1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Супер татко (Hayatımın Rolü) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Rama, 18 мај 2018.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Тој е од оние ликови на кои честа и достоинството им се најважни во животот. Што би рекле ние, тој е човек со крст на чело, кој не прави компромиси кога моралот е во прашање. Сето ова прави да биде неразбран од околината, и посебно од неговата сопруга која почнува да ги презира неговите високи морални принципи. Ете тоа е Мурат, познат глумец кој синхронизира детски серии, но не и филмови во кои треба да биде убиец или измамник. А колку Мурат е прекрасен татко за своите деца, потврдуваат самите тие, со љубовта и приврзаноста што постојано му ги покажуваат.
    Уште на самиот почеток на серијата, Мурат ќе биде ставен во ситуација да мора да го напушти домот, и да биде подалеку од децата. И тоа просто ќе го скрши. Но, тој супер татко и глумец, многу брзо ќе најде решение, и ќе почне да ја игра најважната улога во својот живот.
    Како Мурат ќе се претвори во слугинката Јашар, и какви семејни згоди и незгоди претстојат, ќе гледаме и уживаме од понеделник до петок во 17 часот на Канал 5, во „Супер татко“ – нова играна серија препорачана за сите генерации.

    А за ликот на Ела – сопругата на Мурат?
    Таа не е ништо поразлична од сите амбициозни мајки кои сакаат се’ да имаат под своја контрола. Меѓу нас речено, таа е една од оние напорни мајки кои сакајќи им само најдобро на своите деца, буквално ги тероризираат, избирајќи им нај-училиште, нај-другари, нај-дадилка...
    Токму таа потреба од перфекција ги прави овие мајки да бидат уморни, раздразливи, да дофрлуваат дека се’ е на нивен грб. Таква мајка е нашата Ела. За неа нема добра дадилка. Мајка и’ и свекрва и’ не умеат да ги чуваат децата, па дури и сопругот го смета за неспособен да одговори на сите создадени потреби.
    Дали и колку Ела е во право, ќе можете да видите сами од понеделник до петок во 17 часот, во серијата во која сепак нејзиниот сопруг го има насловот.



    Што мислите за серијава? Ја гледа ли некој?
    Мене ми се допаѓа,ја гледам редовно,малку е поразлична од другите досега,и на моменти е доста комична.
    Главниот лик т.е таткото Мурат е човек за пофалба,за да биде блиску до децата прави жртва глумејќи стара жена-дадилка за да биде постојано со децата како тетка Јашар.
    Единствена нелогичност во серијава ми е брат и на Ела,човекот е престар за да и биде брат,мислам по тоа што и сопствената мајка дури е помлада од него :D
    Исто и името на серијава е утнато,на турски значи-животна улога,не супер татко.
     
    Последна измена: 18 мај 2018
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Иако не е оригинал, сепак името е на место
    Ја гледам редновно, супер е
    Братот на Ела исто така глумеше во парампарче и и беше татко на Дилара (Ела) хахахах
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.050
    Допаѓања:
    76.046
    Пол:
    Женски
    Веќе почна серијава? Ја видов рекламата и ме потсети на филмот со Робин Вилијамс, Mrs.Doubtfire :D Сигурно идејата од таму е преземена па претворена во серија. :D
     
    На tace73 и Rama им се допаѓа ова.
  4. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Актерите нешто не ми се добро одбрани. Ела овде има брат кој во парампарче глумеше дека и е татко, а со бившиов сопруг воопшто не се убав пар. Сепак ми се допадна содржината на серијата и ме потсети на филмот Mrs. Doubtfire кој одамна го немам гледано
     
    На cresa-jagoda, tace73 и Rama им се допаѓа ова.
  5. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Овој е од 2012, а Парампарче 2014 (односно татко и се појавува 2017)
     
  6. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Не е важно кога е снимен. Воопшто не си одговараат како брат и сестра, освен тоа актеров од неа е постар 30 години што е и пологично во парампарче да и глуми татко. Сепак има убава содржина серијава и тоа е поважно одколку актерската постава.
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Крајно нелогично е да и глуми брат тука,не само затоа што во Парампарче и глумел татко,туку бидејќи глумецов е престар,па во серијава постар е и од сопствената мајка(facepalm)
    Мислам,има и други личности што различни улоги глумеле во сериите,ама барем поубаво се вклопиле,биле помладолики и слично,ова е ту мач :D

    Инаку,интересна е серијава и има доста комични моменти со госпоѓа Јашар:D
     
    На cresa-jagoda, tace73 и Polsko им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    За занимација во слободно време добра е.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.