Дали вашето дете спие во вашиот кревет во текот на ноќта ? Мене ми треба еден совет. Ќерка ми додека беше бебе бидејки немаше своја соба , спиеше во креветчето нејзино заедно со нас во иста соба. Од кога се преселивме во друг стан сега си има своја соба , но проблемот е што нејзиниот кревет е отворен ( напред нема ограда) , а навечер ако се разбуди не плаче , ниту нешто ке рече самата станува и оди во другата соба..инаку со нас спие од 9-тиот месец. Од друга пак страна нема место тројца во кревет се буткаме , мене ме боли грбот секој ден.. Имате ли некоја идеја што да направам?
Колкава ти е малечката? Ако сте сами тројца ќе имаш мака, таа е веќе научена да спие со вас. Пробајте со креветот во нејзината соба, ставате ограда, лесно се прави тоа, сигурно маж ти барем малку се разбира во тоа, ако не проверете на интернет сигурно има. Малку по малку да се одвикнува да спие со вас. Друг начин, да и купите нов кревет. Но пак ќе кажам, ако од малечка е научена, ќе ви биде многу потешко.
Според мене,најлошото нешто е да спијат децата со возрасните.Не дека јас моите не ги прибирам,или не доаѓале ама не дозволувам секоја ноќ да спијат кај нас.Спиеле и тие кај мене особено кога се болни,да ми се на дофат на рака.И верувај знам како е да спијат тројца па и четворица на спална.Некаде читав дека нашиот организам како постар,ја црпе енергијата од помладиот,во овој случај на детето.А не сакам така.И сега знаат да дојдат кај нас во спална ама навистина ретко,син ми веќе дали и еднаш месечно ,со ќерка ми е потешко да постигнам договор. ,сега веќе ако таа легне во спална јас легнувам во нејзиниот кревет,или пак маж ми.Ќе се одвикне полека,деца се тоа,растат...не знам дали си пробала со запалена столна ламба,зашто децата се плашат од тотален мрак.Или пак јас сум ја играла играта истерување на лошите суштества од под креветот...им ја давам нивната омилена играчка и спијат без проблем.
Јас одсекогаш сум била децата да спијат одвоено од нивните родители до сега еве син ми има 2 годии има со нас спиено вкупно 4-5 пати и тоа било кога имал температура .. инаку си се навикна да си спие во своето креветче и ретко бара да да го земам кај нас. Јас со душа чекам да си легнам во брачниот кревет да си се погушкам со сопругот, да се опуштам, а не цело време да пазам да не го потиснам па да не го откријам. Можеш да и објасниш дека големите деца спијат сами , многу зборувај и или за почеток легнувај со неа во кревет додека заспие да после преместувајсе со тек на време нема да бара да заспива кај вас .
Пред се треба да ја седнеш и да ја третираш во тој момент како поголемка, и да и објаснеш дека таа си има свој кревет и своја соба и дека местото не и е кај вас. Убава идеја даде и членката погоре, можеш да и купиш некое големо мече и да и објаснеш дека тоа ја чува секоја вечер, да спие гушната со него. Искористи ја фантазијата и склопи целосна приказна, дека и е чувар мечето и нема да дозволи ништо да и се случи. Ќе и го повторуваш тоа секој ден и ќе научи.
19 месеци Да , баш ке пробам нешто и тоа од вечерва , ке ставам столчиња ли , ограда ли ке одам да купам , ама подобро веке да не ја ставам со нас да спие
син ми има 9а керка ми 5 години и на прсти можам да избројам колку пати спиеле со мене и маж ми ког абеа бебиња спиеја во иста соба со нас али во бебешко креветче кога потпораснаа правец во детска собра прво бато а после му се придружи и дада
Упс, не забележав дека имаш долу тикер сории Малечка е уште, нема сигурно да разбере. Еве освен предлогот да и ставите ограда (верувај ако се потрудите многу е лесно), можеш како што кажаа погоре и со мече, потоа има од оние сијалички во разни форми што се ставаат директно во штекер, во боја, па така нема да се исплаши ноќе ако се разбуди. Нареди и играчки околу, кукли да знае дека е заедно со својата дружина
Баш вчера читав во српското списание Моја Беба за одвикнување на детето да спие со родителите. Кога ќе се разбуди и ќе дојде кај вас во кревет, треба да го вратите на неговото место да го бакнете и гушнете додека не заспие. И ако се разбуди и пак дојде кај вас пак да го вратите во кревет. За ова треба упорност и најверојатно ќе останете ненаспани неколку ноќи, ама демек се исплати, детето ќе научи каде е неговото место. Е сега не знам како е во пракса.
