Сонував кај што било коледе или незнам. Ама дојде постар човек и јас му давав портокали и јаболки. Сонував уште нешто, не ми текнува што.
Сонував темница... Палев светла не сакаа да се запалат ,викав барав некој немаше никој... Допирав по креветот ,не наоѓав никој.
Сонував како тој што ми се допаѓа ме отследил од инста, па имал друг профил во исто време, кога отворив имал еден куп слики, па си фатил девојка. Потоа сум била во некое село и сум била качена најгоре на некоја скала па не сум можела да слезам, после тоа со другарките сме влегле во некоја кал во некој парк па сум излегла и сум го видела овој дечкото како бесен трчал низ улица бидејќи девојката го изневерила Што значи знае некој? Или сонот нема значење само премногу размислувам на него?
Нели ви кажав дека сонував нешто ама незнам што. Сонував еден тип, ми стоеше кај мене пред капија. Гледаше цело време во телефон. Позади него најверојатно беше татко му со камион долг, паркиран. И сега од напред доаѓа кола и го носи наназад камионот. Сообраќајка прават фактички, колава се мава у камион и го носи наназад камионот. Улицава во реален живот е слепа да речам, едно возило може само да помине. Небитно. Ама детево никако не реагираше си стоеше на телефон. Сонував дека сум ви го кажала сонов тука. А денес истото го сонував, ви пишав "Дечки пак дојде детето со камионот". Незнам зошто денес мислев дека ќе ме бараат за жена. И цело време ги чекав. А нив нигде ги немаше. Еднаш поминаа по улица. Јас низ прозорче ги гледав. Сонов како реален да беше.
Последниве неколку вечери сонувам како моето момче ме изневерува со друга и не можам да призаспијам. Што мислите дали ова значи нешто или само треба да си призаспијам? Хахахаха
Што значи да сонуваш дека јаваш коњ. Во сонот се договарав со една личност да одиме да јаваме коњи и разгледувавме на интернет каде.
Сношти се ставаше огледало по перница така? За да го сонуваш идниот сопруг Јас ставив и сонував дека сум одела со некој фатена за рака, а лицето не му го видов, потоа сме биле во автобус па сум го барала тој бил во друг автобус Има некој појма дали сонот има значење?
Хм .. јас го видов тој што ми е маж уште во 8-мо одделение , без огледало под перница сеуште не ми е јасно како , ама како дежа ву ми беше кога се запознавме .
Една стрина,сонувала дека одиме по едно патче,јас сум се одвоила од неа,сум тргнала напред и веке не ме видела Што е работата,лош сон е?
И јас не се мажев за брзо и не го познавав кога го сонував сонот . Секако , и не му придавав значење на сонот , дури после некое време се освестив што сум сонувала и што навистина се случи години после сонот . Можеби е некој што многу ќе го сакаш , ама ќе имате премногу пречки , што знам како да го протолкувам ..
Здраво. Ве молам некој да ми го протолкува сонот. Сонував како се гледам во огледало облечена во долг бел фустан, венче од бели ружи и ланче од бели ружи.
Девојки се надоврзувам на темава зошто мојот сопруг сонувал многу чуден и тежок сон ве молам ако некој се разбира од сонови да ми каже што значи и не сонува многу често скоро ич сонот почнува со некоја позната машка личност што ја знае во реалност и заедно ја перат колата пред еден дуќан каде што работеше мојот сопруг и одеднаш се појавила светлина од небото и почнал да се качува на горе кон светлина и помислил дека Бог го земал тука завршува сонот. Е сеа нема да ви се верува кога он го сонувал тоа вечерта јас приметив дека има кошмар и се уплаши но не се разбуди и јас го разбудив и утрово ми кажа што сонувал. Ве молам кажете ми што значи ова ви благодарам.
Сонував пилиња, мали жолти, во три различни кафези. Во едниот беа пет или седум, а во другите два во поголем број, вкупно 35 биле. Тоа беше на некој нов камп на охридско езеро, повеќе луѓе собрани на влезот на кампот кој уште се градел и ги прашуваме што ќе правите со пилињава, викаат ќе ги продаваме за да ги заколат и јас немав пари во мене ѝ викам на една пријателка кажи им одам по пари, ама братучет ѝ имаше и ги купивме, ги спасивме што би значел сонот?
Во последно време почнав мртовци да сонувам и почнав да се плашам.Вчера сонував имало некој ковчег дома и внатре мртва жена сум го отворила ковчегот и внатре некоја жена ми личеше на Азијка некоја(не беше личност што ја познавам) и била со години мртва но наеднаш почнала да оживува и јас сум почнала да плачам од среќа како со години да ја познавав и реков "Како е можно оваа како" и ме фати за раце и смирено ми рече "Се ќе ти објаснам " но потоа ја снема а дома кај мене имало некоја прослава.Дали знаете што значи овој сон? Навистина почнав да се плашам се сонувам некои такви сонови.А исто така вчера правевме муабет за починати лица дали е тоа бидејќи зборувавме за нив?