Си ја сонував мојата кума,како сме си седеле како на некоја ограда од ѕид и сме пушеле цигара,наводно сме разговарале општи теми беше интересно што таа носеше нешто како кафена пелерина Сонував моја пријателка која е инвалидизирана,но јас ја сонив како таа може да оди,поточно како да било се во ред со неа.Имала плава коса и плави очи толку убав разговор сме имале таа била толку насмевната,фина,пријатна,што јас сум се запрашала:" како бре женава се промени толку"- од кафени очи сега има плави,од кафена коса,сега е со плава коса,од смеѓа на лик сега е бела ко снег? Разговорот сме го воделе во нејзината куќа јас сум седела на стол,а таа на скали стоела,а всушност таа живее во стан...Очите и беа прекрасна некоја боја небесно сина
rici.aaaaa за вчера - можеби ти недостига муабет со неа друго значење нема за денес - би сакала да може да оди, а дрите промени во изгледот се поради твојата желба за нејзина промена
сонував дека сум била во продавница и дека сум пробувала две сакоа едното беше мастило боја,а другото црно-бело.Не знаев зза кое да се одлучам .Има некое значење или?
Сонував мајка ми береше некој цвеќиња и ке ги продаваше само за да заработи пари. Цвеќињата беа во виолетова боја. Што значи?? Златно ланче, го гледав кај саканиот на врат, а тој ми беше завртен со грб. Што значи?
Сонував како сум во школо и искачам од час и целата бев облечена во црвено, имав црвен капут, црвена капа и чанта и сите гледаа во мене дур поминував низ ходникот. После тоа сонував како добив на подарок црвено вино многу убаво спакувано???
Сонував како сестра ми ми ја чешла косата и ми вади вошки. И ми вели овие поголемите вошки ќе ти ги извадам, помалите не можам... И сонував како сум на школо и тоа во осмо одд. и како во училницата ни донеле чинија јадење и мене не ми се допаѓало и сум тргнала да одам во веце да си наполнам вода. Чашата од едната страна беше малку закршена. Бидејќи имаше гужва во вецето почнав да лажам дека морам апче да пијам да ме пуштат преку ред. Но не ме пуштиа и јас фанав едно девојче за косата и убаво ја искубав. Па си се вратив во училницата. Таму беше наставничката што ми беше по мак. јазик која е почината.
1. повеќе пари 2. мораш да ги браниш своите ставови поголема самодоверба, женственост, агресивност, можеби и нервоза 1. поголема заштита (духовна) 2. кавга поради нечии интереси (твои или негови)
Девојќи другарка ми сонувала многу чуден сон еве како она ми го раскажа : Сонував како сум се вработила ,фирмата беше нешто на буквата A ,и канцеларијата ми била надвор на море,имаше змија на земјата и брановите ја одвлечкаа ,и газдите биле млад брачен пар но не можеле да имат деца и газдарицата рече да сум им подарела дете,тес да бидам со мажот и да забременам и потоа да им го дадам детето,а они ќе ме одвеле во ница .јас прашав природно ли да зачнам или со вештачко оплодување,рече природно. Ова она ми го кажа со надеш дека јас ќе и го протолкувам но ни јас незнам што значи,се надевам дека има некоја која ќе ни го протолкува
...вака....завчера сонував како со мајка ми идевме некаде со автобус.....али шоферов не застануеше каде што треба туку од секоја станица подоле.....ние луѓево се лутевме ради тоа......на последната станица шо беше наша истото го напраи и луѓево викаа дека треба да се врати назад.....али тој шоферот бил некоја стара бараба од оние одвратните знаете за какви зборам......и се развика тука и рече ок као да наполнам бензин и ќе се вратам вие чекајте тука......и ја и викам на мајка ми дај ние да слеземе, ќе идеме пеш, нема многу, не ќе му плаќаме на овој........излеговме а и други луѓе излегоа.....али гнасава не виде и сакаше проблем да прави.....мајка ми беше уверена вика јас не плаќам.....ја си реков а кој ќе се расправа со манијачиштево сега....и за чудо извадив пари да платам.....отидов до кај него и му дадов 150 денари....па се тргнав.....и таман реков готово завршив.....гнасата нешо ме фати за задник а уствари и имаше фрлено око на мајка ми.....ја се налутив али не напраив скандал...се вратив кај мајка ми и и реков дај да си одиме побрзо а гнасата продолжи да малтретира други луѓе........толку последен сон пак..... сонував како еден мој професор од средно ми побара пари за цигари.....јас извадив од џеб 500 денари и му ги дадов а одма после тоа си реков во себе леле глупача шо напраив.....му реков другиот пат да ми ги врати и човеков ми рече обавезно...... ама наредниот пат кога имавме час не ми ги врати, не ми ги ни спомна а не ги спомнав ни јас зашо као сум имала проблем а само тој како класен можел да ми помогне......само си викав да не му ги даде на татко ми, те татко ми да не дознае дека дадов 500 денари на заем....... средното го завршив одамна инаку...... во двата сона ме буни што давам банкноти, денари на некого.....
