некако како сум се вракала од некаде,па сум си го изгубила лаптопот и на сред пат гледам уште поубав од мојот во пакуван и го земав а до него имаше 2 книги Мокта на потсвеста и ја земав едната а инаку ја имам дома
Многу сонувам дека бившиот се оженил со таа што иде сега.Цело време ми најавува во сон дека се спрема да се жени ....???? Што би значело тоа ?
1.Сега ни јас не го разбирам сонов нема некоја смисла.Епа вака сум сонувала како сум правела нешто поврзано со физиката(училиштето ми е поврзано со физика,а и идната професија ).И кога завршив на мене гледам пајачиња мали,едно на едно место,друго на друго место и така си висат.Мали беа,не беа опасни.Јас само ги тргав од мене,не ми беше страв воопшто. 2.Дојде кај мене еден бивши мувач т.е се договоривме да дојде кај мене.И ете го ѕвони на врата,тато беше со него на врата и викна по мене нели зашто он дошол.Добро,влеговме кај мене во соба,се вртам од едната страна на ѕидот имаше нешто ишарано,крстчиња и некои други ствари.Бев зачудена.Потоа одеднаш се најдовме во кујната и сечевме мандарини-но беа многу чудни,не постојат такви мандарини.
1 Сонував како една кујка која е на два спрата ке и граделе трет спрат и куќата поцнала да се навалува. 2. Ја сонував мајками како ми пакува во кеса нешто како зелник и нешто благо. Ми го даде за да сум го јадела дома за поручек. Какво значење имаат?
Јас сонував еден многу чуден сон, абе филмски беше Сонував на сонот како сум сонувала некој сон и сум била сама дома било некаде околу полноќ. И сум погледнала низ прозорот и сум видела духови, и тие ми се приближувале, сум била премногу исплашена. Потоа тој сонот наеднаш ми се преекинал и сум сонувала дека сега во април месец паднало многу снег и било студено, и било се' како затемнато. Имало премногу снег и со чизми сум шетала. Потоа сум се разбудила и сум барала значење на соновите. Бев многу свесна дека сонувам, неможам да опишам како. Знаете ли што значи овој сон ? Ви благодарам однапред
Сонувам како водам љубов со некој друг дечко во сонот како да знаев кој е а сега кога се разбудив незнам кој беше...знаете ли што значи
проблем ќе те мачат сеќавањата 1. не претерувај со самодовербата 2. нема значење 1. сакаш да избегнеш некаква ситуација 2. нема значење можеби навистина ќе има свадба...
1. Сонував како мајками и татко ми се разведиле и мајками требало да се мажи со друг и сме се собрале во некоја соба и до мајками седел новиот сопруг(а од другата страна до неа таткоми) и јас сум ја погледнала мајками во очи и таа мене и ми паднало многу тешко но сум се воздржала да не заплачам и кога гледам мајками се врти накај таткоми и му вика само да заврше венчавката и куката ке биде наша (испаднало дека тоа било договор мегу мајками и таткоми бидејки само така можеле да добијат некаква кука )... 2. Сонував кука ( ја имам сонувано и претходно каде што од таа кука сум украла куче ама пак сум го вратила) а сега сонував како некоја пријателка се омажила таму и кога сум отишла кај неа таа била сама дома и сум ја земала во рацете сум почнала да ја бакнувам (ко демек сум сакала да биде само моја) и влегол маж и ама не не видел и толку..
1. да не се плашиш или да не си се плашела од развод на родителите? друго значење нема 2. проблем со искажување емоции
имам тетка почината,цонував како дошла кај мене да спие,легнала и се покрила со две кебиња и јас сум и викала стани оди си а она ми вика не ке ја почекам баба ти сакам да ја видам и јас и кажувам дека не е дома и она ми вика е ако де и се разбудив, 2.тетин ми е правен операција на срцето му имаат уградувано стентови,и го сонувам како добил втор удар и мора под итно да го носат за скопје а и јас со него и со братучетка ми сум била и покојната ми тетка,и акција доктори факаме за да го носат и прашуваат таму пред колку време го добил ударот и ние сме викале пред 2часа и докторката вели значи ке мора побргу да возиме за да не е предоцна затоа што нема да го оперираат .сме стасале во скопје почнале да го оперираат и тој нешто се налутил нервозен станал вика по докторите мава крше и пак се разбудив. 3.сонувам како одам на школо ама патувам со автобус,требало да имаме родителскоа јас сум била бремена и сум се крила од моиве,и тргнав на сколо и почнало да ме боли стомак и сум отишла во болница и сум се породила,девојче било и сум барала еден број да се јавам да кажам дека имам женско дете но никако не сум го нашла тој број,а у мегувремено сум криела пастрамајлија под блузата а зошто сум ја криела незнам
сонував како сум била трудна, ама на стомакот сум била исечена и на местото кај што сум била исечена ми била ставена газа .. значи нешто?
