1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиење во студена или затоплена просторија?

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 11 октомври 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Откако фати ладново, се мислам што е подобро, дали спиење во затоплена соба или во ладна?
    Синоќа го ставив Ј во спалната каде што не беше затоплено, се разбуди веднаш, па решивме да преноќеваме во дневната каде што беше топло.
    Јас сакам да го научам да спие на ладно, мајка ми ми вели мал е уште за да спие на ладно.


    Ваши совети и искуства?
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Блонди и јас ја имав истата дилема и се консултирав со неонаталог. Таа ми рече дека најдобра температура за спиење на бебето е 19 степени целзиусови. Се што е под оваа температура и над неа, не чини. Ја послушавме и постојано ја одржувавме таа температура во просторијата во која спиеме и беше многу пријатно и за нас и за бебето.

    А моите родители од пусто незнаење мене ме свариле кога сум била малечка. Во спалната соба, цело време дувала и акумулирала термо-печка шестица, а мајка ми ме наоблекла, ми ставила памучни ракавички и капче и ме ставила во вреќичка за спиење.Па потоа ме покриле со дупли јорган и ќебе. Утрото кога ме расоблекле сум имала пликови по целото тело, се распаметиле и ме одвеле на лекар. Кога ме видел лекарот, ги направил партал моите и им кажал да ме носат дома, да ме расоблечат и да ме мачкаат со кисело млеко за да ми извлечат температура. И ден денеска не поднесувам топлина.

    Раководи се според себе, така велат лекарите. Ако на тебе ти е топло и на бебето ќе му е, а ако ти е ладно и на бебето му е. Нека не те плашат ладни ножиња и рачиња, бебињата имаат многу слаба циркулација, затоа е тоа така.
     
    На eta, Saricko и Annath им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Подобро да е поладно отколку премногу топло. Ете, убаво кажа Геа, околу 18-19 степени да биде, а во просториите во кои престојувате во текот на денот да биде максимално до 25 степени.
    Ние се грееме со сопствено парно, комбинирано на дрва и струја, па ќе видиме како ќе биде со малиот зимава... пролетта беше ладна, па догревавме во спалната со радијаторче на струја, ама не ја претоплувавме.
    Инаку, кај мене ко да не важи она дека ако ми е мене ладно, и на бебето ќе му биде и обратно... на татко му се метнал :D
     
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Поладно, нечини да се спие во топла просторија ќе неможеш да заспиеш па од жештина :D
     
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    не морат да е од незнаење еве и ЈАС ја направив истата грешка ми влегуваја во соба свекриви,куми, стрини ,аби тетки и сите ми солеја памет да не се разболело детето и ЈАС под нивни ингеренции го претоплив девојцето и заврсивме на децко три дена ! е после дојде пролет па лето и потпорасна па наредната зима си терав до 18 / 19 степени . А за второто дете се си знаев !
    ,, мој совет не слушајте баби, жаби и остали ствари,, ве молам !!! значит до 18 / 19 степени и никако топленје со термопечка таја го сушит воздухот ! или купете си овлажнувач на просторот кај мене имам на работа за продавање и колку што јас можам да видам мене ми изгледаат ефикасни ,,!
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Најдобро е 18-19 степени како што кажаа претходо додека се мали. Во оваа ладна Скандинавија 3 годикнки ги оставаат на снег во врекички да спијат да се јачеле. Не знам како не им е на родителите малку тешко да поднесат. Мене почна да ми студи од самата помисла дете да оставам на снег. Ама и докотрите препорачуваат зиме бар 1 час и 20тина мин на ладното да се носат на воздух.
     
  7. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Јас некогаш спијам во ладно а некогаш во топло.. Но според мене поубаво е во ладно! ;) ;)
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Уф, значи ќе мора да ја загреваме спалната. :doh: Се научив јас да спијам на ладно, бидејќи мм така е научен, па морав и јас така да се навикнувам.
    Ама што се мора за бебето, ќе се направи.

    Инаку се гледа дека на мене е целиот :D топло трпи, ладно не.
    Фала ви на одговорите.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.177
    Јас ќерка ми ја сварив првата година, 24-5 степени беше нон стоп. Ни јас не можев да спијам зошто навикната сум да спијам на поладно, ама шта ќеш... читав негде дека на бебињата првите 3-4 месеци им е поладно, па греев ко луда без да консултирам никој

    После таа зима над 21 степен дома не сум дозволила да се крене, навечер е 19, а преку ден 20-21.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    И јас ја сварив ќерка ми првата зима.
    Се роди на крајот на ноември, и јас од пусти страв да не настине, печката ја пуштав на 3-ка, така што температурата беше некаде 25-6 степени, а кога ја бањав внатре беше фурна, по маица на кимоно се шетав, а неа ја тунтав-боди, чорапи, бебешки ѕиври, шприкозни, капче, да не ги спомнувам тетра и 8-ца пелените, плус и кога ќе ја успиев ја покривав со ќебенце. Бог да чува, ама и јас слушав баби-жаби, вујни, тетки, стринки....го варев детето :tmi:
    Среќа не се исфрли после толку наоблекување.

    Е сега, ние се` уште се грееме со термо печка и почитувајќи ја ефтината струја, само навечер ја полнам, ама температурата не надминува 22-3 степени, може е многу, ама па јас сум зимурлива :( , мене нон-стоп ми студи, а на мм и ќерка ми им е топло.
    Спиеме во топла соба, и искрено немам намера да спијам во ладно :lol:. Некогаш толку ми студи што знам да се залепам до мм да се стоплам, а кутриот тој се препотил :D, и малава е на него, и таа се поти...ништо чудно да избегаат од мене и да ме остават сама :?:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    И јас знам дека за дечиња идеално е 18-20 степени.
    Искрено јас не можам да спијам на ладно а не пак детенце да оставам :( Блонд,најубаво да ставите термопечка па да биде млако,сами ќе си регулирате или пак од овие новите панели.
    Јас за мене да си кажам дека сум многуууу зимурлива.Во најголем студ спијам со хулахопки,плетени чорапчиња а ако ептен отидат степените надолу и блузон или џемпер облакам врз пижамата ,i don't care,се само да се згреам.Никогаш немам спиено ниту би спиела во ладна просторија.Не ме фаќа сон ,се тресам ко ненормална , :sweat: Јас да ви кажам дека летно време пи најмало ветре се ежам од ладно,чудак сум :?:
     
  12. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    спијам во топла просторија бидејќи мм неможи на ладно и јас морам по цели ноќи да се откривам за да се разладам а иначе подобро ми е во ладна додека да легнам само малку ми е ладно и за 5 мин се затоплувам под постелата и супер ми е ама што да правам сега морам да се откривам ил и да станам да се разладам
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    И јас сакам на ладно.Ама тоа не значи да на ивицата на јорганот ми се нафаќаат мразулци :D .Кога спијам на топло насабајле ме боли главата.Е тука се разликуваме со маж ми .Тој да може и 100 степени да постигне во собата нема да му пречат. :D
     
  14. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Дефитивно знам дека е многу поздраво да се спие во ладна соба отколку во соба каде е топло
     
  15. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    имам керка 13 месеци,спие со нас во соба,имаме термометар и секогаш гледаме да ја одржуваме температурата на 21,подобро е за спиење ;)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vendetta30

    Vendetta30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Блонд бебето мора да спие во потопла просторија не повеќе од 23 степени, барем јас и бебето така спиеме. Јас не поднесувам да спијам во ладна просторија, ама пак да не е потопло од 25 степени, пак така се препотувам и се будам жива вода. Во секој случај подобро би спиела во топло отколку на ладно :)
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Спиењето во ладна просторија го обожавам, секогаш сум посвежна и наспана кога спијам во ладна споредувано со топла..
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Кажав претходно поладно подобро. Ваму на снег ги оставаат да спијат во врекички зиме а не на мн топло да ги носат.Се сеќавам така по книги се водеше и мајка ми и на 20тина степени спиеше брат ми и сега страшно се кае што не го оставала да спие на поладно.
     
  19. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    И јас неможам во топла просторија. И се чудам на сестра ми како може да спие во дневна кога има запалено оган ,јас неможам да седам на толку топло не па да спијам. Малку поладна просторија,кебе и јорганче супер :)
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    ЈАс сум научена уште од мала да спијам на ладно,и толку ми е убаво си ставам 2-3 јорганчиња се стоплам ни да се откривам,ни ништо.и затоа сега и јас и брат ми неможеме на топло,додека сестра ми може таа пак на ладно неможе,мајка ми згрешила со нејзе ама со нас ја опраила работата... :D ... и сопругаот е навикнат на ладно,сега и нашите ќе пробаме да ги навикнеме на поладно.