Секој ја има доживеано првата љубов. Првата љубов немора да биде само љубовта од спротивниот пол, може да биде и мајчинската љубов, љубовта меѓу тебе и брат ти и тн...
Дримке еве ти на Љубов во срцето мое,како за мотивација,па можеш и да измениш.Првиот состав едно дете со мене што учи го препиша и доби 5ка.На првата писмена http://odgovori.mk/q10312
ако може некој да ми помогне во врска со темиве (ВЕ МОЛАМ ) -Борбата за капка чиста вода (реалнос или измислено) -Влијанието на човекот врз биодиверзитетот -Каков транспорт за здрав живот
Борбата за капка чиста вода Оваа тема јас мислам дека може да се поистоветува со „Борба за честа“ Каде се загуби оваа човечка особина? Она што во минатиот век, и вековите пред тоа, кај обичниот народ претставуваше светост... имаше ранг на божество и се чуваше исто онака како што се чува вербата во Бога.Оној кој ќе ја загубеше честа значеше дека извршил социјално самоубиство. Тој кој заради било каква причина го загубил достоинството можеше да се прости од комуникацијата во чаршијата. Што се случи со честа?Брат за брат, чест за пари... Општествената положба, алчноста за уште и уште, хедонизмот и останатите сетилни убавини, ја масакрираат честа до степен што истата мора да се повлече во некое малечко, забутано, никогаш повеќе посетено место. Ретки се луѓето кои со човечност и без манипулации, ќе остварат егзистенција. Многумина имаат лице на божества и денес, но души изедени од кисела злоба, подготвеност да се продадат себеси, својот дигнитет и човечност, за она кое им изгледа поприоритетно, да речеме "сигурен живот". Прв пример на проституирање на достоинството е за мене, бракот склучен од интерес. "Сигурна иднина" е најчестиот облик на образложение кое лицемерите ќе го дадат за да си ја погалат совеста и да ја замаскираат сопствената долност и мизерност. Колку"сигурно" може да биде нешто, во живот кој се живее еднаш, и дали парите можат да го купат мирниот сон, топлата мајчинска прегратка, сончевите зраци кои во пролет ја галат кожата...? Може не е изгубена но е некаде длабоко закопана, под тепихот на нашите лични интереси. И би рекол многу повеќе глумат дека ја имаат оние што помалку ја имаат. Еве ти нешто, да не е без ич, доколку ти помогне ова, ќе бидам среќна!
Makeдонски Можеби има ваква тема не разгледав но итно ми треба .. Правам писмена на тема ‘‘Улогата на жената за време на бојната на балканот‘‘ од делото ‘‘Пиреј‘‘од Петре М.Андреески. Ме интересира дали има некој што пишувал на оваа тема или барем може да ми помогне што да има во воведот?
Дали некој може да ми помогне барем малку нешто да ми напише на тема. Казната и простувањето нешто поврзано да е со Злосторство и казна. Ми треба итно па ве молам некоја да напише ако може.Фала многу
а што тебе тоа да не ти смета? Точно е тоа дека никој не би се мачел за друг да напише дури и готов да го има затоа што у денешно време ретко кој е човек.
ми треба состав за Гилгамеш.нешто во везе со бессмртност,дека тој ја бара безсмртноста.. така несто треба да бде составот, кој знае нека пишее фала од напред!
