1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сосови за месо, тестенини, салати....

Дискусија во 'Рецепти' започната од bile991, 13 октомври 2010.

  1. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Сос за крокети

    Здраво !
    Многу ми се допаѓа сосот што го даваат со крокети кога ги служат, а истиот сос мислам го има и во цезар салатата. Како што приметив има мајонез павлака и друго не знам, па ако некоја знае како се приготвува нека пише. :)
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Сос за крокети

    Крокети се служат со тартар сос, во него има мајонез, павлака, кисели краставички и малку сок од лимон. А се купува и готов, во има во кесички во маркетите, ќе побараш кај што стои мајонезот, има на полимарк Тартар сос, а може и на други фирми...
     
    На bile991 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Барав низ форумов и мислам дека нема ваква тема :?:
    Ме интересира дали кога готвите ставате преливи на храната и кои ви се омилени?
    За салата мене многу ми се свиѓа 100 острови или така нешто беше. А за месо оној со сенф и мед, ако
    знае некој рецепт за него како точно да го погодам нека пише, се некако не ми испаѓа.
     
  4. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Сакам да прашам...?

    Лазања (со мелено месо)
    Потребно е:
    - 500 г. лазања кори
    - 500 г. мелено месо
    - 400 г. кашкавал
    - 800 мл. кечап
    - 150 г. сос за шпагети
    - 2 големи лажици масло
    - 2 чешниња лук
    - 1 мало лажиче сол
    - 1 мало лажиче шеќер
    - 1 лажиче оригано
    - малку пипер

    Приготвување:
    Прво се приготвува сосот од месото со сите состојки, на следниов начин:
    Се става маслото во подлабоко тенџере, се потпржува меленото и му се додаваат сите наведени состојки, се меша добро да не запече. Сосот треба да биде густ, така да кога ќе се помине со лажицата на дното од тенџерето да остави трага и тоа е знак дека сосот е спремен.
    Во меѓувреме се варат лазањите (во вода, со малку масло и сол) да омекнат околу 10-15 мин., па се ладат во ладна вода.
    Во тава 22x33 cм. се редат прво лазањата, па еден ред сос, рендан кашкавал, па повторно лазања, сос, кашкавал и така се’ додека не се потрошат сосот и лазањите, а и последната лазања мора да биде со сoс и кашкавал.
    На крајот се покриваат со фолија и се печат 30 минути на 180C (или 350F)

    Инаку еве ти ја и страната : http://www.tugjinojabano.com/cuisine.asp :)
     
    На MilaP и skyAngel им се допаѓа ова.
  5. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.765
    Сакам да прашам...?

    Фала ти . Го знам ова само не ми е јасно каков е тој - 150 г. сос за шпагети :D :$
     
  6. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76

    Едноставен рецепт за да си направиш сос со сенф и мед дома е да измешаш мајонез, сенф и мед... Пример 100 гр сенф , 100 гр мед и 200 гр мајонез. Јас обично го правам без мајонез, само мед и сенф, полесен ми е некако.

    А за 1000 острови, кечап, мајонез и кисели краставички.. Е сега ако сакаш, можеш да додадеш и малку сок од лимон, оцет, масло, сол и црн пипер.
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Скај, за да направиш лазањи ти требаат 2 соса, бешамел - белиот, и болоњезе...

    Бешамел сос се прави на следниов начин - На оган ставаш тава и во неа ставаш малку маргарин да се растопи - една полна лажица на пример. Кога ке се стопи ставаш 1 полна лажица брашно, и промешуваш брашното да пожолти. Потоа додаваш млеко, околу 250 милилитри на пример, и ставаш малку сол.. Мешаш додека не се згусне.... Во зависност од потреба, може да се зголемува количината на состојките...

