Не стигнав до 90 . 79-80 бев, но намалив на 73 (исфрлив леб и благо). Со 73 кг почнав УН во август и дојдов до 67. но, вратив 2кг и така сега стартував со 69кг. Треба само стомакот да ми спадне, уште изгледам како да сум малку трудна. Колку си "дебела"?
80 Лани коа ја држев почнав со 86, и дојдов до 73. За една година пак се свињосав. Стално викам неќам диети и на крај пак ќе и се вратам. Само од кога..
Здраво на сите..Еве и јас ви се приклучувам во друштвото на диеталци . Денес ми е трет ден,ЈХ.. П.Два портокали Р.нудли со зеленчук,печурки мислам оти беа динстани,и салата цвекло рукола В.ред црно чоколадо и две лаж.мали слатко од дуњи(домашно) Инаку мислам оти вчера направив грешка на Скробниот ден.. Не си оставив од динстаната боранија од ручекот и немав за вечера па си сварив компир..Се надевам не е многу страшно. Пред 3 год.ја држев оваа диета и ослабнав многу,но си почнав пак да си Лапкам безврска и сега оф леле.. Со лесно нека ни е на сите,да се дружиме и да си бидеме подршка
76/90 денес и сум - 12кг. Две недели сум на истата килажа, па од вчера ја почнав турбо ун Сепак задоволна сум со резултатот, со оглед на тоа што имав некои ситни киксови.
Затоа што си блиску до идеалната тежина и тие последни килограми најтешко се симнуваат,кај секого е различно некој има вишок од 30 кг и нирмално ке симне 10 кг полесно одколку некој што има вишок само 5-6 кг вишок.Јас првиот круг првите 70 дена симав 17 кг после тоа вагата не мрдна,Тоа е затоа што ситните килограми се многу по тешки за симнување и треба со месеци да се пази на исхраната после диетава,треба многу упорност
Ја започнав диетата,за доручек ми беше мандарини и сега за ручек јадев две јајца,парче сирење,салата од варени моркови и едно парче двопек и сега за вечера можам само едно јајце или може две да изедам?
Здраво девојки јас сакам да ја почнам диетата утре но имам две прашања до вас 1. Дали смее кафе да се пие пред доручек? 2. Дали мора пример ако имам јадено за ручек риба и за вечера морам риба или може да ручек риба, а за вечера јајца? (за прв ден зборам во овој случај)
1.Кафе можи 2.Не смее да се меша.Вечерата е иста како и ручекот Количински исто е за ручек и вечера во протеински ден а во скробен вечерата е пола од ручекот. 6/90 Скробен 2 портокали Ручек-Компири печени + салата и 1 парче интегрален леб Вечера-пола од ручекот
8/90 издржав цел ден на овошје и вечерта неможев веќе,малава цицаше цел ден и немав енергија некако земав пуканки малку испукав и каснав,грешка е ама не е страшно.Кога одев во теретана газдата викаше кога и да осетиш глад земи пуканки заситуваат а не дебелеат и затоа се решив на таа варијанта.
Јас бев на одмор и се и сешто измешав, ја прекинав диетата и од утре почнувам со сите сили од почеток.Ајде да се држиме сите заеднооооо
Мислам дека ако не пишувам нема да се подречам да забушавам Пак од ново... Упорно одам нагоре со килограмите, доста е. Ќе си купам и фластер да си ја залепам устава ако решам навечер пак пици да јадам Доручек:Банана Ручек:Туна,кромид,патлиџан и краставица + супа Вечера:Туна,кромид и зелка салата
Во јх за вечера. Јас ја зезнав уште прв ден.... Утре наново, а може и не. Нема да вечерам сега, утре покасно ќе јадам.. Не ми се прави тргни застани.
Кога почна, кога ја зезна . Ајде сериозно малку, тргни настрана благото, не го гледај и продолжи утре со скроб.