УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21

    Соја мислам дека можеш да јадеш во деновите кога имаш месо, како замена за месото, а пинчур(само пиперки и патлиџан + лук, магдонос и малку масло) според мене може секој ден освен овошниот Ч)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ Мене, кога почнав со диетава, диеталките од форумов ми рекоа дека на јагленохидратен ден не смеело да се јаде салата :!: , бидејќи на првата страна (каде што е објаснета диетава) не пишува дека може да се јаде и салата (а ако не пишувало дека смее - тогаш не смее :^) ). И од тогаш јас не јадам салата во јагленохидратен ден, а пинџурот е еден вид салата.
     
  3. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Сојата е протеин ;) рецепт не знам да ти кажам,тоа татко ми да го прашам,поховани ги прави некако
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    За оние што прашаа во врска со соја шницлите.
    Сојата содржи многу протеини, па според ова би ја класифицирале во протеински ден. Јас како месо-мразач, многу често ја конзумирав додекав бев на диетава. Одлична замена е. Инаку вака ја приготвувам јас: Соја шницлите ги вариш во вода со вегета некои 20-тина минути, потоа ги вадиш и ги ставаш на салфетка некое време за да се исцедат од водата колку-толку. Потоа ги печеш на фолија во рерна, (јас без зејтин ги правам, поубави ми се вака, него ли со масло така ептен ми се мрсни). Толку. Можете да ги јадете и со павлака со низок процент на масленост. ;)
     
    На macence85, Mrs.Bass и Kroes им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    12ти, овошен ден

    Чудо едно колку ништо не ми се јаде, веројатно затоа што скроз наопаку ги превртев денот и ноќта. Си легнувам на разденување.
    До сега колку да не бидам без воопшто храна во мене каснав едно мало резанче диња. Ако ми се јаде ќе каснам пак диња или праски. За сега добро ми оди, без напади да изедам се од фрижидер. :D
     
  6. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Вчера во 6 сабајле си легнав, и ај сеа кажи како да станам на време за доручек, за да не направам збрки па да ми е касно :D .. во 12 станав и доручкував, сеа само шо ручав макарони со кечап, и ќе вечерам сладолед кун 8 сатот... и после до сабајле пак вода ќе брецам од шо ќе ми се јади да го замамам желудникот :D вчера незнаев цревата кај ми се :rofl: .... И неможам да се одвикнам, тешко мене секое сабајле сите стануваат јас си легнувам, се ми е пореметено :lol:
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Поручек: јаболко + нес 3 во 1.
    Ручек: две јајца со зачина за јајца, салата од краставички и на крај испив една шолја јогурт.
    Вечера во 18 и 30: едно јајце со зачин за јајца и цвекло од краставичка.
    Две и пол литри вода имам испиено.
    Е сега што викате, да јадам лубеница или не? Дека 90% е вода?
     
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Јади ама само тоа да ти е вечера. Не мешај после друго :)
    Ако тргниш само со овошје, лубеница ти е одличен избор, ама остани само на тоа, а јади колку ти душичка сака.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ама вечерав ја во шест и пол веќе Анушке, имам пишано во постот, прашањето ми беше дали покрај вечерата да јадам лубеница зш ми се грицка некое овошје, а не сакам да правам прекршок.
    Ви се исповедав ја дека многу јадам овошје и најчесто со тоа правев прекршоци, ама дека лубеница се двоумам и не знам дали да јадам или не сега. :tmi:
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    19 ден (Јаглехидратен ден)

    Доручек 1 поголема праска
    Ручек околку 120 гр тортелини со кечап
    Вечера едно парче чоколадна торта и цедевита

    Туку, овие тортелиниве прочитав дека имаат јајца, ама колку што знам и шпагетите и макароните имаат јајца во нив, или грешка сум? Исто имаат и печурки, но тие веќе знам дека можат да се јадат.
    А, цедевита може да се пие, нели? Јас неколку пати имам пиено до сега.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Знам Лукс, ама ти викам, иако си вечерала допушти си ужинка лубеница, знам мене Цеце обично ми викаше, ако ногу ти се јаде, ќе јадиш или само овошје навчер после 21 h, или пуканки без сол, ама тоа второто нели за ништо не го бива и јас овошје си јадев навечер или супичка од зеленчук. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш ќе јадам лубеница, се двоумев измеѓу лубеница и цвекло пак, ама ќе си каснам лубеница дека поголемиот дел е вода, и освен лубеница после вечерата ќе гледам друго овошје да не јадам.
    Фала на одговорот. :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Лукс, гледано надвор од диетава, овошје не е препорачливо да се јаде навечер поради шеќерот што го содржи, иако природен - сепак не се препорачува. Ако веќе толку сакаш нешто да грицкаш ( а јас лично не сум за време на диетава да се ,,грицка'' нешто измеѓу) тогаш најдобро решение ти е да избереш зеленчук, пример краставица. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  14. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Рапорт за 13.07.2012 - 48-ми ден од диетата (протеински):

    појадок: 6 кајсии,
    ручек: 3 варени јајца + салата + бистра супа од печурки и зеленчук (ретко јадам супа, иако бев решена да не јадам печурки во диетава - сепак денес јадев, ама немаше којзнае колку печурки внатре - колку за беља :?: )
    вечера: јадев 1 шопска салата, и нешто подоцна испив 1 чаша разреден јогурт (не планирав, ама ете).
    Денес (13.07.2012) испив 2 нес кафе со млеко, во попладневните часови.
     
