еден за на крај да излезе еден многу поубав од останатите, и само се вртам и му кажувам на типот аа си го криел од мене овој, и он само се насмевна, му блескаше насмевката.
    И на крај ги вратив герданите еден по еден како што си беа наместени и не купив ни еден.
     
  8. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    сонував на тарасата надвор сме имале како некој стуб(ѕид нешто така) и тој испукал,татокоми рекол ќе го поправиме ко кје почниме да е допрајме нована кујка ке го попрајме и него ? што значи ова
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    измешано е, ама вака кажува дека треба да бидеш поодлучна
    1. ја запознаваш твојата женска страна
    2. истото како 1
    чудна и непријатна ситуација те чека
    од премногу стрес се сонуваат вакви работи. Се плашиш некој да не те издаде за двата сона важи
     
    На HurremSultan и hrcace им се допаѓа ова.
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    се наежив...ама сонот значи дека ти се грижиш за брачеда ти, се плашиш за неа
    дечко ти е тука за тебе, може да се скараш со родителите
    1. страв и вознемиреност
    2. ќе те фати паника за нешто
     
    На Ana.Jones и QueenN им се допаѓа ова.
  11. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Сонував влакнест човек. Ама премногу влканест беше на лице, на телото, секаде. Нешто како мајмун...
    ..
     
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    мораш да се релакцираш пред да ги измешаш работите :D
     
  13. nobody1

    nobody1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    74
    Сонував јас и уште некој на еден од семафорите на една раскрсница а еден мој другар бил на спротивната улица а неговите другари нас не барале но никако не не нашле.потоа ние сме отишле кај него и јас сум се гушнала со него онака како поздрав а тој бил на велосипед и јас сум си ја измацала ногата и сум си ја ударила брадата. И тој ми рекол дека сме се договориле покасно да се сретнеме и сме си заминале.
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сонував како се мавам со снежни топки,и тој мене никако да ме погоди све јас него го погодувам.
     
  15. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Сонував неколку сонови, ама не се баш јасни, не се сеќавам целосно :worried:
    1. Мајка ми стоеше до мене, и бевме застанати до еден рафт со облека, целата расфрлана без врска и мајка ми ми вика ете ти ги тие фармерки што ги сакаше од одамна и сум си ги купила и сум си мислела, еј сега дека сум ослабната супер ќе ми стојат :D А нема врска, јас сум здебелена! Инаку беа повеќе како панталони, не беа тексас, светло сини..
    2. Не ми е јасна поентата на овој сон, нешто концерт сонував, 3 пеачи биле.. како некој бенд и после тоа со еден од нив јас сум лежела на трева и на шала ме бакнал овој ама многу грозно било и двајцата сме се насмеале :D
     
  16. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Прв сон- Сонував како полицаец дошол во мојот дом и ми кажал нема да заминеш во твојата земја пред да одлежиш 20 години во затвор. Полицаецот носеше розева капа и имаше кафе со него. Беше многу смирен и седна на мојот кревет. Јас му реков дека мене ми помогнал мојот пријател и заедно треба да ги делиме годините за затвор. Мојот пријател беше седнат на фотељата и наеднаш побеле во косата и телото.
    Втор сон- Мојот пријател стоеше на прозорец а јас бев долу и го гледав. Имаше голем пазар долу. Ми даде некаков празен лист и ми рекол дека пари не го интересираат, или ќе го засакам или ќе престане да ми помага. Јас му кажав како не стои на зборот и дека јас ќе делам пари со него па потоа ако не сака нека не ги прифати но јас со него нема да бидам. Веднаш потоа се најдов пред огледало каде со непознати луѓе танцував.
    Трет сон- Додека се враќав дома пред вратата видов убиен човек ама поминав од до него ладно и незаинтересирано.
    Соновите се делени оти така се сонувани. Соновите многу ме потресуваат што кога ќе се разбудам навечер не можам повторно да заспијам. Затоа можеби замарам секој ден но малку се тешам кога ќе видам некое толкување. Затоа многу ви благодарам.
     
  17. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    1. некој што мислиш дека ти е добар другар ќе те издаде во невоља
    2. исто
    3. не треба да те интересираат проблемите на другите
    1.колку ги сакаш тие панталони - изгледа многу
    2. нема значење
    победа
    нема значење ми звучи ко секојдневна ситуација :D
     
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.563
    Допаѓања:
    174.862
    УУУфффф,поморбиден сон ,мислам дека немам сонувано.
    Значи ,стојам во бањата пред огледало и на брадата од лева страна гледам една акна/бубуљичка спремна за „стискање“.И почнувам јас да ја стискам,излегува малку по малку,ама се отвара голема дупка околу 0,5 милиметри.Стискам јас гнојанката ,а крај нема,излегуваат некои 3-4 см и тоа нешто црна боја.Земам со два прста го фаќам и буквално го извлекувам од дупчето.Излегува црн црв ,скоро 10 см.истекува крв,некои коски,пердуви,абе одвратно...а дупката си зјае така.
    Се разбудив и трк пред огледало....само сон било.
    Е што ќе значи?
     
  19. Anisijaf

    Anisijaf Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    15
    Сонував изгорена банана,даски на кои имало издлабени дланки и многу ме плашеле некои кралеви,цареви.Што значи ова?
     
  20. vergie

    vergie Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    1
    сонував како сум била во автобус ме видел еден другар иначе муслиман е сме се поздрававиле и онака сум била растажена он се вракал од негде а а јас идев накај манастир некој кога сме се гушкале тоа било со емоции