во сонот кога умира човек или кога не умира значи продолжување на живот? сум ја сонувала баба,сум ја видела падната и сум помислила дека е умрена,но жива била. и сум сонувала дека сум го скршила носот,незнам како,и дека не ме болело,но сум се видела на огледало и тогаш сум испаничела,и сум си мислела како ке ме боли сега кога ке ми го местат.
Сонував како мајка ми била трудна и родила 5 деца од кој едно машко, а другите 4 женски Сите имаа исти очи, крупни и кафеави. Има значење?
Сонував како мајка ми била трудна и родила 5 деца од кој едно машко, а другите 4 женски Сите имаа исти очи, крупни и кафеави. Има значење?
а шо значи да си ја шишаш самата себе си косата од долга во кратка со шишки ии да сонуваш мајка,баба,сестра и себе си кај шо чекорат кон шума
Сонував дека : 1.Сум и се јавила на мама на мобилен,и ја прашав каде е,и ми кажа.После некое време, повторно се јавив кај мама на мобилен, но сестра ми ми крена и ми рече мама телефонот дома го остави, не ни го имаше земено. 2.Му се јавив на бившиот, а незнам ни зошто.Го прашав ,шо е како е,што има ново.Тој ме праша, дали некој ми звонел на мобилен,дали сум нашла некој нов итн.Потоа,татко ми ми го зеде телефонот за да провери со кого правев муабет, бидејќи јас му реков со другарка правев муабет. 3.Потоа многу плачев.И кога се разбудив,дури солзи ми протекоа.. 4.Сум пишувала со симпатијата на фб
Сонував како бившиот е застанат на тераса а јас на друга од спротива, се пулевме и двајцата но не сакавме да се приметиме што значи?
Го сонував бившиот.Така одеднаш во кола седна до мене.Беше срцка.Почна да ме гушка да ме бакнува се смеевме,едноставно како ништо да не било.Потоа едно девојче малечко рече сакам да ве сликам.Не сликаше,ја видовме сликата,беше убава.На раката му видов љубовна порака на англиски напишана и ми рече прочитај ја ,си го видов и името мое. После тој беше позади на задно седиште со мене и ме бакнуваше,а јас му велев леле каков си ке те изедам не знам што .Но после видов дека колата никој не ја управува дека сама вози како што треба и му велам оди напред вози,ме послуша.Е после стигнавме кај моето училиште,ноќ беше.Надвор имаше многу луѓе,некои правеа скара,некој друго и така,како забава беше нешто.Тој само ја изгасна колата и пак почна да ме бакнува,сите гледаа во колата.
и сеуште те сака промена дека меѓу вас нема да можи ништо повеќе ниеден нема значење некоја несреќа исто несреќа со малку среќа првото точно е, а и во второто среќа ќе имаш нема значење
Вака со две другарки се враќав од нашколо и едната ми е ок ама другата не ја сакам баш во друштво зошто прај неубави работи. И ај отидовме кај бутици разгледувавме демек нешто да купам. Ама знам дека немав верба во таа другарката и како да чував, да кријав нешто од неа. Дали парите не се сеќавам. Ама таа почна да приметува и малку како да се вжешти меѓу нас ама малку. И таа влезе во еден бутик демек за мене баравме нешто ранци ама јас надвор како да влегов во една дупка. И си реков ќе паднам, ама не беше длабоко и се извлеков како ништо да не било. Влеговме и јас и таа втората што ми е ок внатре во бутикот и гледавме, спортски беше ама продавачката беше луда почна некои вулгарни работи да ни зборува. Испадна дека ми била роднина замисли, го спомнаа нешто името на чичко ми и кога излеговме и реков на другарката цц скраја да е, па моја роднина, бог да чува загреота и толку.
многу мразам кога сонувам и кога имам претчувства уште пред некој да ми кажи дека нешто се случило јас знам во поголем број од случаите се работи за лоши работи...како и да е вчера седевме со една пријателка на моите и пред 15 години му има умрено ќерка од леукемија имала или 14 или 15год.пред да се разболи девојчево на мајкаму на сон и дошло жена мислам дека рече била света петка и и рекла ќе родиш син ама едно од чупињава ќе ти умри и мајкава на чупево плачела викала во сонот нејќам син нека ми останат живи децава ама женава од соно ја снемало после некое време му се разболило девојчето од леукемија и починало по две години женава родила син...да се намомни...
се наежив...најчесто соновите со светци се пророчки тоа што криеш од неа нешто го симболизира тоа што не и веруваш и останатото - не и давај да те командува
имам слушнато дека ако плачиш на сон на јаве ќе бидиш среќна за нешто ќе се смееш а другиве незнам...
