Па што има тоа врска еве и јас и сопругот дома гледаме турски серии на Сител па и децава( стари 7 месеци) понекогаш ги седнуваме меѓу нас и сите заедно гледаме
Зошто ти е facepalm-от кога не гледаш многу турски серии? Не се сите нивни серии лоши.Има такви што се ок и за деца. Боље некоја серија да гледаат него ли глупи размислувања и постапки на тиктокери.
Постои маса на луѓе кои што ако гледаш турски серии, веднаш те етикетираат ко најтежок сељак, исто ко и ако слушаш турбофолк музика У реду е доктори на науки, продолжете да гледате амерички шунд и слично, и бидете тренди нас оставете не во 20 век
Најчесто лошо мислење за турски серии имаат луѓе што гледале само една-две или не гледале ич,само чуле некоја лоша сцена на реклама.И одма се со мислење дека сите турски серии не чинат. А,не се сите турски серии лигави романтики и практики од постаро време.Ама,оди објасни им.
Навистина има закоравени серии со закочени традиции и слично, ама не се сите серии такви, и не знам зошто секаде постојат дежурни плукачи, секој нека си гледа тоа што си сака.
Која е таа серија и како и беше името на македонски јазик доколку се прикажувала на некоја телевизија во Македонија?
Брзо заврши поради слаба гледаност, ама ептен возбудлива и непредвидлива серија беше, да ја даваат кај нас пак ќе ја гледам
20 години имам и гледам турски серии. Не се срамам од тоа што гледам турски серии. Подобро турски серии ќе гледам отколку американски или др. глупости