1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиење во брачниот кревет

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 5 ноември 2012.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Мене не ми влегува во глава тоа спиење во ист кревет, мајка,татко и бебе. Колкав и да е брачниот кревет, не му е намената за возрасни и бебиња заедно. Едно е да го земам секое сабајле за утринско гушкање или доколку е болничко полесно да си го заспивам до мене, ама секојдневно спиење да му дишиме на бебето во врат некако не ми е прифатливо.
    Јас ни со креветче не би го држела повеќе од неколку месеци додека да си го фатиме редот и да си се запознаеме, после тоа во неговата соба одма до нашата што не делат 3-4 чекори.
    Утре може ќе морам да го оставам некоја вечер кај бабите, или на викенд во Маврово или на море со баба и дедо, не би сакала да го мислам дали спие или плаче секоја вечер за мене и брачниот кревет.
    Ќе си се гушкаме ние по цел ден,нема да му скратам од љубовта ако и во сон не се делиме.
     
    На kate21, CudnaZena, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Ако јас се прашувам уште година време малата слободно нека си спие со нас :lol: Некако се ми е размешано после породувањето, никаква желба за блискост не постои кај мене :sweat: се надевам со тек на врмее ќе се врати се во нормала.
    Не е работава за мерак да ми е со бебето, колку што се работи за тоа колку е практично при доење, а посебно при набљудување, зошто ова мојот звер знае во тек на спиење да се засркне па скокам да ја потчукнам.
    А ако некој е ненаспиен и не му чини целата оваа ситуација тоа сум јас, зошто маж ми не ја ни осеќа кога плаче и станува за јадење, а јас на секој звук(а нон стоп ги испушта додека спие) , скокам и сум жива ненаспана. Затоа кога сакам да поспијам неа ја оставам со татко и во дневна, а јас спијам во спална.
    За место на кревотот, можеби ви изгледа нереално, но дека е поголем креветот има навистина доста место за сите и тоа ептен ни е комотно, ниту се буткаме, ниту се допираме. А малата во никој случај не ја ставам меѓу нас, туку на крај, така ми е посигурно и покрај тоа што ни е широк креветот.
     
  3. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас сум голем противник за заедничко спиење.
    на почеток така мајката не е наспана и па уште да го клај бебето до неа и спиење....некогаш онаму
    јас од првата ноќ ко се породив не го ставав со мене да спие и ко си дојдовме дома дирек вкреветче...
    е имаше еден исклучок ко примаше вакцина беше преплашен и рачето многу му беше потечено и нејќеше ништо живо вкреветце па го легнавме меѓу нас
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Mалата со нас спиеше до 18 месеци,колку ми е мака што не ја ставив директно во креветче дури беше бебе,ама ако за другото ке си знам :)
    Kолку ноки непроспиени имавме додека се научи сама да спие,ма и нас почна да ни смета в кревет,над мене спиеше и ми тежеше :|
    Cега има 3 години и едвај чека да оди да си спие кај нејзе.

    Tешко е да се одучат после,затоа најдобро е дури се бебиња да се научат сами да спијат.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мојов чат-пат спиеше во креветче. Е од пред неколку дена ИЧ. Кога ќе му речам, ајде да спиеш во твоето креветче почнува да писка, да плаче, да вика. И никако не сака. Ама јас го заспивам во мене гушнат, па го ставам во креветче, така нема мака. Ама ако се расони и виде каде спие одма плачење на сет глас.
    Ама и јас за второ си знам. Уште од прв ден во креветче, нека плаче, ќе се навикне.
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    МОето бебенце уште од првиот ден кога дојдовме дома спие во креветче и до сега еднач само има спиено до мене и тоа преку ден иначе се во креветче.... :angel:
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на тој што го напишал ово ама изоставил битен дел-Што да правиме во тие 3 години со сопругот/партнерот?
    Или тој не е битен веќе, аууу станавме мајки и ништо веќе не е битно |(
    Тоа дека е психички здраво за дете до 3 години да спие со мајката, искрено немам прочитано поголема глупост, што е добро за дете од да речеме 2 години кое што се буди и го начекува тато врз мама, или додека спие со мама детето нема секс :?:
    Ако нема секс тогаш како ќе израсне во психички здраво дете кога го одгледуваат двајца сексуално исфрустрирани родители, нема шанси да израсне во здраво, нормално самостојно дете....може да израсне во оние деца што незнаат ништо подалеку од скутницата на мајка им.

    Син ми од прв ден спие сам во соба, ниту има немирен сон, кога му се спие заспива било каде и во било која положба (неколку пати ми има заспано во полустоечка положба, со главата на спална, фотеља, со нозете на земја :lol:) кога не му се спие, не со мене во кревет да го земам и на покрив да го качам исто ми се фаќа.
    Досега освен сипаници а тие се заразни од ништо не боледувал така да за мене и таа теорија дека е поздраво тоа дете што спие со мајката отпаѓа.

