Сум сонувала како детето ми паднало од тераса од 2ри спрат(од кај јатрва ми) прво мислевме деке е готово,ама за срека по некое време се разбудило и го однесовме накај болница? Што ли значи ова?
1) Сонував како имаше една виииисооока скала дрвена и мене ми било мноогу страв да се качувам и симнувам по неа,но сум го сторила тоа и со страв. 2) Сум била во некоа продавница и продавачката ми облекла панталони и блуза(ме дотерала). 3) Сум била излезена и сум си ја загубила чантата-пликото т.е сум го заборавила некаде а незнам каде. Триста соништа во една вечер
1. некој проблем што не можеш да го решиш, предизвик 2. поголема самодоверба 3. нешто ќе добиеш многу се грижиш за детето, дури и претерано
Сонував како сум на школо (а одамна го завршив) и како имало повеќе врати во училницата и сите биле заклучени. И јас видов како има клуч на едната врата и го повлеков клучот и сите врати се отвориа. Но наиде еден професор и почна да вика нешто и јас побегнав со клучот во рака и клучот го фрлив на еден шкаф во холот. Се вратив во училницата и сите ми кажаа дека проф. рекол дека неморало да бегам дека немало да ме кара што сум ја отворила вратата. Тогаш јас се затрчав да одам да го земем клучот и ме пресретна професорка која ми предаваше во основно и сега е почината и ме праша каде ќе одам и јас и реков дека некоја проф. ме пратила да одам да земам нешто. Кога отидов да го земам клучот таму ми беше и здравствената книшка и неможев да ги дофатам и еден школски ми ги подаде. Ги зедов и почнав да трчам нагоре по скалите...
....сонував дека ме киднапирале цигани......не само мене уште некого.......долго време така се обидувавме да избегаме со денови не држеа...еднаш влеговме дури и у лифт, се спуштивме долу али еден од нив не пречека и не можевме да избегаме, пак не врати назад у лифтот и ние со него.....мене за брак као ме држеле ......на крај се спасивме, не знам како со помош на полиција...... ама откако се спасив и требаше да се вратам на нормалниот живот бев многу истрауматизирана......сум имала брат....него му беше многу криво за се шо ми се десило и тој беше разочаран и сакаше да се одмаздува.......ме натераа да излеземе на некоја свадба и излегов и идев низ центар така дотерана со уште една особа али не се осеќав убаво во своја кожа....по мене доаѓаа кучиња со чудни заби, крволочни фаци и ми ги гризеа штиклите.....едно ќе избркав друго доаѓаше.....на крај и на таа што беше со мене и се закачуваа......ми беше ептен криво зашто моето киднапирање се случило на свадба на која уопште не сум сакала ни да одам.....сега пак влеговме во некој ресторан и таму сум се зближувала со еден дечко кој знаеше шо ми се десило али не му сметаше тоа за да почне нешто со мене.......така пак у лифт се возевме со него.......
сонував каде најверна другарка ми пратила порака дека го видела бившиот и ми пишала некои реченици (на кои не се сеќавам)и до реченициве нацртала срциња,правоаголници,коцки и триаголници.
Бевме на море Јас брат ми мајка ми татко ми стрико ми и братучедките .. Татко ми мајка ми и стрико ми останаа да пијат кафе а ние влеговме во водата Отидовме многу длабоко, најмалата братучедка беше со душег и сите се држевме за неа.. Не сакајќи јас се отпуштив и почнав да пливам накај брегот. Одеднаш ме чепна нешто за нога Премногу се исплашив Спојлер Безвезе сон ама се разбудив задишана
Сонував дека со партнерот сме си оделе накај дома ама со нас биле и уште неколку другари/ки и сеа по патот живееше една од тие другарките и овој мојов се понуди рече да ја испрати тоа на 5 чекори беше и отиде до влезот и ја измува ! И кога се врати мене ме фати за рака и ми рече нешто а јас нервозно се тргнав и се свртев лута да си заминам и ми рече немој остани да разговараме... и останав додека не си отидоа другиве и стигнавме кај него кај влезот и тука се испокаравме и таман да си одам дојде некое друштво меѓу кои беше еден дечко онака што ми се свиѓа од градов и јас наместо нормално да се поздравам од нервоза и желба за одмазда го измував и дечко ми само ми рече нешто во стил некултурно од тебе или срам да ти е и јас си заминав.
сонував како со соседите околу нас сме правеле ајвар,сме завршиле и сме седнале дома да ручаме печени компирчиња со мајка ми татко ми и брат ми,и јас сум излегла до надвор да проверам дали се е на свое место некој да не ни украде некоја тегла со ајварче а брат во мегувреме ми седнал на местото каде што јас сум седела,и кога сум се вратила сум му се развикала што бараш бре ти на мојто место и коа сум го затепала лелееее дури и мене страв ме фати ,и по некое време се наогам на некоја планина шума убава зеленило а од другата страна сум гледала еден прекрасен водопад
сонувам како сум била кај дечкоми и се договараме да преспијам кај него и во еден момент влезе мајкаму и ми изгледаше како да не е воодушевена што со сум таму како да не и се свиѓам но по некое време видов дека ме сака и дека и се свиѓам се смееше со мене разговаравме таа е многу мила жена и потоа како мајками нешто дошла и кога сум ја испраќала и реков маму прекирвај ме таткоми да не види сабајле дека ме нема и така си отиде мама и мсилам почнавме да метиме кревет за спиење ако некој знае што значи нека каже
Сонував како јас и уште 2 екс школски (од кои со едната не си живеам воопшто) сме оделе на роденден на еден поранешен школски другар, а инаку по пат сме влегле во една продавничка и јас сум украла 2 чоколада Најглавниот настан на сонот е кога ми се крши гитарата на сред пат и мн ми било криво... Може некој да протолкува?
Сонувава како сум запознала двајца близнаци(турци биле) и едниот се дружел со брат ми, и сум се заљубила во него многу.И сме се смувале, и ми било страв брат ми да не дознае, и имаше и други дешавки не се секавам баш најмногу.Али чуствував ко ств реално да сум заљубена незнам како да не беше сон.Онака ги чуствував сите симптоми на заљубеност, буквално..
ако си заљубена во реалноста нема значење, а ако не посилни емоции нема значење, освен што сакаш гитари задоволство за сладолед ама од тролот страв или несреќа,проблем ова е твоето реално мислење за мајка му
танцував со една девојка..ама многу убаво танцуваше и се гушкавме... потоа сонував едно момче и со мене одеше до поткровје и ме чекаше нешто а одамна го имам сонувано истото..што би можело да биде?
синоќа сонив како гледачка требаше да ми гледа имаше и мои блиски луѓе на сите им пресеков по големо парче торта но во различни бои и таман почнаа да ми кажува се разбудив,што може да значи :geek: