1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стереотипи во филмската индустрија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Bender Rodriguez, 20 мај 2017.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Сакам и гледам филмови, ама релативно неодамна слушнав за нешто наречено „тестот на Бекдел“. Алисон Бекдел е цртач на стрипови и феминист и во ’80-ите го предложила својот тест за тоа како жените се прикажани во еден филм. За да го „положи“ тестот, филмот требало да исполнува 3 (релативно) едноставни критериуми: 1) Да има најмалку 2 женски ликови кои 2) разговараат меѓусебно барем еднаш во текот на филмот и 3) разговараат за било што друго, освен за мажи.

    Звучи едноставно и не премногу тешко за исполнување, нели?

    Ама, изгледот лаже.

    Во денешното време на силни женски ликови, кои често пати се еднакви во секој аспект со машките ликови со кои го делат екранот, би помислиле дека речиси сите понови филмови би го положиле тестот на Бекдел. Сепак, огромен број на релативно нови филмови, кои имаат силни, современи и независни женски ликови, како The Dark Knight Rises, The Girl with the Dragon Tattoo, Tomb Raider, Underworld, Lord of the Rings и уште многу други не успеваат да го положат тестот. Ама океј, некој ќе рече дека ова се акциони филмови, наменети за претежно машка публика.

    Што е со филмовите чија таргет-група се жените?

    И тука ситуацијата не е многу подобра – When Harry met Sally, Kate & Leopold, 50 First Dates, 500 Days of Summer, How to Lose a Man in 10 Days – ниту еден од овие „женски“ филмови не го положува тестот на Бекдел.

    Всушност, статистиката на овој сајт, кој обработува преку 7000 филмови, вели дека нешто повеќе од 40% од филмовите не успеваат да исполнат барем еден од критериумите на тестот.

    Нормално, ова само по себе не значи дека филмот е лош или женомразачки, како што и исполнувањето на критериумите не прави еден филм да биде добар или феминистички.

    Но сепак, оваа статистика ни открива нешто во однос на тоа како жените се претставени во филмовите и, како резултат на тоа, како сме ние научени да ги перцепираме – односно, кога и покрај неверојатните шанси две жени да имаат главни улоги во некој филм и да развијат некаква меѓусебна комуникација, најверојатно тоа ќе биде само за да разговараат за единствената ствар која ги интересира жените – а тоа се мажите.

    Зошто всушност филмовите најчесто „паѓаат“ на тестов?

    Прво, во повеќето филмови со главен женски лик (било да се работи за акција или драма), тие најчесто се опкружени со мажи во другите главни улоги. Така, уште во старт, првиот услов не е исполнет.

    Второ, дури и да има други женски ликови во филмот, тие се толку споредни (или се буквално статисти), што главниот женски лик нема никава интеракција со нив во текот на целиот филм. На овој начин, вториот услов не е исполнет.

    Но зошто кога првите два услови се задоволени и имаме два женски ликови кои успеваат да стапат барем во 2-минутна интеракција во филм кој трае 2 саати тие не можат да се воздржат да разговараат за мажи?

    Последново е вина на школите за филм и писатели во САД, кои намерно ги учат своите студенти дека сцени со жени кои разговараат за нешто друго освен некој од машките ликови е губење на драгоцено време и губење на вниманието на гледачите, кои „не сакаат да гледаат жени како дрдорат за што и да е тоа за кое жените дрдорат кога се сами“.

    Исто како што ги учат и дека главните ликови треба да бидат исклучиво бели, хетеросексуални мажјаци, дека меѓурасните врски се океј само ако се помеѓу бел маж и црна жена, но не и обратно („не сакаме гледачите да помислиат дека црнците им ги крадат жените, после сѐ“) и уште еден куп расистички, сексистички и стереотипни ствари.