    Кој како сака така нека си прави, јас малиот го земам во кревет само кога сум будна да се гушкаме а за спиење си има своја соба, покрај тоа што сум мајка јас сум и сопруга и да сексот ми е битен, затоа се вика брачен кревет, да се извршуваат брачните должности во него :P , не да се туткаат мајката, таткото и детето 3 години во него :x
     
    На elena.mak, kate21, DeMelo и 9 други им се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Ќерками ретко спие со нас , ептен коа имаше температура ...
    друго додека спиеше со нас во соба , а некој мрдне , зборне недај боже она отворила очи :tmi:
    Вака си почна во нејзина соба да си ја преспива цела *скоро* вечер
    Го имаме цееел ден за да си се гушкаме ..ама спиење си е спиење :!:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Кога син ми спие со нас, никој од нас тројца не е наспан како што треба. Кога спие во креветче, спие помирно, не му е жешко и не се буди, за разлика од кога спие со нас. Па затоа, само креветче му е мајката. Со мене ќе спие ако има некој проблем, на пример деновиве спиеше со нас, да го следам да не ми качи температура, покрај проливчето, што знам. Ама ноќеска си јадевме нозе и јас и мм, па затоа ќе го ставам назад во креветче. Има кога да се гушкаме, не дека мора кога спиеме да го правиме тоа.

    И да не се повторувам, битерсвит си кажа убаво.
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Д-р Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун препорачува новородените да спијат на градите од својата мајка за да ја чувствуваат нејзината топлина и срцева активност особено првите неколку седмици од својот живот. Според него тоа е гартанција и услов за добар развој на малото. После тоа до навршување на 3 години бебето треба да спие на ист кревет со својата мајка.

    Еве син ми до 3 месеци спиеше исклучиво на моите гради.
    Ова не сум го читала нигде, никој не ми го кажал, туку кога имаш мака, се' ќе пробаш.
    Уште од прв ден, од болница, само што ќе го ставев во креветче, почнуваше да вришти, заспиваше исклучиво нишајќи го во раце (до 3 години така беше, знам самата сум си крива :tmi: ).
    Денес на скоро 4 годишна возраст заспива било каде само да сум до него додека да заспие (ама убаво да заспие), после можам да го оставам да си спие сам.
    Инаку во "вонредна состојба" (температура, кашлање, итн.) спиеме заедно.
     
  12. K-8

    K-8 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    12
    синот спија со нас, има свое креветче но многу многу и не го користиме баш. Сега има 4 год. и веќе се навикна да спие со нас.своја соба нема , мислам дека кога би имал би се научил.проблемот е и во нас.јас и сопругот се навикнавме така и ако не е така ние потешко заспиваме, се гушкаме навечер сите гледаме филм на лап топ и си легнуваме .спалната е поголема сеуште има место, но проблемот е друг .кога сакаме да бидеме интимни не можиме. тоа е мислам и најголемиот проблем кај родителите што спијат со нивните деца
     
  13. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    194
    И моето синче беше едно огромно плачко кога беше помал ,не оти сега не е ама во помала мера,и нон стоп ми беше дигнат и на градите ставен да се гушка ,легнат не сакаше никако,денеска си спиеме заедно многу ретко да спие само во креветче ,инаку имаме лулкамдрвено креветче и монтажно креветче за џабе се,мош понатаму ќе ги искористиме ,инаку е да интимноста меѓу мажот и жената е на нула ниво,тоа е веќе така кај нас две ипол години
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    моментално немам бебе :) но кога ке имам до одреден период нормално дека ке спие со мене а потоа кога ке зарасне и кога ке поЧне да знае ке спие во негово креветЧЕ :)
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    да даголем проблем е тоа али тражили сте гледајте хахаха шала настрана пуштете го детето да си спие само
     
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Jас имам 18 години и сеуште спијам до мама. :D
    Тато е трета смена на рбота па јас си се угнездив до мама.
    Плус :!: До пред некоја година спиев и до тато.. Сеа ептен нема смисла веќе.. :D

    Така што не гледам никаков проблем што дечињата спијат до вас. Така се чувствуваат посигурно и плус имаат друштво.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Еве ние да се пофалиме, на 4месеци почнавме да спиеме во креветче и морам да кажам дека сето тоа помина без проблем. Значи мајки не се брзајте, и без грижа секое бебе ќе се навикне да спие само.
    Кај нас дефинитивно бебуш немаше проблем, туку јас. Мене ми беше мака, ми беше жал да ја оставам сама во креветче, сакав да си е до мене, а и за цицање преку ноќ полесно ми беше со оглед на тоа дека бев царски. И сега цица, но само еднаш навечер, па не е некој проблем додека да станам, да ја земам.
     
    На Annath, stefi23m и DeMelo им се допаѓа ова.
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас од толку инаетење дека нема да го оставам да спие со нас деновиве почнав на сабалје кога несака да заспие да го легнувам меѓу нас да му дојди дремка.....по некое време и јас сум заспала и тој заспал....
    :( :( :(
    мора пак да почнам да терам инает
    ич нејќам да се научи со нас.....
     
  19. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Незнам јас секогаш заспивав со моите после се разбудував во друг кревет..Незнам јас уште сум мала за дете па кога ке имам ке го легнувам до мене се додека не потпорасне а потоа ке го легнувам во неговиот кревет :)
     
  20. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Пријателка моја големата ќерка ја научи да спие со неа, и еве ја 10 год има уште спие со мајка и, а бебето од 1.5 година спие само. Значи како ќе го научиш детето.