Коритсаки јас најпрво би ја научила да спие во нејзино креветче кое би било во нашата спална и откако ќе го прифати тоа ,тогаш со креветчето би ја префрлила во нејзината соба.Ова веројатно би бил процес од еден месец ,но оваа промена кај деца кои веќе разбираат е многу чувствителна.Детската соба во прво време додека се учи да спие во нејзиното креветче би ја користеле денски за игра ,се со цел да го почувствува и засака просторот,а така и ќе се види дали детето нешто од мебел или декорации го плаши или му смета.Дај и малку време
Од бебе ја ставам ќерка ми да спие во креветче. Полесно е нормално да ја легнам до мене и да ја успијам, ама и јас си го сакам мојот простор, а и таа. Првите неколку недели беа страшни, но после таа се навикна и сакаше да си спие во нејзинот креветче со нејзината играчка. Ја легнувам до мене (мм го бркаме во дневна ) само кога е болна, посебно кога има температура. Знае после некое време да се навикне да заспива со мене, ама ја преместувам после во нејзиното креветче. Кортисаки, ти препорачувам да ја легнеш во нејзиното креветче и таму да си читате книга или да си раскажете приказна, или што и да си правите пред спиење, и таа таму да заспие, но ти ако треба биди до неа додека не заспие. Ако дојде кај вас во текот на ноќта, повторно двете вратете се во нејзината соба и со тоа и покажуваш дека тоа е нејзиното место за спиење. И најважно од се е мислам спиењето преку ден - не ја легнувај до тебе преку ден, повторно легни ја во нејзината соба. Со среќа!!
Малата засега спие на спална со нас, попрактично ми е кога станува да цица. Баш поради оваа причина кога биравме спална сакав да е поголема(поширока) од стандардните. Не собира без проблем, и воопшто не се плашам дали ќе ја згмечам и сл, зошто имаме доволно место. Е сега кога ве читам искрено страв ме фаќа. Затоа одлучив уште пола месец-најмногу месец дена да биде на спална, а потоа да ја префрлам во креветчето, таман ќе треба да почнеме со одвикнување од ноќниот оброк, па кога ќе станам ќе треба да ја нишкам и шетам, нема да цицаме. Мислам дека ќе успееме, сеуште е многу мала за да прави проблем околу ова, според мене. Се надевам дека правилно постапувам .
Не сум баш сигурна дека нема да ти прави проблеми МеУ....без разлика што е мала, таа сега спие до вас, ве чувствува, ве мириса и така заспива и е мирна. Ако решиш да и` го тргаш ноќниот подој за 1 месец од сега, мој совет ти е уште веднаш да ја префрлиш во креветче, за прво на тоа да се навикне, а потоа одвикнувањето од ноќниот подој. Иначе мислам дека многу промена ќе и` дојде, ем мама ќе ја извади од нејзиниот кревет, ем нема цице да и` дава...
Сето ова ми изгледа така идилично да го прочитам или советувам некому, но морам да признаам дека најубаво ни е кога спиеме со малата до нас. Се гушкаме бескрајно и сите спиеме мирно... Си велам.. нема па доживотно да спие со мене... но кога е вака мала, кога толку многу сака љубов и внимание, навистина не сакам да и ускратам некојпат...Па така, кога навечер спие немирно и е плачлива ја земаме со нас, и потоа е многу поспокојна. Знам дека на некои од вас ова ви е неоправдано, но јас мислам дека е прекрасно чувството и не гледам ништо лошо. И тројцата уживаме, а тоа ни е најважно. Не планирам на сила да ја двојам од нас, не инсистирав за прекинување на ноќен подој додека беше толку мало бебе од месец два три... за мене тоа ми е некако... чудно... и таа самата постепено многу добро си осозна, кога е време за јадење а кога време за спиење. Се сеќавам како мала кога посакував некојпат да спијам со моите, никојпат не ми ускратија а јас бев пресреќна. Истото сакам и јас да и го овозможам на мојата ќеркичка.
Спиењето со родителите и за детето и за нив мислам дека е многу добро, позитивно. Потполно се согласувам со Гирл1985. Јас многу сум помирна сега кога е до мене, полесно ми е. Скоро секогаш ја вртам со главчето накај мене за да ја гледам и слушам преку ноќ, како би знаела дека е се во ред. Синоќа со маж ми правиме муабет, демек да решиме од кога ќе ја префрлиме во креветчето, и никако не ни се совпаѓаат работите, се нешто ни смета(претежно банални работи), даската за пресоблекување каде ќе ја ставиме, па како ќе ја гледаме, јас пак се грижам како сама, а зима доаѓа, да не и е ладно, па да не се открие(вреќичка не сакам)... ништо не не води кон тоа да ја оставиме сама да спие Вчера цел ден сум размислувала за ова, воедно се трудев да се присетам како било кога јас сум била мала. Не памтам да сум спиела со моите, не памтам и проблем да сум правела, но знам дека одев кај нив кога грмеше и сонував лошо, а мајка ми спиеше со мене кога бев болна. Па еве на крај мене ми беше смачено кога на 8години требаше да делам соба со нив и сама си побарав да спијам на друго место. Што значи муабетот ќе ми се совпадне со на Гирл1985, дека детето само ќе си побара друго место за спиење. Здравје ќе видиме како ќе биде работава
Ќерка ми од првиот ден кога ја донесовме дома си спиеше сама во креветче, т.е. прво во лулка, па во количка и на крај во креветче . На прсти може да се изброи колку ноќи спиела со нас и најчесто тоа било кога за жал, била болна. Можеби и затоа што јас и мм спиевме на помал кревет па немаше место, ама и кога ја купивме спалната си продолжи да си спие во креветче. Плус и по цели ноќи се будеше и бараше сок па немаше резон ниту пак некаква шанса да ја одвоиме од нас (од нашата соба). Ќе ги додадам тука и економските причини, детската соба не ја топлевме преку зима, па зашпаравме некој денар и на струја ....ама оваа зима сме го јадела, ем ќе грееме, ем струјата поскапе Тоа е. Со нас во соба спиеше до ова лето. За прв пат ја издвоив пред некој месец, најпрво заради тоа што чекавме нели бебе, а и затоа што тргна на училиште па ќе и треба мирен сон во текот на целата ноќ, а не бебе да и` кенка и да ја буди. Ептен ми дојде душава на место што немавме проблеми при одвојувањето. Последниве неколку дена бидејќи е поладно дури и спие сама во соба со затворена врата. Не го форсирав одвојувањето, само по себе си дојде. Ја проверувам по 100 пати, да не паднала, да не се открила.... и онака се будам за бебето па успат и неа ќе ја ѕирнам. Од друга страна па син ми од прв ден спие со нас т.е. до мене иако лулката е спремна . Некако јас се чувствувам посигурна додека е покрај мене, ми се чини дека нема да го слушнам ако се разбуди, дека ќе се комирам од умор и се плашам да не се расплаче и да не не успеам да го смирам. Вака си спие до мене или меѓу нас и ако прикенка одма за секунда го смирувам. Планирам да го преселам во детска кога ќе почне да ја преспива ноќта без да се буди. Дотогаш ми нема смисла. Се надевам покрај сестра му нема да ми прави проблеми ...има време.
Друго е детето повремено да спие во брачниот кревет, а друго е кога тоа се повторува секоја вечер. МеУ еден месец има поминато и сеуште е рано, уште немате потреба од интимност со сопругот, телото по породувањето не е вратено во нормала, а тука е и возбудата за малечкото. Затоа и оправдувам спиење со родителите до неколку месеци (не знам колку 2,3, немам искуство), зборувам за константно спиење со родителите, ама не и повеќе. Сепак и на родителите им е потребно да ја одржуваат блискоста. Јас не би го учела детето да спие со нас во кревет, знам дека ќе ми биде мерак и се тоа, меѓутоа подобро е да се научи во своето креветче уште како малечко. Туку ајде за едно 2 месеци ќе видам и јас како е во пракса, па ќе ви пишам.
Јас кутрата поради оправдани причини од полни 3 години сама в соба. Малово не сакам да го научам со нас да спие,можеби за тоа се одлучив оти пријатели наши тек на 6 и пол години ја одвикнаа малата, која и сега знае чат пат да им се провлече в кревет. Го земам со нас само кога е вознемирен, па кога ќе заспие и е смирен,го префлам во креветчето од кое дели само една мала наткасна и совршено го гледам низ решетките.И се трудиме многу во раце не, што помалку. Без проблем сам си лежи и се занимава гледајќи играчки, потем сам ќе задреме. Имам потреба и јас да го гушкам, оти знам еден ден ќе си порасне а тогаш ќе треба да го бркаш за да се гушкате. Така да, некоја златна средина.
Моето од само раѓање спие во нејзино креветче . на почетокот креветчето беше споено до нашиот кревет. Мене посигурно ми беше да си спие сама , од причина да не ја бутнам или удрам во спиење . сигурно си е сигурно. Сега на 7 месеци почна да ја преспива и цела ноќ па ја префрливме во нејзина соба.. Додека беше со нас во соба, стално се будеше ,а некој од нас мрдне она се буди.. вака си има мир и си спие убаво.