    За болоњезе сос, може да купиш готов во тегла, можеш целосно да го подготвиш сама, но јас ке ти кажам како е наједноставно... Купуваш мелено месо, го купуваш сосов
    http://parthenonfoods.com/images/FantSpageteBolognese60g.jpg
    и готов е за 15 минути :)

    Со среќа во готвењето, па кажи што си направила
     
    На Pocahontas9, saricka 86 и skyAngel им се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Лукав сос

    Потребно:

    * мајонез
    * павлака
    * лук (свеж или во прав)
    * вегета или сол
    * кари
    * малку оригано.

    Сето тоа се меша, количината на мајонезот и павлаката треба да биде еднаква и во зависност од тоа колку сос сакате да направите(на пр. 5 лажици мајонез + 5 лажици павлака). Овој сос е убав за на пица, месо, тестенини, солени палачинки итн.
     
  9. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Mанго Kари Cос


    1 зрело манго, 350 грама.

    2 лажици масло од кикиритки
    1 1 / 2 лажички кари во прав
    2 лажици свеж листови од нане
    1 / 2 шолја пилешка супа
    2 1 / 2 лажици свеж лимонов сок,

    1 Mангото се лупи, се сече , и се става во блендер.
    2 Cе затоплува масло на средна топлина.
    3 Cе додава кари во прав, мешајте додека не се помеша смесата и отстранете го од топлина.
    4.Cе додава кари мешавина нане и манго.
    5 Cо мешалка, налевајте во супата.
    6 Извадете на сад, додадете лимонов сок и сол по вкус и се промешајте.

    Bреме за подготовка 15-20 мин.
     
  10. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Девојки дај писете ми рецепт за кари сос.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Ова е рецепт за сос за шпагети(инаку од емисијата кујната на ана-хрватицата)
    се пропржува лукче на маслиново убаво да се зацрви се додава и ливчиња мајчина душица и сол.5 домати се сечкаат ситно и се ставаат и тие во тавчето.шпагетите до пола варени се земаат и се ставаат во сосот да докрчка и да се доварат шпагетите.кога се сервира се става пармезан одозгора и готово е ;) лесно и едноставно и мнооогу брзо ;)
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Сосче за тестенини секогаш правиме дома кога се спремаат макарони или шпагети
    Јас си го припремам ова сосче малкицчу е помрсно ама затова е прсти да си изедеш.
    потребно је :

    200гр Сланина ( тенко исечена )
    200гр Шумкова ( тенко сечена )
    Зејтин
    Путер 2 лажици
    500гр Шампињони ( сечкани се подобри )
    1 чешне лукче
    пола пакување тестенини

    прво ги варам тестенините ( но мора убаво да се сварат ) одкако ке ги сварам нив ги процедувам и ги оставам настрана.

    Потоа следува припремата на сосот
    Во една поголема тава ставам една лажица путер и зејтин и додавам салце ( може и доматно пире или кечап ) одозгора прелевам една чаша вода, додека това се загрее сечкам сланина на ситни коцкички, исто и шумковата, одкако ке изврие пола од водата ги ставам Сланината, шумковата, шампињоните, и лукчето. Си додавам и по еден грст оригано на това а понекојпат наместо оригано морско орефче.
    Кога ке сде пропржи све това го додавам во тестенините ( предходно процедени ) и тенџерето повторно го вракам на шпоретот, повторно све заедно пропржувам едно 10 минути додека да се упие.одкако ке ги ставите во тањир може одозгоре да изрендате и малку кашкавалче,илои да ставите една лажица павлака
    на здравје тестенинки :)
     
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Женски ај некој ако знае сос за месо????
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Прелив за месо и риба
    200 мл. кисела павлака
    3 лаж. мајонез
    1 лаж. лимонов сок
    1 чешне лук
    сол по вкус

    Татар сос (за поховани јадења)
    Рендани кисели краставички
    оригано или сушен магданос
    мелен црн бибер
    сол
    1 лаж. бело вино
    мајонез
     
    На Samomarija.056 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сос за тестенини

    Потребно е - мелено месо, печурки, 2-3 моркови, кромид, доматен сос или пире, Хопла за готвење таа што јас ја викам безвкусната, значи без шеќер што е, магдонос, босилек,Вегета.