    Не знам само кои се расистичките, сексистични стереотипни луѓе – гледачите, кои наводно бараат да гледаат вакви ствари или холивудските големци, кои ни ги сервираат, иако никој никогаш не го побарал тоа од нив? :D
     
    На Victorian, Summerlover, Annath и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.989
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez
    Да се надоврзам со сериите. Цело време додека читав очекував да го спомнеш најпознатиот серијал Sex and the City. :lol:
    Дури 4 главни женски ликови, интеракција меѓу нив константна, ама за мажи и секс.

    Во ред, самата замисла и самото име е такво што во суштина знаеш што серијата сама по себе носи. Но, поентата ми е, не мора баш секоја интеракција под дифолт да е за едни 2 исти ствари. Ниеднаш нема отскокнување од темата. Буквално тоа па тоа се меле цела серија. И ете потврдено, серијата е популарна.
    Очигледно народ сака тоа :rofl:
     
    На Victorian, Annath, manja666 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дали народот навистина го сака тоа или сме го прифатиле како нешто нормално и сме го засакале затоа што Холивуд ни го сервира со години наназад?

    Со други зборови, дали навистина сите сме расисти и сексисти длабоко во себе или старите, дебели, богати и бели чичковци - филмски продуценти - се тие со стереотипите, и затоа упорно снимаат такви филмови, затоа што се убедени дека нивните предрасуди ги дели и остатокот од гледачите?

    Тоа ми беше прашањето. :)
     
    На Victorian, Summerlover, Bridget и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Холивуд е дефиниција за out-of-date. Не знам зошто уште се провлекуваат вакви стереотипни филмови кога сите можат да се согласат дека местото несомнено им е во минатиот век. Не сум живеела тогаш, ама од тоа што сум го видела еве на филмови или слушнала, многу малку нешта ми се привлечни или симпатични, па и не ги разбирам носталгичарите кои упорно сакаат да ја задржат таа традиција. Особено во врска со Холивуд, нели огромна индустрија, највисоките класи, престиж, оскари, патека на ѕвезди, ова она... Сето тоа треба да се закопа во минатиот век како негово обележје и да се продолжи понатаму веќе еднаш.

    За прашањево, мислам дека не сме ние расистите и сексистите бидејќи ги гледаме, а не ни мислам дека продуцентите се, туку тие само очајно сакаат да ја задржат таа Холивуд-репутација и затоа упорно пласираат вакви филмови, а ние ги гледаме бидејќи сметаме дека ете, тоа е филмската идустрија, нема друго за гледање. А вистината е дека и продуцентите и ние уште сме заглавени таму некаде низ 50-те кога излегуваат оние Мерилин Монро, Џејмс Бонд филмови и мислиме дека тоа е природата на филмот, а сепак ништо не нè спречува да ги оставиме тие филмови во минатото и да правиме нешто ново, модерно, што ќе одговара на денешните погледи на светот.
     
    На boomsleng, PaLaVa, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.989
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Се смеам на последната моја констатација. :)

    Сам си го одговори прашањето. :)

    Со тоа што сметам дека не сме "го засакале", туку само прифатиле како нормално. :)
     
    На Bender Rodriguez и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  6. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    135
    Можеби за некои делови ќе се повторам од горе напишаното, но јас како гледам на работите е дека филмската индустрија не само е out-of-date, туку стана креаторот на пропаганда и често ги копира "трендовите" од општеството. На пример, ако во 80/тите било лесно да прикажеш и составиш филм со женски главни ликови каде што не мора да зборуваат за мажи и секс, тоа го отсликува подемот на женската работничка и да не речам поголемото признавање на жената како клучен дел во општеството. Во годините што доаѓаат, многупати се искористени тактики од психологијата за како да наметнеш став/мислење и пропаганда во филмовите. Па така, Русите, Арапаите и комунистите се секогаш лошите особено во последната декада, што се совпаѓа со воените трошења во Америка и оправдување на елминирање на измислениот противник. На тоа стави го и сексизмот што се шири во музичката видео област, каде што женското тело првично е ставено како продажен материјал, на што потоа го гледаме истото во филмската индустрија.

