со сестра ми сме се криеле во ќош од мојата соба и тоа со перде за када(да не се гледа додека се бањаш ) и сме прскале спреј за да не не забележат имало кај нас војна...и потоа требаше да бидам невеста но одев накај црквата и беше темно излегоа други невеста и младоженец..но пред да се стемни со 2 другарки сме седеле сум се лулала сме бегале од еден што сакаше да силува една другарка...тие 2 другарки ме спречиле да се венчам во црква а не бев во невестинско...
Сонував како сум сакала да фотографирам (мислам) 9 цркви кои биле покрај брег,но бидејќи биле во должина не можев сите да ги фатам со фотоапаратот, 2 кои биле една до друга биле малку подалеку, можев замо 7 (не сум сигурна за бројот).
Бев во викендицата кај дедо ми и баба ми.Сите беа тука-мајка ми,татко ми,баба и дедо. Беше подотворена вратата и имаше една маса и столици пластични за да седнеме,но одеднаш гледам доаѓа братот на дечко ми со уште двајца другари.Седнаа тука на столчињата и седеа како да се во кафич некој. Јас го погледнав и тој ме виде мене.Отидов да си извадам од фрижидерот мармалад да си намачкам неколку кришки,но немаше да земав мед си намачкав.
Сонував како со муваме со симпатијата во школските вециња пред неговите другари,а потоа тој дојде кај мене дома
Овој сон го сонувам повеке пати. Сонувам како со една колешка од факултет секогаш поминуваме по една иста улица во градот каде што студираме.(иако до сега јас не сум ја видела таа улица таму) Долга тесна улица и ние се спуштаме по неа, и секогаш таа тогаш ми кажува нешто или пак ми поставува некое прашње во врска "како демек сме се нашле ние овде". Така спуштајки се по долгата тесна улица инаку со стари градби излегуваме на права и широка улица многу позната. (поточно улица мкаде што живееме) Што би можело ова да значи?
ништо не значи интересно пријателство го сакаш и го сонуваш нема значење среќа, сакаш да обележиш или запамтиш некој момент проблем, незадоволство
Сонував дека јас со мојата фамилија сме се одселувале од оваа куќа кад ешто живееме сега....што може да значи..?
Сонував со другарките сме иделе некаде по булеварот и јас сум стоела на крајот, на десната страна а во спротивна насока односно кон нас доагал оној што го свиѓам со друштвото и стоел во средина. Видел дека јас сум на крај и тој се поместил на крајот од мојата лева страна односно кога сме се разминале бил до мене и таман да се разминеме другарката до мене ме бутналаи јас ке сум паднела за малце ама тој ме фатил и јас си се придржала за неговата рака. Кога сме се разминале пак ме бутнале и сум паднала на земјата и сум се превртела еднаш, сум погледнала назад за да видам дали ме виделе и сум станала. Надвор било како приквечерина или како да врнело предходно. Што ли значи? Го сонував синоќа. Односно среда спрема четврток ))
Дома бев.Си седев и си правев муабет со мајка ми и татко ми.Одеднаш внатре во пижамите ми влезе огромен пајак.Светол беше.Али мн. страшен богами.Јас им велев цело време да ми го извадат.Тие пробуваа но пазеа да не ме касне.Јас како што сум страшливка од пајаци мислев дека ќе се онесвестам,но овој пат и не бев толку исплашена,само ми беше езиво тоа,помислата дека ме лази толкав пајак.За чудо,јас цело време мрдав ова она,пајакот ниту еднаш не ме касна.На крајот дојде до пижамите горе и го извадив.
Сонував дека сум одела низ некое пусто разрушено место со мене имало уште неколку другари и другарки, и насекаде во тоа местото имало глави од мачки, раце, нозе.. мртвни животни што значи
сонував како сум била во некоја просторија и многу луѓе сме биле собрани и некој чуден страв сонував и молитва кажав во сонот и реков Господ ке ми помогне морам да кажам молитва да се разбудам во сонот ваков сон сонувам повеќе пати чувствувам некоја опасност и се молам на глас во сонот што ли значи
сонував како се степав со керка на наши пријатели бидејки ми го земала споменарот и почнала да ми чита сум и рекла немој но таа упорно го листаше и се степавме
сонував како пеам, и сите околку мене не можеле да ми се восхитат на тоа како убаво пеам. па почнале заедно и тие со мене да пеат..?
радост се плашиш од некоја своја тајна да не е откриена оди в црква и помоли се оти не е убав знак ќе се помириш со минатото, несреќа или имаш фобија од пајаци или среќа промена
....вакa, сонував две млади женски ама како да не беа од ова време, како од иднината......беа вмешани во некаков план и како да работеа на тоа со еден дечко али си беа љубоморни една на друга.....значи и двете беа многу високи да нагласам и слаби и кога останаа сами почнаа и да се тепаат.......па едната имала направено нова фризура, ја имала скратено косата ама не ја покажувала, па другава ја имаше скратено али не толку..... после првата ја покажа својата фризура па втората ја обвини дека ја копира а првата ја направи пред неа........после едната требаше да излезе, да иде на некаква свадба и облече едни бели штикли.....ја си викав овие колку високи уште штикли носат.....а таа другата и ги даде штиклите иначе......како да се потсмирија ....после сонував дека гледам тв.....и некоја емисија од оние шо се за време ручек.....и сонував како една членка на форум со која имаме добар однос била водителка на емисиите.....а видов и како изгледаше, плава коса и црвен фустан шо не верувам дека така изгледа и во живо....иам чувство дека е бринета ..... ја водеше емисијата заедно со онаа плавана водителка од сител наутро и водителкава беше песимист, а оваа членкава на форум песимист за нешто и водителкава ја убедуваше дека тоа ќе се смени.......ја си реков е супер што стана телевизиска личност.......и пуштија еден прилог за глумци шо биле уапсени ради дрога (ова ми е психа нешто од вести) а меѓу уапсените бил и еден дечко шо ми се свиѓа као јавна личност........јас и велев на мајка ми дека не требало да ги апсат.........
Сонував како требало фамилијарно да одиме некаде. Јас сум барала некои чевли за да облечам и да заминиме, ама никако не сум можела да ги најдам. Сестра ми ми помагала во барањето и ми донесла некои нови чевли кои одамна сум сакала да ги имам. Сум била пресреќна и изненадена, затоа што не сум очекувала дека ги имам тие чевли.