Зошто имам факинг чувство дека само уше јас го немам фледано филмов? Насекаде само за ова се збори, аман луѓе олабавете. Пропуиштив нешто шо не сум го глеала? Искренно плс...
Изглеаш ко девојче во ПМС, олабави, гледај ако ти се гледа, плачи ако ти се плачи, јас лабав не мом да бидам.
Јас не знам на што толку плачат луѓево. Човекот има судбина на класичен алкохоличар. Ај што е сѐ премногу уфилмано, исфилувано уатевер туку и не е ништо посебно. И на крај испадна дека пола филм не ни е вистина туку ликовите се измислени. Не ја ни сфаќам која е поентата да се сними филмов воопшто. За џабе потрошив време кое никогаш нема да се врати.
Ama voobrazen odgovoor, ne sfakaj so koja namera i cel si go pisal ova. Nikoj ne pobara takvo mislenje od tebe, mizerno...
Сѐ сѐ ама крајот најјак, докторов со сиот памет му вика ајде да ги одржиш концертите, па уште го развозува од град во град со амбулантско возило ниту се десило ниту ќе се деси. Инаку филмов океј е, држи внимание ама ништо посебно. Можеби дека јас сум од времето по Југославија, па не ми изгледаше толку интересна целата приказна ама затоа заприметив дека мајка ми и татко ми со воодушевување го изгледа целиот филм.
Па и уште и дијализа му правеше во возилото хехе Не е лош филмот, имаше и хумор, посебно ми беше интересен менаџерот, ептен кул лик Без разлика на поделените мислења ама факт е дека крена огромна прашина На имдб има висока оценка 9
Јас се загледав во филмот, ама сум заспала и пола филм го испуштив. Дечки таа сцената каде што докторот му кажува на Тома дека има тумор право во срце ме погоди. Убаво филмче беше барем на почеток-средина, понатаму незнам што беше. Криво ми е што не го изгледав до крај...
Јас искрено го пропуштив, после Нова Година мислам го даваа. Ама вчера го снимив. Искрено, многу ми се допадна филмот, Милан и Тамара, одлично сработено. Срце ми скрши, како и повеќето што го гледале, делот со Љиља(ме изнасмеа кога почна да крши флаши во кафаната)... "Svirajte nocas samo za nju" i " Za Ljiljanu".. Најдобри според мене. Србите се трудат и направија. А нашиве ќе им текне ли некогаш еве за Тоше да направат филм? Човекот беше предобар пејач, хуманитарец, супер човек. Пофалби за филмот.
Јас прв пат слушнав за Тома Здравковиќ од филмот. Роден сум една година пред независност на Македонија. Превоодушевен сум од филмов, иако не слушам таква музика, туку повеќе странско. Во еден ваков филм не се гледа само ликот за кој што е филмот, туку и многу други работи.
Па добро, јасно тоа ама сигурно филмот не те погоди толку колку што ги погоди луѓето кои живееле во времето на Југославија. Сепак тие повеќе се соживуваат со филмот од проста причина што сето тоа му е доста познато и ги навраќа на убави спомени. Мене на што ќе ме наврати кога ниту знаев за Тома кој е, ниту знам како се живеело во тоа време?
