Вака ,мм е некако ладен тип со сите (освен со мене)некако различни сме јас жива тој некако повлечлив тип.Сеуште не покажува некоја емоција за бременоста нели има некои го галат стомакот му зборат на бебето , мојов е некако ... Ок одвреме навреме се дешава ама,не е тоа тоа ,не дека не го сака бебето ,туку се плаши да се поврзе уште сега ,нели бременост ко бременост може свашта да се деси (боже сачувај). Е сега до мамичките со вакви маженца прашање дали одкако се породивте вашите сопрузи се поврзале со бебето ? Дали покажувале љубов или од шок не можат да се опорават? Некако тоа мн се мислам како ли ќе се поврзе мм со бебуш дали ќе успее(не се сомневам дека ќе биде прекрасен татко)
Бебето го носиш ти, дел од тебе е, нормално да се чувствуваш поприврзана од било кој друг. Верувам дека маж ти е среќен, радосен и поврзан со неговото дете, но можеби поинаку го искажива тоа. Секој има свој начин, ти треба да го познаваш маж ти и да го препознаеш неговиот начин. Маж ми не искажува типично љубов никогаш, така и додека бев бремена, крадев моменти кога тој во верјвање дека сум занесена пред тв ќе го галнеше стомакот, или ако лежевме ќе му зборуваше ама не нежно или галење туку зафрканции некои наши.... Твоите замисла и очекување може не се исполнети, но не значи дека поврзаноста не постои. А кога ќе се роди бебето, ќе видиш како ќе биде, секое семејство приказна за себе, но воглавно секој родител се топи на своето кревко бебенце.
Немој воопшто да се сомневаш како ќе се поврзе тоа спонтано си доаѓа. Првиот дел што си го пишала исто како јас да сум го пишувала 99%. Но затоа кога дојде во болница и прв пат си го виде синот почна крокодилски солзи да рони од среќа. А дотогаш дали само еднаш се имаше расплачено пред мене а може и ни еднаш ( нели мажи Така да не размислувај уште од сега што ќе биде, секако на некои татковци им треба малку време, не се сепак тие бремени 9 месеци
Па и јас си мислев исто ,ама сестра му некако ме исплаши ми вика он тешко ќе се поврзе со бебето ,ова она (мене толку ми фали) и искрено се уплашив. Ме сакам студени односи.
Бебе во стомак и бебе надвор од стомак не е исто. Искрено сега можеш само да му ја ставаш раката на стомак кога клоцка бебето и ништо повеќе. Штом ќе се роди мислам дека веќе е друга приказна. Самото бебе е мило, меко, топло бара заштита па друга е приказната. Ако по природа е ладен или резервиран ќе му треба малку помош. Ќе треба да му го даваш бебето да се гали повеќе и со тек на време ќе се поврзе.
Мм повеќе се израдува од мене кога дознавме дека сум бремена. Цела бременост ме напнуваше околу тоа како ќе било и што ќе било. А кога се породив иако не беше со нас во почетокот кога дојде надокнади за секој изгубен момент. Инаку со синко се премногу поврзани и многу сум среќна во моите очи тој е единствениот татко што со дете може цел ден да помине и да не се пожали дека е напорно.
Блазе си ти , јас мм коа го напнувам овака ќе било онака ќе било ,студено вика здравје од господ :/ понекогаш ми се плаче и така хормониве пореметени ми се :/
Не се нервирај и не си прави филмови.Само уживај во бременоста. Исто и за мм зборуваа тој ова-она нема да го направи.Но тој прв го преслече откако си дојдовме дома од болница.И се грижи за него исто колку и јас.
Чудни сме ние жените во текот на бременоста, а пак мажите уште повеќе ,чесен збор мм беше опседнат со мене во текот на бременоста во смисла што сум јадела колку овошје сум изела во текот на денот да не се заморувам итн итн мислам дека во конкретниот случај немаш потреба од паника од причина што се приврзаноста доаѓа од после а и може да е малку збунет ама сигурна сум дека го сака и дека ќе го обожаваат обострано
Кога е бремена жената а сопругот ја негува, ја пази, и ги исполнува желбите за јадење, и го гали стомакот, му зборува на бебето и сл..сето тоа е покажување љубов,нежност кон мајката, бремената жена,сопругата. Кога бебето ќе се роди и кога таткото ќе го види, фати во раце и сл.ќе си добие татковски инстинкт. Некои мажи на почетокот дури и не сакаат ни да го држат бебето, од страв да не го повредат, но тоа не значи дека не го сакаат нити па дека потоа нема да бидат татко за пример Или па обратно, има сопрузи кои се внимателни,нежни со бремената жена, грижливи со новороденчето но подоцна оставаат се на мајката околу грижата за децата и не се прибираат ни дома! Затоа, се е релативно.
Откако му ја направив честа на ММ да биде татко, му ја родив првата ќерка , тогаш препознав во него особини кои претходно не можев да ги видам. Друг поглед, други допири, друга грижа, нежност... се ова кон малото бебуле кое буквално го топеше татичко. ММ е повлечен тип, помалку зборлив, емотивец кој по секоја цена ги крие чувствата, нити зборува за своите емоции нити пак сака да им ги покаже на другите. Ама едно мало бебуле го промени, не му беше важно ништо, освен да угоди на тоа невино суштество. И уште е таков, ете големата скоро 4 има, па имаме и уште едно бебе, ама ММ буквално се преобразува во најмекушкар човек кој стои на располагање на двете принцези. Таа негова толку очигледна љубов ќе ги разгали ќерките, кај големата е веќе тоа очигледно. Премногу е попустлив и премногу е очигледно дека и угодува, па детето си користи и проба да го манипулира. Кога му замерив на тоа дека љубовта кон децата го заслепуваат и го прават неафторитетен татко, ми возврати дека пораснал покрај строг, ладен и афторитетен татко па нема да биде он таков со своите деца. Се повлеков, нека ги мази и гали ќерките, а за пискање јас ќе продолжам да сум вештерката низ дома
И мојот сопруг,кога бев бремена се плашеше,исто и кога ни се роди керќичката страв му беше да ја држи се додека не почна сама да си го држи главчето,ја милуваше се но не ја фати,а сега таа е 20 месеци и најмногу се поврзани,се е индувидуално,иако ги носиме 9 месеци и е посебна поврзаност,сепак и таткото е дел од нив и имаат посебна приврзаност.Битно е да сме живи,здрави и среќни.
Вистина сме чудни во бременост, ако мажите ни одат по кејфот и се грижливи- ме третираш како да сум болна, ако се малку поладни- не го сакаш детево не го галиш барем јас бев таква Мм вистина многу се грижеше за мене ама мноогу ретко ќе застанеше да му зборува на меше или да го погали па се за глупости му се лутев демек не сакаш да се поврзиш со детево абе глупости женски. На тоа тој само ќе ми речеше те разбирам хормоните ти се, и ти не сакаш да си ваква Ама кога се роди синчето се смена многу, шо и да прави во моментот ако заплаче одма скока да го смири, па од сабајле кога е дома многу сака да се галат и се радува премногу. Значи колку и да е ладен тип мажот, кога ќе го држи во раце своето најмило се топи од среќа и се ќе направи за него.
Жени, крајот не ни се наога во првата бременост ме нервираше мм, на глава ми се качуваше што јадам, што сум работела, дали сум уморна, посебно ме живцираше навечер гледаме телевизија и тој раката на стомак и го гали, му збори, му викав аман. Со втората бременост не му збореше толку многу. Па кога ке ме мавнеа хормоните за тоа му викав Но, веке бевме со мало дете за кое грото од обврските ги превзена тој, плус се утрпуваше од работа. Сега кога ке потразмислам ние не седнавме телевизија да гледаме навечер, се нешто има да се работи дома и околу детето , епа кога да гали
Баш денес собрав храброст да му кажам што мислам , некако ме изненади со одговорот (искрено ми се допадна).”Ти си многу поважна од детето ,не дека не го сакам туку сеуште ми е ко лага пошто не го гледам,а и одкако ќе го родиш бебето,ти ,па тоа”.
Сите луѓе не ги изразуваат емоциите на ист начин. Некои не умеат јавно да ги искажат што не значи дека не ги носат во себе.
Јас бев изненадена од мм со ќерка ни. Од прв ден дома ја фати ,па да ја гали ,косичка да и мести Секој ден одвојува време да ја поигра ,сега во последно време помалку од почетокот Ама сама сум си крива, требало тој фати ја јас низ врата
Син ми и со двајцата е приврзан, ама кога беше помал маж ми често на пат, постојано со мене, само плачеше по мм, па бев малку љубоморна . Девет месеци го носам, личе на татко му, па ај и по него да плаче
Не се грижи, поврзувањето се случува подоцна. И многу мајки се соочуваат со истото, не само татковци. Сите сме различни карактери со различни искуства... Не можеме да очекуваме сите на ист начин да реагираат. Дајте си време, поврзувајте се вие двајцата, кога ќе се роди бебуш дозволете и двајцата да ве менува