Сонував како сум се борела со ајкули(ама јас сум била ајкула).Па како сум била во кал целата и некој ме потуруваше со вода и се измив. Па незнам нешто како да пукав со пиштол или бркав некој појма неам ...
Сонував ликови од бајките, ама испомешани, што знам Снежана и ѕверон, Рапунзел и Аладин? што може да значи??
Сонував оган..една кола била запалена и имало луѓе во неа..Јас ги фатив ушите,пробувајќи да не ја слушнам експлозијата..но колата мислам не експлодира..
Сонував како сум била со мајка ми во некоја продавница кака Џамбо полно беше со играчки и имаше сина и бела боја за кратко време излеговме и надвор имаше многу луѓе.Мајка ми ми рече од кога се затвориле некој две продавницина тоа место повеќе не доагале луѓе таму.Иначе тоа беше под еден голем мост.
Ај си реков да не го раскажувам цел сон Само да кажам дека повраќав со сила, зато шо некој имал ставено отров или дрога во мојот сок, ама не бил за мене туку за себе си да си се отруја и навистина се отрул, а јас само малку се напив и после ко се разбра работата ми дојде мн лошо и отидов да повраќам демек да се исчистам така. Ама повраќав по малку и си ги гледав повраќаниците А не беше сигурно од шо умре тој, некои викаа да не се секирам, не било од отровот туку др причина имало
сонував како дечко ми ме запросил. ештен сум била радосна иако прстенот не ми бил точен. ми влегувал некаде до средината на прстот. што значи тоа?
добра врска, но можни се недоразбирања некој не те сака, не ти мисли добро од зад грб, но тој ќе настрада носталгија лутина, нервоза ништо а бркањето дека ти расте самодовербата има нешто од што треба да се ослободиш
Сонував како сум облакала фармерки ама доле имало мало патентче и беше закопчану и неможев да ги облечам ама на крајот успеав.
Сум сонувала како имам сексуални односи со непознат човек И наеднаш мајка ми дојде и он се скри .Мајка ми кога дојде ми казжа дека треба да одиме на аеродром ќе сме оделе наводно негде. После сонував како некој човек го згазила кола или автобус и отиде човеков во болница исто и јас со него (на сонот го знаев) на посета.Човеков умре и по некое време оживеа и имаше онакво за дишење во носот . Потоа како демек излегол од болница и отидовме пред неговата продавница (имал човеков дуќан отворено) и целата беше разрушена -Изгледа таму го удрила колата. И сонував како сум се возела во автобус и дошла контрола, а јас немав карта.Ми побара карта и јас му реков дека други контроли не ми бараат ама не успеав да го убедам после долго расправање и ме симна 2 станици пред мојата.
Сонував како ми пратил некој маил и го читам,незнам сега што прочитав ама не ми изгледаше дека читам некој лоша вест.
Ја сонував Glossy-girl. Пишуваше мислење на Фемина, нешто поврзано со дечко и кој навидум многу го сакала.
Се сонував како да сум малечка и никако не успев да се запишам на училиште ,сите врати ми беа затворени знае ли некој дали значи нешто сонов?
Што значи да сонуваш некој т.е сопствената мајка да те нуди со блага пченица?!Ај кој знае нека ми каже.. Фала однапред