Конечно еден реален коментар на кој наидов. И ќе додадам само дека името на Тома Здравковиќ е искористено за правење на пари од страна на Бјелогрлиќ и Јоксимовиќ. Срамота е да правиш филм за личност, а во него пола од фактите не се вистина, со што се создава погрешна слика кај оние кои прв пат се среќаваат со името и делото на Тома Здравковиќ. " За филмот ,,Тома”, за оние кои ги нема и за она што веќе никогаш нема да го има. Одамна не сум осетил потреба да кажам нешто јавно. А, и зошто би, кога светскиот момент е толку безнадежен, а она низ што проаѓаме регионално и локално е толку комбинација на смешно и тажно, да немам никаква потреба да коментирам никакво општествено-политичко-социолошки момент на сегашново живеење. Ова што сега се игра не е моја утакмица. Ама, за Тома - мора Филмот е извонреден. Холивуд на југо начин. Крв, солзи, солзи, и по малку смеа. Дека ова се случува ми беше јасно уште на премиерата на филмот во преполниот Сава центар на која присуствував со огромно задоволство, иако се најдов случајно во Белград баш во тоа време. Морам да признаам дека бев шокиран од две работи - прво од гламурозно холивудскиот начин на организирање на премиерата ( со векови далеку од било што регионално, впрочем каква што е и продукцијата на српските филмови и серии во моментов ) како и од фактот што не сум видел во живот толку луѓе да плачат на филм. Инаку, дека се работи за Југославија а не само за Тома ми стана јасно кога премиерата беше прекинувана со акламативни аплаузи на појавата на Цуне, Тозовац, Чолиќ, Даворин, Кемал Монтено… А, и Бијелогрлиќ е ко мене - безуспешно лечен Југословен и… до овде нема ништо спорно. Напротив, чисто емотивно уживање. Кој сака нека глуми квази- авангардно лудило, ама толку многу солзи не паѓаат незаслужено. Проблемот настанува во моментот кога сфаќаш… или читаш, или ти кажуваат дека 90% од најдобрите и најемотивните сцени од филмот се безобразно измислени?! Па мајку му, како може да искористиш биографски филм со толку многу фејкови, да фрлиш 20.000.000 луѓе во колективен емотивен транс со лаги, невистини и полувистини? Па сега, плачењето се претвора во смеење кога денес читаш дека жена му на Тома вика “Па он није написао текст песме ,,За Лилјану”, можете на омот да видите ко је текстописац?!” Па онда Лепа вика, ,, ,,Срце је моје виолина” сам певала после Томине смрти… нисам ја могла певати на том концерту.” Па, менаџерот не ни постоел. Лично, мене многу ме погоди (не ми е срам да признаам - ме скрши), она кога Тома, Даворин Поповиќ и Кемал Монтено во Зетра, Сарајево ја пејат навистина бeзвременската ,,Што те нема” на историски потценетата Јадранка Стојаковиќ, во време кога веќе во Словенија и Хрватска е почната војната и кога на сите им е јасно дека Југославија ќе ја нема. Но, дали стварно ја пееле, сега кога ова го пишувам, еве - не знам И онда врвот- Јоксимовиќ вика ,,сви смо плакали док смо снимали сцену за Лилјану”! Па што сте плакали… зато што сте је измислили тако добро, требали сте да уживате и да се смејете! Да се разбереме, овде тезата ,,па филм е тоа”, не проаѓа! При самото мое гледање на филмот во Сава центар ми беше комплетно јасно дека мноооогу работи се надуени ( е, тоа е дозволено и очекувано од биографски филм) ама, тоа е многу поразлично од комплетно измислени! Ова е јебени биографски филм и не се дозволува манипулација од овој тип - без најава на почетокот на филмот. Ова е исто ко, да речеме, во Bohemian Rhapsody да ставеле дует од Freddie и Prince (кој никогаш се нема случено) со некоја тажна балада и цела сала да плаче што ги нема веќе двајцава починати. Вака, од биографски филм произлезе многу квалитетна латино америчка серија и не’ спушти на ниво на луѓе кои мислат дека Касандра не е глумица… туку е стварно Касандра. Возот отиде. Фикцијата е сфатена како стварност. И песната која ја пејат во дует ја напишал во 2020 Јоксимовиќ лично ( еве, јас пишувам песна што ја пејат Тома и Силвана?!?)… оној истиот Јоксимовиќ кој плачел од тага за жената на докторот. И таа песна ќе стане евергрин. Дует на Тома и Силвана, починати одамна со песна напишана 2020 година. Колку бизарно е ова? Која јебена светска манипулација на типично балкански начин! Секоја чест! И, за крај. Тома е легенда - факат. Сепак уникатен боем каков можеше да се роди само во тоа време и во таа земја. И ние што растевме и тоа време слушавме Bauhaus, Joy Division, The Clash, Cocteau Twins… имавме премолчен респект само за две имиња: Шабан Бајрамовиќ и Тома Здравковиќ. Гласно не ги фалевме ( не дај боже слушавме)… ама ги почитувавме. Затоа што, пред се, тие се прави blues пејачи и затоа што не можеш да замижиш пред нивниот квалитет, искреност, тага и се’ по ред. Тома заслужил биографски филм. А, не шпанскa серија. Има доволно вистина во неговиот живот за да ги има сите атрибути ко оваа фикција. Овие што ова го продадоа не разбираат дека вака го срушија митот! Барем кај тие… што разбираат." Бобан Милошески
Го гледав пред некоја вечер. Не очекував да биде нешто посебно и не беше. Повеќе е резултат на фантазија на режисерот со вметнати делови од неговиот живот.
Ако сте го гледале филмот за Елтон Џон (а и за многу други), ќе знаете дека и во тој филм (исто ко и во Тома), не е се точно до детал.