1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трилогија Милениум (Стиг Ларсон)

Дискусија во 'Книги' започната од mona.liza.03, 8 март 2013.

  1. mona.liza.03

    mona.liza.03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Како и секоја година и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вагнер за роденден му пристгнува необичен подарок - уште еден потсетник на таинствената случка од минатото што претставува неподнослива болка на старецот . Затоа сака да се обиде уште еднаш пред смртта да ја разреши мистеријата што го измачува со децениии.........
    Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари, бескомпромисен за расветлување на економските малверзациии со беспрекорна кариера и косопственик на магазинот Милениум. Токму кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен тој добива неверојатна понуда од Хенрик Вагнер .....
    Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана и со речиси избричена глава со пирс на носот и на веѓата - Лизбет Саландер е најдобриот истражувач на една позната стокхломска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат и се соочуваат со најголемата мистерија......
    Доколку сакате мистерија и сте за нешто што нема да ве остави се додека не го дочитате ова е книгата за вас.
    Има две продолженија, второто е Девојката која играше со оган и третото Девојката што го урна осилото.
    Ви се допаѓа ли трилогијата и кој ви е омилен дел? Кој лик најмногу ви се допадна?
     
  2. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Леле БРАВО за темава , книгите ми се прекрасни и тоа сите 3те :!: !!!!!!
    Најдобро нешто што сум го прочитала.Најјака ми е Лисабет.
    [​IMG]
     
    На mona.liza.03 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Моите омилени книги.Браво, браво, браво! Иако се обемни се читаат во еден здив и ниту во еден момент не ми здосади.. баш штета што нема други книги ..
     
    На WildMk и mona.liza.03 им се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    4.206
    Пол:
    Женски
    :clap: за темата! :)
    Моите омилени книги. Ги гледав и филмовите и подобра ми е шведската верзија. Сум ја гледала и америчката ама таму Лизбет ми е некако вештачка. А овде Нуми Рапас совршено ми се вклопува. Поточно, во америчката верзија и другите актери ми се некако lame.
    Девојката со тетоважа на змеј, првиот дел, го сакам највеќе, последниве две лета по 5-6 пати ја прочитав. :tmi:
    Лизбет ми е закон, и иако е фиктивна личност ми се допаѓа што е своја, не се покорува на никој и донекаде учев од тоа. И, иако од надвор изгледа грубо, покажува дека не е бесчувствителна. Сите сметаат дека има ментална ретардација, дека не е способна сама да се грижи за себе, но ги изненадува со своите способности како истражувач и хакер. Ја обожавам! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На игор.мк и Butterfly14 им се допаѓа ова.
  5. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Имам неколку омилени книги, овие од Стиг Ларсон се дефинитивно во тие. Прекрасни книги, предобри. Ликот во нив Лизбет Саландер ми е идол. И се восхитувам. Морам да кажам дека научив многу работи од неа, се соживував со неа. Дури кога ќе се најдев во некој разговор, работите ги споредував со неа. Зборував за тоа како таа би реагирала на нешто. Книгиве имаа големо влијание врз мене. Се сеќавам кога го читав последниот дел, по малку страници читав бидејќи не сакав да ја завршам книгата, не сакав да се разделам со Саландер.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Има најавено уште еден дел, четврти, The Girl in the Spider's Web, ќе биде напишан од Дејвид Лагеркранц, а се очекува да излезе во септември. Јас се прерадував кога видов, ама сега не сум сигурна дека ќе го прочитам, не сакам да ми се уништи впечатокот. Тешко дека друг човек ќе може да ја долови замислата која ја имал Стиг Ларсон. А и Саландер не е едноставен лик за портретирање.
     
  7. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Машки
    ги имам читано и ги препорачувам, но мене некако ми се развлечени (долги) можело пократко без премногу опширни описи. инаки оценка 8/10
     
  8. sass

    sass Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Едни од моите омилени книги. Прекрасна трилогија.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    189
    Омилена триологија, колку брзав да ги прочитам навечер неспиев . Следните 3 книги ми се просечни.