Сонов е малку филмски Епа сега вака се сонувам јас како помала имав накај 10,11 години.Значи изгледав како мало девојче.Бев облечена во фустанче и имав косата ми беше во кики .Мајка ми се симнуваше по скали,на сон таа ми беше мајка,но сосем друга жена беше.Епа вака да и дадам опис и на неа:имаше тело како манекенка,значи беше прилично слаба,беше облечена како деловна жена во црно здолниште,бела кошула и црно палтенце со црвена марама.Косата и беше во пунџа.Не знам зошто кога ја видов,си размислував многу ме потсеќа на тоа што ќе бидам кога ќе пораснам,таа многу наликуваше на мене. Дојде до мене,беше насмеана,а јас имав ранец на грб,но како балон ме дигаше во воздух-не превисоко но така си потскокнував во воздух.Е сега се одеднаш се најдов во дворот кај мене,не знам уште некој беше со мене.Во тревата имаше забиено меч,беше прекрасен.Слушав глас кој велеше ако го откорнам мечот од тревата ќе треба да спасам некој тинејџери. Јас го откорнав мечот.Значи започна како еден вид мисија која треба да ја извршам.Во едно ќесиче од страна гледам внатре стар модем за интернет USB и телефон со слушалки.Го уклучив мобилниот и ми се пушти видео-песна од оние Casi Angeles (како информација не ги следам на тв.).Додека го гледав тоа излезе од некаде таа што ми била мајка во сонот и ме викна не знам каде да одиме.Јас го скрив мобилниот и појдов со неа.Потоа со неа бев во дворот ми се појави некој човек не го познавам,и ме викаше да дојдам до него за да ми објасни што треба да правам како да ги спасам тинејџерите.Јас не отидов,јас го гледав како маж,но таа мајка ми како жена.Не и кажав што е работава,на женава и стана малку морничаво и како да се мрдна малце.
Сонував како од некаде била пуштена песна од David Guetta-just one last time.Јас низ рамно поле трчав толку брзо,не знам се чуствував моќно.Од што брзо трчав дури потскокнував во воздух.А во позадина трчајки нели песнава ја слушам.
Сонував како слегувајќи по скали во некоја зграда,сум била со мајка ми и наеднаш пред мене на едно од скалилата видов пари имасе 100денарка,една банкнота од 10ден и другите поситни банкноти во долари биле.Тука имаше испаднато и мобилен телефон и дигитален апарат.Сум ги собрала само парите,а ги оставив апаратот и мобилниот телефон велејќи си дека не би сакала тој што ги изгубил дека не сакам да се чувствува како јас(мене во саботата ми беше украден дигиталниот од ранец).
среќа бараш слобода, едноставно ти е доста од глупово секојдневие измешана мината желба за твој изглед во иднината со желба за истакнување несреќа 1. едноставно сака да ви каже дека е се во ред или да ви пренесе нешто посебно на баба ти 2. да не се плашиш истото пак да не му се случи? 3. промена можеби?
Е сега вака.Сонов ми е малку морничав,а незнам зошто ама откако се разбудив имав такво чуство. Едвај чекам да има ново легло,за да земам самојад од кај пријателка,а ќе има за 2-3 недели. Сонував како сум го земала дома,и било цело време во една просторија,поточно на 3кат,и сум го симнала доле,на 2ри кај баба ми,и сакало да се симне од кревет на под,и повратило.Баба ми ми викала зошто сум го донесла кај неа,зошто она не сака животни,и јас сум го исчистила(повраќаното).Потоа сум излегла надвор,на балкон,и сум видела пари,нешто како 2550 денари,мислам.И дувнало малку ветре и ми ги турнало парите и паднале во парк.Сум ги земала парите,и сум земала 50 денари за мене,зошто парите биле за плаќање некакви сметки и имало повеќе,па затоа јас сум земала.Било вечер,имало месечина.Незнам,морничаво ми беше чувството и додека сонев и сега.