    На Kroes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Лукс те читам и мислам дека правиш многу лошо што пиеш нес, може тотално да ти ја поремети диетата. Сега нема којзнае колку калории ама сепак од кафињата мислам дека тоа 3 ин 1 е најкалорично и не се совпаѓа баш во комбинациите на диетата. Штознам :?:, јас не би го пиела. И без шеќер да е пак мислам дека тоа содржи самото во себе шеќер. Така да не ми одговара баш за било кој ден освен јаглехидратниот. Пробај да го избегнуваш.

    Јас инаку денес го прекарав протеинскиот ден и пак немав сили за вечера да јадам пак месо и си направив шопска, знам дека можеби е лошо што се прескокнува оброк на некој начин ама стварно не можам. А и со оглед на тоа што деновите се ми е пореметено спиењето ја изедов доста касно, пред едно час-два ама што да правам кога ручекот ми беше уствари во 6, многу касно станувам од спиење.

    А за лубеницата, и јас така се залажав претходните денови, па два дена навечер јадев лубеница. Многу бев жедна и не можав да издржам. Ама сепак сметам дека е лошо да се јаде навечер било какво овошје, па и лубеница. Така да, ја избегнувам.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    денес 13ден-протеински

    појадок - праски и кајсии
    ручек - соја шницли и павлака со ниска масленост
    вечера - пола од ручекот

    не се мерам се додека не видам гооолеми резултати :) се осеќам полесно и поубаво :) и сабајле кога се погледнав во огледало видов намалени обравчиња... ;)
    wish me luck
     
    На Kroes и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Здраво девојки Ч)
    И мене денес ми е 13 протеински ден, мојот најомилен ке си јадам мевце :clap:

    Вчерачниот овошен едвај го додржав.Значи ама ептен ми се јадеше цел ден ;( и вечерта дечко ми имаше направено пинџур и каснав малку скроз за да не му скршам атар.

    Инаку мене кога ми се грицка нешто навечер, си грицкам морковчиња по 1-2 или минијатурно салатче(пола краставица, пола патлиџанче,пола пиперче и малку ацето балсамик)
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Јас секој ден си пијам нес кафе, но :!: без шеќер и без млеко -само 1 лажичка кафе од лименка. Млеко ставам само на протеински ден и тоа не во утринското кафе туку само во попладневното. Јас сметам дека не пречи, исто ти е тоа како да пиеш турско или филтер, само поубаво. Е сега горчи- да, ама се навикнав (јас и пред тоа пиев кафе без шеќер, ама со млеко, а млекото му дава поблаг вкус).

    Овошје јадам само наутро, за појадок, а во овошен ден - цел ден. Не сум почувствувала потреба да „грицнам“ нешто во меѓуоброк. Доколку почувствувам глад во меѓуоброк - пијам 1 чаша вода и ми поминува гладот. Случајно ако ме фати криза навечер - каснувам тоа што ми е дозволено за тој ден. На пример синоќа, на протеински ден испив 1 чаша разреден јогурт (бидејќи вечерав само шопска салата), или некогаш во протеински или скробен ден каснувам краставичка, но тоа се случува многу ретко, на една рака се брои колку пати сум почувствувала таква потреба за овие 40-50 дена. Тоа е бидејќи јас навистина јадам обилни оброци. Салатата која ја јадам јас на ручек и вечера е истата количина кои некои други 2-ца или 3-ца ја јадат заедно. Значи секогаш јадам пооолна чинија салата и цела чинија од другото јадење. Можеби затоа не ме фаќаат кризи.
    Лубеница јадам само на овошен ден. Доколку јадам лубеница за појадок - за 1час повторно ќе огладнам - нема да ме држи до ручек, :!: затоа само на овошен ден, па ако огладнам, ќе си каснам пак некое овошје.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    24.607
    Пол:
    Женски
    Денес 9ти протеински ден
    Поручек 2 праски+турско се знае без шеќер :)
    Ручек: си сварив 3 мали парчиња стек и зеленчук му ставив внатре да се вари (морков, пиперки, тиквички) малку вегета, црн бибер и излезе прсти да си лижиш ^_^ многу ми се бендиса, а така од око се му ставав.
    Вечера планирам едно стекче на скара на Пиво фест во Прилеп, пиво не пијам (неможам да поднесам)

    Вчера со овошниот лесно поминав, цел ден лубеница јадев и крувче едно мало и 2 чаши сок домашен банана со праска мешан (мама го правеше). И + вежбав на орбитрек 70 минути :wasntme: замислете, се загледав филм и се заборавив.

    А денес одмарам од вежбање, се спремам за Прилеп ]:)
     
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887

    Исто и јас, вчера се жалев дека нема резултат а еве утрово се разбудив со намалени обравчиња :D добро е продолжуваме... Денес сум на шопска салата и за ручек и за вечера, за ручек изедов и едно парче леб, за јајца или за месо немам желба денес.