Го сонував дечко ми (веќе ми е бивши) како ми вика дека ме сака уште и сме се гушкале и сме имале секс, сум носела маичка на мене. Арно ама некој влезе во собата и прекинавме. И он ме гушкаше, а врз него бев, како да не не види тој што влегол што правиме. И сум му рекла не се секирај ништо нема да види облечена сум.
Прв сон-Сонував како сум во мојата куќа во Македонија и мојата баба ги раздаваше моите пари на стрина ми и внукот од стрина ми. Многу бев лута во сонот но ништо не и реков само ќутев. Втор сон-Ја сонев пак стрина ми, седеше на една столица на сред мојата куќа во Македонија. Не се сеќавам за што разговаравме ама се сеќавам дека многу плачев. Трет сон-Во некој тоалет вршев мала нужда и додека седам на шољата гледам и сестра ми е тука ама таа само стоеше а уште една друга женска си беше на шоља. Пробав да извлечам палома ама кога ја допрев беше многу нечиста имаше измет на неа. Многу ми се згади. Фала многу...
леле женски денес имав многу потресен сон.. ужас е ова што сонувам, никако да ми престанат грдиве сонови и тоа секогаш пред да се разбудам .. сонував како сум дел од некоја полиција ама нешто главна сум не се фаќам пиштоли и имало некој човек мал, несреден како бездомник, имал нож и мало дете со него и се заканувал дека ќе го повреди и се појавил кај нас а тоа се како една сала голема било, затворена, празна, и отворил огромна врата и не знам зошто сите се плашеле толку многу од него.. јас сум била на другиот крај од салата до полицајци, и имало уште една жена која била главна, и сме им викале да ни дадат пиштоли, не сме знаеле како да ги наполниме со куршуми, а тој што ни ги давал ми беше познат.. а наоколу имало многууууу луѓе, и нешто се случи и почна прво оваа главнава да трча, да бега надвор, и од наша десна имало како голема врата и потоа ходник, уствари ова салава е како кај мајка ми на работа во партизан и сите почнале да бегаат и и јас сум се решила и сум стигнала во ходникот и не сум знаела кај да одам и сум се скрила во соблекувална, повеќе личело на многу тоалети со тушкабини, и во едната имало некој се туширал, и сум отишла во друга исто таква соблекувална, и сум ги испозатворила вратите и сум слушала како трчаат луѓе и сум била многу исплашена, и наеднаш сум ја отворила вратата од ходникот и се шетал овој човеков со ножот како занесен бил, и сум се затворила во еден тоалет и се разбудив... ееее па веќеее многу се нервирам вака кога сонувам глупости
мајка ми сонувала како биле со една нејзина пријателка на гости кај наши роднини а пред тоа таа пријателката мене ни дала пари да и купам леб и ме немало да и го однесам,и цело време пискала зошто не сум и го однесла лебот туку сум си го земала за себе
1.СОнував како сум на школо и сме имале физичко прв час.И сеа се пресоблекуваме во соблекувална и наеднаш гледам едно дете (машко) од клас ме снима (а јас и прслук мењав уште ).Отидов и му го земав телефонот и мислам дека избришав.Дојдов дома (со неговиот телефон ) и ги гледам сликите.Кога да видам ЈАС на неколку слики и се чудам од кај јас у негов телефон.После ги читам коментарите и еден друг од клас коментирал „целата се нашминкала а ноктите не ги налакирала“ .Јас се чудам што има врска сеа тоа и утредента кажувам дека сум видела и почнав да се докажувам дека шминката нема врска со ноктите итн.Битно телефонот остана уште еден ден кај мене . 2.Сме искочиле со другарка ми надвор и сега таму имало нешто како базен и она сакаше вода да пушти.Јас неќев зашто и мајка ми излезе и се плашев да не не види и кара.Тогаш она ја исклучи водата ама сепак бевме малку намокрени.И кога да видам мајка ми иде накај нас.Ние шпринт до најблиската кола да се скриеме ама мајка ми ме виде ... 3.Мајка ми ми кажа дека сакала да патува негде само чекала уште некој да се најде да не бидела сама или пак така поевтино ќе и било.
1. немој да дозволуваш некој да ти прави нешто што не сакаш 2. имаш малку страв од мајка ти 3. и се патува сакаш правда и се што ти е доверено да го исполниш губиш контрола над нешто, најверојатно над емоциите за првиот не знам...за вториот велат ако на сон плачеш на јаве ќе се смееш, а третиот некакви последици сеуште те сака или па ти го сакаш