Ај ве молам некој ако има некаков рецепт за торти со желатин нека го сподели бидејќи подолго време барам и сакам да испробам бидејќи никогаш не сум правела нешто со желатин
ТОРТИ ИЛИ КОЛАЧИ СО ЖЕЛАТИН Тортите со желатин не се нешто посебно. Целата работа зошто тој се додава во нив е заради зацврстување на филот. Ако некој фил е премногу течен, само заради тоа. Инаку, ако сакаш можеш да испробаш секогаш. И во обичен фил да ставиш желатин, ќе ја видиш разликата. Или пак во обична избиена хопла да ставиш само стопен желатин и да избиеш со миксер. Начинот на подготовка е следен: Една кесичка желатин се става во половина шолја вода и се остава да набубри 10 минути. Потоа се додава во нешто топло ( пример како подготвен пудинг). Се меша и се остава да излади, но никако не се става повторно на оган за да врие. Понатаму се бие со преостанатите состојки. Или: Се остава да набубри во вода, па потоа се загрева на тивок оган, додека се стопи (зашто тој е како гранули), само набубрениот желати и уште 2-3 лажици вода. Најважно и во двата случаеви е тоа што содржината каде се става, не треба да врие заедно со желатинот. Тоа е правилото за желатинот. Бидејќи ако зоврие премногу го губи својството за зацврстување. Барем така ме учеа . Се надевам мила дека ти бев малку од помош .
ТОРТИ ИЛИ КОЛАЧИ СО ЖЕЛАТИН 5јајца 9 лажици шекер 8 лажици брашно 1 пециво Се пече Потоа се полива со 200гр шекер и 200 мл вода. Се реди овошје и се полива со прелив од 1 филџан вода да зоврие се става 1 филџан желатин смеса се мати и се полива
Благодарам,бидејќи денес прв пат правам колачи со желатин па не знаев,не сум запознаена многу со него..