Makeдонски I mene mi trebaat dva sostava ako sakate da mi pomognete temi te se: 1.pismo (za nekoj moze da e nekoj sakan,nekoj roditel itn) 2.ne sonuvajte nedostizni sonovi ve molammmm mi trebaat za vo petokk
Случајно некој да има по нешто од овие теми: 1.Нашето племе е пиреј (од романот пиреј Петре м Андреевски) 2.Животот поминува, создаденото останува. 3.Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во своите соништа. итно ми треба ако има некој нека помага фала однапред *
Еве за Пустина од Ѓорѓи Абаџиев среќа Пустина започнува со диск*рс кој застапува една наследна наративна „придавка“: постои една состојба на работите, од претходно дејство: Арсо и Глигор, двајцата преживеани од акцијата на солунските атентарори се наоѓаат во затвор; нив ги изведуваат на судење и паралелно со текот на судењето, во ретроспекција се дава текот на акцијата. Пресудата е првото јадро во романот: оние што се бореле за слобода се осудени на смрт со бесење. Втората глава се случува во еден малоазиски затвор. (..) Тука станува збор за наративна единица од типот на чекање (пресудата ќе се изврши или не), која ќе му послужи на нараторот да исцрта цела една галерија престапници во затворот. (..) Се трага по смислата на злосторот и од гледна точка на ликовите се обидува да се оправда тој кога е во функција на позитивна антрополошка вредност (револуцијата на Глигор и Арсо). Конечно крајот на втората глава отвара простор за ново јадро: добиено е ветување од еден човек дека ќе ги изведе Глогора и Арсо од затворот. Се отвара бинарна алтернатива: ликовите или ќе избегаат од казната што ги очекува, или ќе останат во затворот. Сижето се наоѓа пред нова критична точка“; проблемот е во тоа што новото јадро, ветувањето не е само дистрибутивна, ами и интегративна функција која упатува и на вертикално читање: јадрото станува и индиција за моралната состојба на ликот Арсо: „Може ли и каде да се избега од совеста, тој необичен тиранин?“. Од тоа јадро натаму (бегство = слобода) Арсо и Глигор имаат различни наративни цели: Глигор ја гледа слободата во животот, додека Арсо гледа конечно ослободување во смртта (прави план да се убие). Тоа го носи третото јадро во романот: бегството кое само делумно е успешно – Глигор успева да избега низ отворот на пештерата, а Арсо останува внатре. Четвртата глава („Пак заедно“) Арсо и Глигор се повторно заедно и тоа отвора можност за нова наративна програма. Арсо е во нов затвор веќе две-три години, кога, еден ден Глигор влегува во неговата ќелија: бегството на Глигор било од „времен“ карактер. Следува ретроспекција: се соопштуваат случките на Глигор со јатакот Едип, потоа љубовната епизода со Арапката Смарагда. Повторно бегство, Глигор е на излезот, Арсо веќе се има обесено пред излезот, внатре. Паралелизам со претходното дејствие, само што овој пат Арсо одлучува да си го одземе животот и да стави крај, вистински финиш на својата револуционерна приказна. Тоа повтроно бегство на Глигора на наратот само му служи да го докомплетира ликот на Глигора, да го оправда неговиот витален став кон животот, додека пак, за Арсо, неговата одлучност и поврзаност од животен карактер кон идеалот и целта што ги поставува пред себе. Пустина е во вистинска смисла на зборот роман на ликот, дури, би можело да се рече дека тој е роман со само еден лик, лик на револуционер во кој остро се јавува моралната дилема: револуција (смрт) или живот (ропство). И Арсо и Глигор сакаат да се слободни, само станува збор за различни интерпретации на еден ист наративен субјект – слободата. Во разговорот со ладнокрвниот убиец Џемаил-Ага, тој не може да ја сфати смислата на убивањето во револуцијата, па ја поистоветува неа со обичниот злостор. Арсо, за разлика од Глигор кој е активен лик, доживува грозно измачување на совеста, тој е пасивен лики. Дури и кога разговараат за љубовта Арсо (во сеќавањата за Ана) се залага за „духовна“ , а Глигор за „телесна“ љубов. Ана на Арсо е видно интелектуализирана, соучесник во револуцијата и во дебатите на смислата на животот и слободата, додека Смарагда на Глигора е егзотично еротизирана. Во најголем дел од романот гледната точка е онаа на Арсо (со исклучок на епизодата со судењето во кое на неколку странички се допушта гласот на нараторот да раскажува гледајќи со очите на Глигор, како и некои други помалку важни партии). Нараторот е многу помалку со Глигор, тој дури кога настанува физикално разделување на двата лика се решава за гледната точка на Арсо, а потем, откако Глигор е фатен и вратен, самиот лик раскажува за своите доживувања низ пустината. Значи, нараторот покажува извесна склоност кон гледната точка на Арсо; тоа е оној ефект што Ејтен Сурио, пишувајќи за драмските ситуации го нарече ефект на „симпатичен лик“.
Ми треба состав на тема:Пишувам писмо до мојата прва љубов! Дали некој знае да ми каже..ако ми каже ке ми помогне многу бидејќи ми е за писмена работа..фала однапред.
абе да речеше дека ќе напишеш некое писмо за женската ајде да пишувавме ама ти за писмена и тоа на 18 год- прва љубов ... p.s. смени си годинките не лажи
Ќе може некој да ми помогне? Ми треба. состав на тема "Успехот е триумф за упорноста". Воопшто немам идеја ни како да започнам... Ако сака некој да ми помогне со составот нека ми пише во лп. Благодарам