Пример: Во сонот се качувам во комбе и седнувам на задно седиште и после некое време ме фаќа пак сон, во другиот сон сонувам пример ливади. Тој сон во сон не е воопшто исти со претходниот. Сосема различни се. Да и јас сум читал за РЕМ фаза односно подлабокото ниво. Али како и да е ептен интересно искуство е и не би сакал пак да се повторе бидеќи ептен го збунува мозокот.
Тоа е тоа, но не знам зошто би било проследено со забрзнато срцебиење, збунетост и сл. Не дека и тоа не ми се десило после сон, но обично после кошмар, не кога сонувам сон во сон. Можеби секогаш можи да се случи без разлика. Моево најчесто е, сонувам дека спијам и сонувам во сонот нешто, се будам таму и мислам дека тоа е последната состојба на будење па одам да им го раскажувам сонот на другите, функционирам како во реален живот, за на крај да се разбудам вистински и да сфатам дека сѐ било сон. Сето е работа на човечкиот мозок.
Баш е јако, одамна ми се нема десено, а и воопшто ко да не сонувам или не памтам више. Срцебиење и препотување и мене не ми се десило коа сум имала луциден сон, тоа само при парализа у сон. Ај да те видам тогаш шо ќе праиш, уште и придружено со јаки звуци и тресок, исто ко халуцинација Сон во сон не е страшно.
Сум имал и такви сонови односно парализа во сон и разни звуци кожа да ти се наеже. Некогаш дури и сум скокал од кревет и се осеќав некако исто како во сон да сум и не знаев дали е јаве или реалност. Исто и 2-3 случаеви сум имал кога сум гледал у таванот само и не можев цело тело да го мрднам оти мислев дека е сон. Фала богу и тоа мн одамна сум го немал. После тоа почнаа луцидните сонови. Обично луциден сон најдобро се доживува во раните утрински часови измеѓу 04 и 06 часот наутро.
Јас пак имам кошмари,ја сонив мајка ми предмалку ,дошла да спие до мене и ме допирала а јас викав не на цел глас .Обично некој ме допира во сонот а јас барам помош
Леле каков сон. Вечерно време, одам по улица и наоѓам купче пари, од око видов дека има долари, евра, и денари, ги ставив во џебот од јакната и едвај чекав дома да стигнам да ги избројам а надвор невреме истура, грми, кал до гуша, ја се лизгам, паѓам никако да стигнам до дома, имав уште 100тина метри, ми искача некое возило ко тенк пред мене што го возат некои украинки у војничко облечени па после нив сомнителен човек поради кој морав да сменам пат од подолгиот правец да поминам, дождов толку силен очите не можев да ги отворам не знаев кај терам некако се довлеков на 10тина метри пред влезот и се разбудив пу.