Сонував нешто страшно.Како што периодов ми се случува да превидувам некои работи и навистина така да испаднат,ме плаши помислата за војна. Сонував како имало војна,незнам кој биле учеснички,незнам кои земји,знам само дека сите ги убивале,ги парчеле,одвратна глетка,крв,лешови,штотуку убиени лица од војници.. Страшна глетка,а незнам јас сум го гледала таму и сум била на ред за убивање ама не ме убиле,се разбудив. Се плашам дека навистина ќе станам баба Ванѓа.
сонувам како сум добила велосипед,но брат ми ме преварил прв се повозил со него но несакал да ми каже,земам јас да го возам кога гледам предната гума издишана се возам на бандаш,тргнувам полека до бензиска да ја напумпам,стасав полека полека и земам ја пумпам а таа пак дише,пак пумпам пак дише,ставам плунка малку не бива ми дише гумата ,се вракам дома кажувам на татко ми ааа рече брат ти тие работи ги е направил он се возеше прв
Сонував, инаку знам на кое точно место како отидов да манијачам еден маж.Еден многу секси маж.Еден маж постар од мене.Со кого завршив на задните седишта од неговиот луксузен автомобил.Не го познавам но му го паметам ликот, замислете дури и мирисот.Ми се чини дека јас најреално паметам како ја почувствував кожата од неговиот врат на мојот јазик.Толку пријатно и опуштено возбудена не сум се почувствувала ни во реален живот.Јао, какво бате беше.Некаде 35 години, со делумно, но рамномерно побелена коса, убаво граден, слаб и со брадулче.Примерно средена брада но сепак ја имаше.И ме одби.Како да сакав нешто повеќе, а тој сакаше многу малку.Само она главното и само тогаш.Во сонот маж ми како да не постоеше.Како да бевме само јас и тој на светот. Толкување ќе ве молам, и ако некој го познава нека го пријави кај мене
1. Сонував како братучеда ми била бремена 8ми месец. 2. Како сум се качувала по планина ама по едни сртови што сум одела бреее... 3. Во аптека чекавме со моите преногу гужва имаше.. Кој знај нека пиши
Сонував дека со татко ми, мајка ми и дедо ми сме биле на плажа во Охрид и сум сакала да одам до кампот и татко ми и дедо ми рекле дека ке дојдат...и имало на патеката како тиња со вода плитка ама не сме ја забележале и наеднаш му викам на татко ми да ме извади од водата ама и тој бил во тиња кога видел и се разбудив...
1. Сонував дека била 2 Светска Војна, а јас сум била Еврејка. По пат ме пресретнале Германците и ми пукале во нога, ама не сум умрела. После тоа поминувале колони на луѓе кои ги носеле некаде. На крај сум почнала да трчам за да се спасам, ама како што сум трчала по уличките сум излегла кај некое езеро. На брегот имало многу народ а всушност ги давеле Евреите во водата, па сум морала да влезам и јас. 2. Вториот сон: Моја познаничка,која е тинејџерка, останала трудна. Мајка и ја претепала и ја избркала од дома. 3. Дејството било во моето старо училиште. Биле три жени со три деца и еден човек. Жените и децата се претставиле а човек извадил пиштол. Жените ги турнале децата и почнале да бегаат. Отишле зад школото ама човекот се појавил и ги убил 3те, а едно од децата имало нож и фрлил со ножот по човекот. Човекот го зел ножот и го прободел детето и тогаш стигнала полиција. Значење?
Што значи да пораѓаш мачка? Ја кревав нагоре и ја спуштав и така полека излегоа 3 мачиња,се тоа се случуваше на сред улица,и од како се родија мачињата ја оставив мачката и заминав.