Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Сонував дека сум била во некој маркет каде сум носела со мене 1000 денари.Сум купила промет за 100 денари и нели требало да ми вратат 900.Ама не ми вратиле,ми рекле дека немаат па следен ден ќе ми вратат.Пота сум пошла во друг маркет да купам пак нешто и овој пат сум носела 500 денари,а сум купувала за 100 денари и таму не ми вратиле се шегувале со мене дека нема да ми вратат.А следниот ден кога од маркетот (значи првиот во кој бев кога носев 1000 денари)побарав парите да ми бидат вратени ми рекле дека нема да ми вратат.И така заврши.
     
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    нема значење
    1. нема значење
    2. исто
     
  3. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    сонував дека сум се возела со брат ми во кола (штотуку положи :rofl: ) и сме оделе негде ама имаше многу стрмен пат и излетавме од патот паѓавме во провалија и како што паѓавме одеднаш се се претвори во вода.. :^)
     
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Бевме кај вујна ми јас и другарки од нашколо. И демек требало да се покажеме во нешто, како на некое испрашување ама од домашни работи. И дојде на мене ред, ме пратија на балкон и ми дадоа задача да го потсредам. И таму демек требаше во саксија да засадам нешто, некое дрвце. И собирам земја од големата саксија и кинам гранка за да ја засадам во помалата ама не ми се свиѓаше и на два пати го вадев и ставав нова. После како да снемав земја и скршив едно грне што тешко се кршеше намерно :^) ама немаше корист и од тоа. Си реков ај многу се задржав па се вратив внатре и ја викнав вујна ми да и кажам да види шо како сум направила. Онака го имав засадено безвеза некако а за другото ништо немав направено, а таа не ми рече ништо лошо, ми рече убо, браво демек :^) и ги гледаше чевлите дали сум ги исчистила, а јас чевли не чистев, ама пак чисти беа, се извлеков некако. И ми даде само некои работи за дома да ги завршам.
    Патував со родителите со воз. Тука имаше и некои си семејни пријатели, мајка, татко и две деца на мои години, машко и женско. Машкото личеше на Леонардо ди Каприо и бил заљубен во мене, демек двајцата флертувавме, ама јас не бев нешто загреана, онака ради реда :^) на нашите демек би им било мило да се земеме. Ама застанавме по пат во некој хотел старски беше и дојде девојка му во инвалидска количка со некои рани, демек го сакала. Некоја хистерична беше, како штракната малку се смееше, а тој бараше начин да се ослободи од неа :^) Се вративме в возот другиот ден и се по старо. А некако старски бевме облечени.
    Сонував некаде измеѓу и паѓање по скали ми се чини :?:
     
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    цело ова нема врска освен скалите. Тие покажуваат несамодоверба
    биди спремна да се соочиш со предизвиците :D
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    1 сон - Бевме на одмор во Турција, фамилијарно. Јас знам дека играв одбојка на плажа.. а подоцна сите ќе сме купувале шарени летни столици. :^) Се беше прекрасно.

    2 сон- Сонував две личности (блиски ми се и двете личности) Едната ќе ја означувам со личност1, а другата личност2. Личност1 имаше расипани и скршени заби, а некои и беа и паднати (далеку од реалноста) Потоа личност1 и понуди дрога на личност2. Личност2 и одговори дека ќе земе, но ја праша што ако и Сара123 сака.. Јас реков дека не сакам. Личност1 ме погледна онака жално и со потсмев дека ништо не разбирам.. и еднаш сигурно ќе сум пробала. Тоа ми го рече. Јас одговорив дека немам намери и планови да пробувам, никој не може да ме натера и ако веќе пробам тоа ќе биде исклучиво затоа што јас сакам.
     
  7. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    како сум имала часови на школо и траеле 60 мин и сме биле среќни(Ако ни кажат дека имаме 60 минути час има цело школо у воздух да го кренеме :D ) и пак заборавив што друго имаше
     
  8. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    1.Сонував како летам на парче кеса :D и подоле седеше едно мало мече а под нас беше се снег.Летавме низ дрвја (валјда шума беше).Под мечето ставивме пегла како демек ќе го топи снегот и побрзо ќе летаме.
    2.После тоа како демек дома сум и пред нашата куќа имало како водопад нешто :D ама сега почнало да тече црвено нешто не беше во ред.И кога се се замрзна во тој дел излезе ѓаволот и одлета нагоре :tmi: .
    3.Бев на некојси натпревар и мене ми се паднало македонски предметот (ова како на екстерно ми личи :D ) и почнав да плачам да се трескам зашто мене македонски сакам друго нешто.После се најдов во една просторија кај што едни двајца играа нешто слично на табла и шах (досега неоткриена игра :lol: ).
    Тогаш некој ми кажа дека сум можела да се натпреварувам со пеење и јас се израдував и тргнав натаму и се разбудив.
     
  9. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    1.Сонував како сум отишла со мајка ми и татко ми на зимовање.Имаше снег наоколу,јас со скии одев некаде,а од страна го слушам гласот на тој што го сакам.Се свртев и го видов,беше насмеан,ме виде и ми се насмевна.Се почуствував толкуу убаво.Иако имаше многу снег наоколу,времето беше топло,имаше сонце.(ако тоа нешто менува).

    2.Лето беше и било некој празник,не знам кој.Им велев на мама и тато ајде да одиме да шетаме,а тие ми велеа дека немало никој и дека празник било,но отидовме.Застанав на Камени Мост и погледнав надолку,се гледаше како да сум на повиско место.Долу се беше зелено,прекрасно,но празно немаше никој,и си отидовме дома.Кога дојдовме дома,вечерта отидов кај баба и дедо.Нешто се смеевме со нив и видов на масата ѓевречиња.