    Тоа што последниве неколку години излегуваат серии+ каде што женските ликови се протагонисти, без сексулана интерпретација во наративот, мене ми стои како само една добра реклама за подржување на Хилари како претседател, што за нивна жал не им успеа, веројатно поради тоа што сепак машката публика e како подоминантна во таргет групите на Холивуд.

    И да заклучам, да сепак сме биполарни, вклучувајќи и сексисти и расисти* и тоа што ни го сервираат слепо си го следиме. Глобалното општество е поделено повеќе од било кога и Холивуд ќе продолжи да го дели понатаму, без разлика колку жени во парламент ќе стават развиените земји,. Сепак таргетот им е просечниот граѓанин кој сака да се релаксира, дури и на штета на статусот на половите во општеството.

    + Повеќе гледам серии отколку филмови па можеби и коментарот е малку biased.
    * Види ги само реакциите за серијата Dear White People.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.215
    Пол:
    Женски
    Не е точно, и за чевли зборуваат. :!:
    И јас гледам повеќе серии. Сакав да кажам и за Биг бенг теоријата, жените во серијата се паметни (освен Пени нели), научници исто, ама на секоја нивна собиранка зборуваат за мажите. Постојат само поради мажите и иако демек имаат нивни успеси се ставен на заден план.

    Ама сепак мислам дека да нема побарувачка нема да има ни понуда. Да речат сите, што е ова што го сервираат, а мислат дека ќе го проголтаме, епа нема, ќе престанат да прават такви филмови. Ама тоа е обичниот народ, не се замара едноставно, остава пропаганда да му го пере мозокот и толку е.
     
    На Victorian, Summerlover, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Холивуд е на браникот на традиционалното нуклеарно семејство:party:
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Некаде имам прочитано дека тестот на Бакдел е дефиниран како феминистички метод за отцена на филмовите.

    Одкако ја видов темава прочитав некои статистики и бев вистински изненадена од фактите.

    Многу студии кои опфаќаат анализа на голем број филмови, поточно 1615 на број, во периодот од 1990 до 2013 го положиле овој фулм и се донеле неколку општи заклучоци. Она што било заедничко бил фактот дека сите тие имаат релативно мал буџет, односно помал од оние филмови кои не го положиле овој тест.
    Филмовите кои не го положиле буџетот располагале со еден буџет со вредност од 48,4 милиони, а филмовите кои го положиле овој тест арсполагале со буцет од 31,7милиони, односно 35% помал буџет од првите.

    Дали тоа значи дека во филмовите каде има поголема интеракција помеѓу мажите едноставно свесно повеќе се ивестира иако се помалку исплатливи?
    Се провлекува и второто прашање.
    Дали публиката нема да сака (или не сака)филмови со женски актери како водечки главни ликови?

    Како изненадување бил фактот дека во овие филмови каде има ваков вид на интерацкија помеѓу жените се финансиски поуспешни. Уште еден интересен податок, Оние филмови кои го полоќиле овој тест заработиле $2.68 за секој вложен долар, а оние другите $2.45.
    Жените се често прикажани како сопруга на главниот машки лик, мајка на неговото дете, колешка или пријателка ...но ретко како најдобра другарка. Зошто односот помеѓу две жени е често прикажан со особини на Драма Квин. Иако последните години приметувам напредок не може да се негира фактот каков вид на филмови се продуцираат и ни се сервираат нас, на обичните гледачи.
    Во однос на тоа дали се расисти, сексисти ули хомофоби.
    Би рекле не.

    Не се ни првото ни второто ни третото. Би ги нарекла трендсетери.
    Дали некогаш сами се обидуваат са сервираат некои трендови, некогаш спонтано наметнати од некој настан?
    Следејќи тековни настани, како на пример првиот црн претседател.
    Би рекла и двете.

    Интересен факт дека една од најдобрите глумици на денешнината го положила овој тест во филмовите Mamma Mia, Julie & Julia, The Iron Lady, The Devil Wears Prada, The Hours and Death Becomes Her ...и е воедно најноминирана женска актерка на денешнината.

    Другиве две актерки, Џулиа Роберст и Сандра Булок, имаат изградено својата кариера а и прилично големо богатство, на филмови базирани на овој модел.

    Спонтано се наметнува прашањето дали исполнувањето на овие три услови е причина за успехот на овие предходно споменати актерки?
    Дали филмови од овој калибар захтеваат поголем талент и актерките испорачуваат квалитет на ниво над оние кои не ги исполнуваат критериумите од овој тест?

    Да ја споменам и Џоди Фостер со нејзината феноменална изведба во The Silence of the the Lambs.
    Се запрашувам дали овој филм го исполнува третиот услов од тестот бидејќи во некои сцени станува збор за индиректен говор?
    Мислам дека повторно треба да го изгледам за да донесам точен заклучок и подобро да се присетам на сцените кога стануваше збор за индиректен говор, односно конверзација помеѓу две женски лица за случај кој конкретно беше за машка особа.

    Јас би рекла дека Холивуд се плаши не само до таков вид на силни и доминанти актерки туку и од тематиката која таков вид на филмови ја обработуваат и пораката која во себе ја носат.
     
    На dayla, Annath, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    чат-пат, ете, и силните и паметни жени имаат потреба од лигав филм каде жените се опкружени од мажи, се збори за љубов,мажи.. па и чевли. :D И не е ништо страшно, се' додека има и друг тип на филмови за сите останати денови кога имаме потреба од други работи. Не мора и толку да ми се форсира некаков феминизам,крај краева, дека жената треба да е силна, алфа женка која 24/7 е smart, sharp, no feelings, no man or тра-ла-ла шминки и ципелки:D Емотивни суштества сме. На крајот завршуваме во врски,, со мажи, со деца... зборуваме за мажи и чевли и шминки и во реалниот живот. Ок, има и такви кои зборуваат за се' друго, само за ова не и они се баш хард кор.. ок. Ни во ПМС ли?]:):D
     
    На AnastasiaWinter, do-re-mi, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Можеби не се работи толку за холивудски сексизам и расизам, можеби причината е поедноставна. Сепак, филмската индустрија покрај тоа што е уметност, пред сè е индустрија, односно начин за заработка и правење пари.

    Холивудските формули за правење на блокбастери, летни хитови, оскаровци итн. се испробани и функционираат, а секое отстапување од испробаната формула и обид за нешто ново и поинакво претставува потенцијална можност за неуспех и, со самото тоа, губење на пари. Со други зборови, не ризикуваат и играат на сигурно.

    Затоа и Холивуд е едно од местата во кои стереотипите се задржуваат најдолго - сакаат прво да бидат 100% сигурни дека гледачите ќе бидат океј со некоја покрупна промена во форумулата за успех, па тек потоа се решаваат на таков чекор. Затоа што нели, пари се у прашање. :D
     
    На Summerlover, Lella, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Јас мислам дека овакви филмови како што посочи дека се провлекуваат е поради тоа што луѓето не се замараат за тие работи...
    Идеш во кино или симнеш филм , пуштиш мозок на пасење и уживаш во приказната која ја прикажуваат. Се тргаш од секојдневните проблеми , да погледнеш некое филмче и тоа е тоа. Не се замараш зашто кинеска култура англичани ја глумат , или зашто жените ги ставаат таму да облечат некоја тесна маичка и да трчкаат наоколу со нивните облини , или зашто има главен лик белец а неговиот најдобар другар е црнец , итн итн...
     
    На Summerlover, Yowannty, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Ама им успеа за Обама. Пред да биде претседател, години уназад во Холивудските филмови претседател на САД глумеше црнец.
     
    На schmookie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дали сте приметиле колку често, особено во Холивуд, не се прави разлика помеѓу глумата на актерите и некаква физичка или психичка трансформација кај нив?

    Ова е нешто што сѐ почесто се случува – неухранетоста на Кристијан Бејл во The Machinist или неговто здебелување во American Hustle, Ди Каприо во The Wolf of Wall Street, трансформацијата на Де Ниро од суперфит боксер во дебел пропалитет во The Raging Bull, здебелувањето и оружнувањето на Шарлиз Терон во Monster и уште мал милион други примери.

    И појавава не е ограничена само на диетата на глумците – тие мора да поднесуваат и физички маки, за атер на улогата. Најсвеж пример е пак Лео, во The Revenant, во кој тој и остатокот од актерската екипа морале да поднесуваат екстремно ниски температури (да, сцените во кои им се смрзнуваат јајцата биле реални), а самиот тој се пикал во внатрешноста на вистински мртов коњ и јадел вистинско живо месо (иако е вегетаријанец).

    Уште поценето е кога самиот актер си ги прави сопствените каскадерски сцени – како пентарењата на Том Круз во сите Mission Impossible филмови, на пример. Затоа што качувањето по карпа без јаже или рипањето од еден на друг автомобил во движење автоматски те прави да бидеш подобар глумец. :D

    Освен физички маки, пожелно е актерот да се доведе и до раб на нервен слом – нормално, со цел подобро да се „соживее“ со улогата. Како Адриен Броди, кој раскинал со девојката, се откажал од сѐ што имал и живеел како пропалитет, за да се спреми за улогата во The Pianist, каде глуми осамен пијанинст, жртва на холокаустот. Бонус: научил да свири пијано, for real. Или Џаред Лето, кој наводно скренал спремајќи се за улогата на Џокерот, па дури и на колегите им испраќал бизарни писма и искористени кондоми. Штета што искористениот кондом го земал како урнек за својата интерпретација на Џокерот во Suicide Squad. :D

    И ништо од ова не е случајно – Ди Каприо, Де Ниро, Терон и Броди за примерите кои ги наведов погоре освоиле Оскар за најдобар актер за овие улоги. Очигледно и Академијата и гледачите сметаат дека ова се врвни актерски достигнувања.

    Штознам, за мене самиот поим „глума“ означува преправање, а добар актер е оној кој ќе успее да нѐ убеди дека она што го гледаме е реално – без истото да биде реално, се разбира.

    Кога Лео се тресе од студ во сцените во The Revenant тоа е затоа што сцените се снимани на -20, а не затоа што е добар актер. И кога му се потслошува од живото месо кое го јаде, тоа е затоа што јаде actual живо месо. Кажете ми, каде е глумата во сево ова, поточно?

    Истото важи и за наглите промени на тежината на актерите за атер на улогите – во денешно време, кога сценското шминкање, простетика и CGI се на завидно ниво, човек би помислил дека од ова нема потреба. Но, од некоја непозната причина се смета дека ако глумецот се товел или изгладнувал за улогата, тоа по автоматизам го прави подобар актер. Штета што Еди Марфи не се здебелил вистински 200 кила за The Nutty Professor, можда ќе добиеше Оскар. :D

    Парадоксот е во тоа што никој не сака да гледа грди и дебели актери на филм. А кога ги има или се во најспоредната можна улога или се најмени специјално поради нивниот физички изглед – дебелите се најчесто оние смотаните и смешните, а грдите се негативците.

    Поентата е, најпознатите филмски ѕвезди се без исклучок убави и згодни.

    Можеби е и во прашање нашиот притаен садизам како гледачи – еден мал дел од секој од нас сака да ги гледа нашите омилени актери како патат – и тоа, специјално за нас.

    Сакаме да ја видиме Шарлиз Терон, една од најубавите жени на светот, како грда и дебела, сакаме да го видиме Бетмен како дебело и проќелавено чиче, сакаме да го видиме Лео Ди Каприо, совршениот маж за кој нашата девојка има влажни соништа, како ползи низ гомна и се пика во мртов коњ. Затоа што, длабоко во себе, сите сме (барем по малку) ужасни човечки суштества. :D

    И иако е сосема во ред (за атер на муабетов, да речеме дека ова е совршено нормално :D) да уживаме во нашите садистички фантазии за омилените холивудски глумци, не е во ред тоа да го нарекуваме одлична глума и да се преправаме дека ваквите искуства ги прават да бидат подобри актери.
     
    На theowndemon, Lella, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Бендер, што знаат тие што е глад, студ, мака, страдање. Попрво јас и ти ќе одглумиме перфектно мрзнење на ладно оти сме пораснале во детски соби без греење :D отколку глумец кој реално нема поминато ни приближно нешто слично а треба перфектно да одглуми на филм. И повеќето од нив не се толку добри актери колку што ете им се "заломило" со филм или два па публиката ги бара упорно. Па колку и да се трудат да извадат нешто од себе, не можат доколку се во својата удобна фотелја во уште поудобниот апартман, и така е години и години наназад, од хотел во ресторан, па на плажа, па на коктел, па којзнае каде... Затоа јас немам против ако одлучат да се стават во реална ситуација за да доловат прави емоции, мислам дека може само од помош да им е.
    А за физичките трансформации се согласувам, со сила убавина, или во случајов грдосија за да демек добиеш на карактер. Вештачко е вештачко и се познава.
    Инаку јас не сакам да ги гледам изобличени на филм само ради реда, освен ако совршено им прилега за улогата. Терон пример ми стана одбивна од тој филм.
    Кога имам bed hair day отварам на гугл -славни без шминка и се тешам :D Ама на филм не.
     
    На theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Јас не би се согласила никако дека омилени актери би сакала да видам како патат, па така би биле уште поголеми во моите очи, иако да признам доста интересно звучи, затоа што многу често ми се случува да гледам филм, да ми се допадне глумата и на крај кога ќе видам кои биле глумците да се запрепастам.

    Ќе го спомнам Гари Олдман кој е извонреден глумец и еден од холивудските актери со најмногу трансформации, моментот каде го глуми осакатениот лик во Ханибал, појма немав искрено се дури не видов на крај и не ми се веруваше, истото и за убавицата Шарлис Терон на крај кога прочитав не ми се веруваше дека е таа, одкога го изгледав филмот Чудовиште едноставно ја гледам со други очи, за мене веќе не е убавица, ме асоцира на таа грдата од филмот.

    Таа трансформација со право го цени Академијата и го наградува.

    Жртвата да бидат извонредни и што повеќе да го доловат ликот е за почит, а понекогаш е и фатална за самите глумци, имам читано дека Џек Николсон го предупредил Лечер дека глумата на Јокер е психички тешка, се претпоставува дека врз неговата смрт има влијание.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Bridget, ја се слагам дека тоа е најверојатно затоа што познативе глумци не ги бива премногу за глумење, туку мора да искусат нешто вистински за да го пренесат уверливо на големиот екран. Само не сфаќам зошто за тоа ги фалиме и ги тапшаме по рамо.:D

    Ако некој глумец треба да доживее хипотермија пред камера за да биде убедлив во улогата, а не може да се преправа, т.е. да глуми дека има хипотермија, тогаш на тој човек не му е ни местото да биде глумец, нели?:D

    Конечно, затоа имаме филмови, во кои актери глумат во хипотетички ситуации на напишани сценарија, и реални шоуа и документарци, во кои се прикажани реални ситуации и реакции на учесниците на нешто што навистина се случува. Јадење живо месо и добивање нагони за повраќање е нешто што би го очекувал од дечките од Jackass, а не од актер од калибарот на Ди Каприо. Мене ми смета што reality моментот од reality шоуата сѐ почесто се провлекува и во филмовите.

    @elimkd, ја се слагам дека Шарлиз Терон беше одлична во Monster – прашањето ми е, дали мораше да биде грда и дебела за да ја одглуми улогата? Дали ако беше убава и слаба, каква што секогаш и е во другите улоги, тоа некако ќе ѝ ги намалеше актерските способности или ќе направеше да биде помалку уверлива во улогата на сериски убиец?

    Никој не го оспорува нејзиниот талент во Monster, меѓутоа мислам дека Академијата (па и гледачите) во случајов ја наградија поради погрешната работа, а тоа е нејзината запрепастувачка физичка трансформација, а не нејзините актерски способности. А тоа, според мене е погрешно.

    Кога веќе го спомна Гари Олдман, за улогата на Мејсон Верџер во Ханибал јас скоро прочитав дека баш тој ја толкувал. Очигледно, во филмот е непрепознатлив. Ама, баш тоа е таа разлика помеѓу обичните и одличните глумци. Олдман не морал да претрпи вистинска трансформација, т.е. да дозволи некој да му го искасапи лицето – за да биде поуверлив во улогата на жртва на сериски убиец и канибал. :D Ноуп, едноставно носеше гумена маска и шминка. И пак беше одличен, во тие 10-ина минути во кои се појавува во филмот. И тоа го мислев дури и пред да дознаам дека он го глумел Верџер.

    Поентата ми е – единствената физичка разлика помеѓу Гери Олдман во улогата на корумпираниот, психотичен полицаец во Професионалецот и комесарот Гордон во Бетмен е тоа што има бркови и наочари. Ама сепак, ликовите се дијаметрално спротивни – а тоа се должи, пред сѐ, на неговиот актерски талент.

    И кога веќе се спомна Ханибал, не можам а да не го спомнам и Ентони Хопкинс кој, и покрај тоа што во животот толкувал стотици најразлични ликови, и тоа многу убедливо, успеал да го направи сето тоа без да се здебелува или ослабнува за улогите, без да јаде живо месо, без да се смрзнува на поларни температури. А сепак, успеал да добие Оскар. :D
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Мене кога ќе се спомне општо за стереотипи во филмската индустрија, прва асоцијација ми се националните, етничките и расните стереотипи во многу американски филмови.
    Од Русите и Арапите кои се обично агресивни, bad guys и државни непријатели во акционите филмови (Русите со КГБ, мафии, а Арапите обично со терористички акти), па Азијатите како строги, ладни, натпросечно интелигентни и nerds; Латиноамериканците, Шпанците и Италијанците како најголеми љубовници... итн. И обично сите овие зборат на прилично комичен лош англиски :D
    Не ми текнува во моментов на конкретни ликови за пример, ама да покренам еве и за тоа дискусија, оти ми се можеби најизразени таквите стереотипи.
     
    Последна измена: 3 јуни 2017
    На Ketchup, theowndemon, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Заколнетиот ерген на крај се изморува од благодетите на сингл животот и формира семејство.
    Оженет маж кој добил долгоочекувана шанса за хедонизам, секогаш се откажува и се враќа кај сопругата.
     
    На theowndemon, Ketchup, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Дoкoлку честo гледaте филмoви oд времетo нa Џејмс Дин, Вивиен Ли, Мaрлoн Брaндo, мoже дa зaбележите декa целo време мaжите се жртви oд стрaнa нa жените. Жените се прикaжaни без емoцијa, цел свет им се врти oкoлу мaтеријaлните вреднoсти, не мoжеш дa ги сфaтиш, мaлку се нaлудничaви и сличнo. Дoдекa мaжите се тие штo се зaљубени вo некoјa убaвa женa, прaвaт сè дa јa oсвoјaт, пaтaт, рaбoтaт пo цел ден, a тaa кaкo штo кaжaв е зaљубенa сaмo вo дијaмaнтите. Тoчнo декa рaбoтите пoрaнo не биле исти кaкo сегa, нo сo сaмo гледaње нa двa-три филмa oд тoa време мoже дa се зaбележaт стереoтипите.
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez и sjdgo им се допаѓа ова.