    На кромидот кој ќе се стави на загреано масло дури не добие убава боичка се додава меленото месо. Намерно не пишав количина на мелено месо или печурки бидејќи јас ставам буквално колку што имам, или па ако ми останала од нешто др. што сум готвела извесна количина. Кога месото ќе биде веќе добро пропрзено, се додаваат печурките кои се динстаат со малку вода дури не се зготват добро, потоа се додава морковот рендан. После извесен период се додава доматен сок или пире јас имам готови кои ги пастеризираме во теглички од половина кг. па ја додавам тегличката, ама како замена овде мислам дека би било добро да се употреби „Томатино„ или „Томатело„ се викаат готови доматни пиреа во тетра-пак ги има по продавниците. Откако ќе проврие во доматниот сок/пире се додава и Хоплата, па на самиот крај се додаваат магдоносот, босилекот и Вегата или др. сличен зачин.
     
    На Pocahontas9, marince87 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вака и јас спремам (само што јас ставам оригано, а не босилек), затоа пред некој ден прашав дали хоплата е посна, немаше да ставам мелено месо... :lol:
    Е сега прашање-Дали вака приготвениот сос може да се стави на пр. во ватостално, да се измеша со претходно сварени тестенини (шпагети или макарони поконкретно) и да се потпече, дали може одозгора да изренда кашкавал и да ја изоставам хоплата? Пробал ли некој вака нешто?
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Лолита, босилекот е секогаш добитна комбинација кога се приготвува нешто со домати ;) ! Не за џабе кај Италијанците е неизоставна оваа комбинација. И на тазе скинати доматчиња за салата се додава тазе набран босилек :) .
    Јас лично не сакам мешање на сосот со тестенининте и взаемно потпекување иако не верувам дека би било лошо по вкус, а Хоплата му дава покремаста структура на сосот, ама кашкавалот не е никогаш на одмет да се употреби јас го сакам неизмерно, посебно така изрендан и потпечен би било превкусно сигурно :) .
     
    На Pocahontas9 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Бешамел сос

    мојот омилен..
    две-три лажици маргарин или путер се топат на загреано тавче се додава малку брашно.Треба да добиете кашеста смеса во која потоа се додава млеко, вегета , црн бибер и печурки (понекогаш сакам да користам сушени печурки и уште додавам нане, лук во прав, чили и кари)Обидете се смесата да биде хомогена, да нема грутки.На крајот се додава сецкана или рендана шунка и кашкавал.

    Сосот се става во шпагети ама мене некако со се ми оди особено со топчиња од соја во сусам :D
     
  19. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Кој зачин најмногу оди со тестенини ? Моментално моите не се дома и не знам со што да ги искомбинирам, да не бидат суви т.е само обичниот сос од кесичка.. Хелп ?
     
  20. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Зависи како сакаш да ги јадеш...Можеш, откако ке ги свариш да ставиш една туна,една павлака до 2 максимум и една лажица мајонез...ке му ставиш оригано, сол малку бибер и готови се...се јади ладно......
    Или пак пропржи печурки и шунка на путер и додади една павлака и мн малку сенф ...да проврие 2-3 мин и потури ги ...можеш одозгора и кашкавал да нарендаш...
    Друго шо ми текнува во моментов е откако ке ги свариш да ги ставиш во тавче во кое претходно има кечат на дното зачинет со пипер,оригано и вегета ...потоа да исечкаш сирење на коцки да го ставиш врз макароните и врз сето тоа оригано...Во релна 5 мин, после јас ставам лентички шунка, краставички кисели,маслинки и ги ставам уште 5 минути и на крај рендам кашкавал и пак 5 мин во релна...многу е вкусно.... ;)
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.