    3.Спиев дома и знаев дека доцнам на училиште,ми се јави еден другар и ми рече ако не дојдеш на училиште,нема да учествуваш на маратонот :fubar: .Погледнувам 8:00 часот беше.Станав,облеков кратка мини суќња и маичка,а на нозе чизмите што си ги носам.Чичко ми ме однесе до училиштето.Требаше да излезам од кола,но гледам дека на едната нога сум облекла кратка чизма,а на другата долга и оп од стана ја гледам другата чизма што треба да ја облечам и ја облеков.Излегов од колата.Во училишниот двор трчав со моите другари,но останав боса.Се враќам назад да ги земам чизмите и гледам убави,нови чизми на штикла,но велев јас не сакам штикли сега да носам и ги треснав на земја.

    4.Не знам каде бев влегов во една зграда и внатре ме сликаа некои позниници,некои не ми беа познати.Се чуствував како позната личност.Но бев сталожена и продолжив нагоре по скалите. 8)
     
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    1. едноставен одговор - го сакаш, сакаш да си со него во таков амбијент
    2. среќа и слога
    3. нема значење
    4. те чека предизвик
    1. цртан филм- ослободи се од емоциите
    2. леле -страв и окривување те чека
    3. сакаш да се докажеш, но немој не те чека среќа
    нема значење ми звучи како онака мозокот да ти измешал многу работи
    1.радост
    2. личност1 ќе му се случи некаква несреќа,личност2 не смее да биде толку наивен за да личност1 не го вовлече во своите проблеми или некој друг не го вовлече во неволја. Ти треба да ги браниш своите ставови.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FamousGirl

    FamousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    2
    Сонував како водам љубов со момчето... :tmi: :angel:
    Има ли некое посебно значење сонов?
     
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    блиски сте во врската, биди поотворена за нови мислења
     
  13. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Синоќа во дискотека запознав еден дечко па потоа го сонев, се мувавме и ми кажал како е тој полицаец и како сега ме фатил во лага и дека сега се ќе открие.
    Втор сон-Уф можеби претерав но сонов постојано го сонувам и ако нема некое посебно значење веќе не го ставам тука. Значи го сонував мојот пријател, беше крајно разочаран и ме избегнувал не сакал веќе да ме види. Појдов кај него да го прашам зошто е тоа така, рече дека му се смачило да чека да го засакам. Му кажав дека не мора да чека оти такво нешто нема да се случи па ако сака нека прекине да ми помага. А потоа го навредив му реков кога ќе имам пари со парии ќе ти ја платам помошта.
    И третиот сон- Во бутик пробував облека, од едниот џеб на шорцевите излезе пајак а од другиот кармин.
    Фала многу...
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.456
    Пол:
    Женски
    пак јас :D .сонував како сум била во кујната со брат ми и мајка и им реков тоше проески е жив .беше темно ,и ноќно време и баш кога реков жив е верувајте ми се светна светлото само .што би можело да значи :?:
     
  15. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
  16. FamousGirl

    FamousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    2
    Бидејќи сум средно, сонував како седиме на час јас и уште 2 другарки со деца од друга генерација, едниот е многу убав и валда затоа. И со другарките се договаравме да одиме на кафе до населбата каде што ми е училиштето, :!: но во кафич што го нема во таа населба. :^)
    И потоа одиме со другарка ми по улици лутаме бараме, бараме и јас наеднаш и велам: Како можев да зборавам кај е кафичот? И само што го кажав тоа другарка ми вика: тука да не е? и јас: па изгледа, ајде ќе видиме. А ние стоиме пред една голема куќа (што воопшто не наликува на кафич). И влегуваме а внатре неколку другарки од клас и едната ни вели: што ви треба девојчиња? и ние: ништо, ништо и влегуваме во друга соба и погледнувам низ прозорецот и гледам дека снимаат НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА. :^)
    И ајде ќе си одиме од куќава и на излегување еден човек не застанува и вели: вие тука што правите? учите вие ? и јас велам: да, да учиме 5,00 сме. и човекот вели: 5,00 а? и јас: да, да 8мо сме. (од кај 8мо одделение ми текна незнам :^) )
    и одиме со другарка ми и и се јавуваме на другата и и велиме: каде си, ќе дојдеш? она вели: не, не нема да дојдам. и ние: зашто? и таа вели: па немам што да облечам, а ќе дојде и В.... и почна да зборува како во депресија и наеднаш велам на другарка ми (таа што е до мене): еј види кај сме, тука да свртиме и ќе одиме во кафичот. и со цел памет другарка ми во некаква депресија, а јас и ја спуштам слушалката. и го гледам В како оди исто накај кафичот и влегува во него и ние по него и требаше да седнеме заедно, но ме разбуди алармот. :@
    Што мислите, има некое посебно значење сонов или само дел од фантазија? :)
     
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сонував како во мојот автомобил тражам некои документи,и ми фали нешто изгледа се сомневам дека некој ми го украл,што значи ова?
     
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    фантазија
    радост
    слично имам сонувано. Сеуште Тоше ти недостига така?
    1. некој ќе проба да ти направи проблем
    2. испитај ги неговите чувства
    3. поголема женственост
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Мојот сон од синоќа
    Сонувам како сум отидена во друг град кај една другарка и сме излегле и сите играат пеат пијат а јас целиот град до обрнав да најдам продавница да купам кредит да му се јавам на дечкоми
    знае ли некој што значи ова
     
  20. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    а пред тебе парчиња леб со еурокрем :$ знам пуста желба да гнетам :lol: