Барав ваква тема, но мислам дека нема. Ако има клуч. Во последно време течните сапуни станаа многу популарни и многу луѓе обичните сапуни ги заменија со нив. Не ги прават рацете толку суви, а воедно се и повеќе нежни. Дали и вие користите течни сапуни ? Ако користите споделете какви .. Ние дома моментално овие ги користиме:
Користиме само течен сапун, попрактично е некако . Најчесто некој од овие од Андрос. Ефтини се, а прекрасно мирисаат и ги негуваат рацете .Секогаш со различен мирис купувам
Моментално овој го користиме по дома, кога ќе се потроши ќе купам пак само со друг мирис сакам да пробам. Супер е
Кој течен сапун има најинтензивен мирис и убаво да мириса ? Земав од Стокомак само на почетокот мирисаше убаво после ништо
Незаменлив ми е. Единствен што ми ги вади комплетно пудрата и руменилото од рацете кога се шминкам. Плус антибактериски е така што знам дека си ја завршил работата. За цената плус нема коментар, еден од најевтините.