^^ Немој со кашкавал,ќе направиш голема утка.. Денес протеински (5 ден). Јас сакам само да прашам на пр. Дали е дозволено ако за ручек јадиш компир за вечера да јадиш грав.Или треба истото јадење,знам дека така е нагласено во диетава ама пак сакам да ве прашам вас..!? Ме интересира дали може во протеинскиот да се јаде печени пиперки и урда? И дали можи во скробниот да се јаде сарма со ориз (без месо)? Онака чисто информативно да си знам. Иначе денес на менито имам копани,ќе изедам еден копан,малце урда и салата.За вечера исто.За појадок јадев една овошна салата од 1 праска и 4 кајсии,и испив пред малце едно нескафе без шеќер ама денес си го дозволив со млекце Ме болат мускуливе луѓе неможам да вежбам,станата сум од 4:00 т.е секој ден станувам тогаш за на тутун,и берам тутун до кај 8 ипол 9.На нива одам пеш за да се размрдам троа И замислете колку ми е мака да вежбам,по цел ден наведната сум.. Па ме мрзи да вежбам а и плус цел ден зафатена сум Кога сум слободна или пак не одам на нива си правам по едно кардио и толку
Ако за ручек јадеш компир и за вечера мора компир, ако си ручала грав ќе мораш тоа да го вечераш. Мислам во протеински можеш печени пиперки со урда, урда сигурно смееш, за пиперките не сум 100% сигурна. И во скробниот би требало да може, зелката е зеленчук, само што е варена, мислам дека може сарма.
Ammy.Lee, благодарам за одговорот, инаку заборавив да напоменам дека кашкавалот е растителен, мислам дека може да се јаде... или па...?
Јас мислам дека подобар избор ти е вегетаријанска пица отколку тост.Стави и кечап,печурки,маслинки,брокула,пиперка,морков и се по вкус и јади си Лукс фала ти Иначе само што ручав.. Како што кажав малце урда каснав,еден копан го сварив и морковчина во варењето ставив,после си го потпеков на тостер а морковчината место салата си ги изедов... За вечера дефинитивно ќе јадам пола копан,овај ме прејаде. А и да ви кажам од како сум на диета немам воопшто леб каснато
anabel-a знам дека не треба ама јас шопска без мн сирење не можам да ја смислам а др салата од зеленчук па не јадам, него муабетот ми беше и покрај тоа што не треба сепак симнав 4 кг ама не ја држев цела диетата некои десетина дена. Затоа од денес почнувам и јас, за појадок имав две парчиња лубеница, сега ке јадам шопска, така да денес сум на млечни протеини. Висока сум 175цм и имам 60кг целта ми е да симнам 5-7.
Овошен 28-ми ден Појадок: 2 праски Ручек: 1 банана, суво грозје (20 грама), сушен ананас (15 грама) Вечера: 4 парчиња лубеница Утре ми е 29-ти (по правило ВОДЕН ДЕН), но не знам дали да го држам, ако можи да ми кажите дали вие го држевте
Јас го држев, планирам и вториот за една недела да го држам. Се издржува, не е воопшто тешко. Јас додека го држев не почувствував воопшто глад, освен во вечерните часови пред да си легнам онака ми се сојаде, ама една чаша вода се напив и решен проблем. Лесен е за држење зошто следи после овошниот ден каде што организмот ни е навикнат на полесна храна. Ако сметаш дека можеш да го издржиш држи го и после да ни кажеш што си направила.
Денес протеински ден. Доручек: 2 праски ручек: 1 конзерва туна( од големите) секако ја исцедив од маслото малце и со пола глава(голема) кромид ја јадев со 1 парче црн леб. вечера: 1 конзерва туна(мала) со пола парче леб и пак половина глава кромид.... Сакав риба природна си да си печам,не да пржам,ама по гадно,здравје -.-
7 ден ЈХ Доручек : 5 мали кајсии Ручек : вегетаријански тост Вечера : 1 ред чоколадо за готвење Малку пешачев, сега ќе повежбам кардио вежби и толку за денес
51/91 Скробен ден Поручек: две праски и неколку парчиња лубеница. Ручек: ориз манџа секако варен оризот со вегета и салата од краставички. Вечера: пола тањир ориз со многу малку краставички. Ако ми се пријаде ќе гризам после свежа краставица. Испиени 2 литри вода и чаша густи сок(ама морав, да ја задоволам желбата за благо со него) Сеа ќе варам зелен чај. И толку за денес.
имам проблем за нареднава недела - на работа сум од 9 до 5 дур се приберам 6 и како да правам за ручање?? Бидејќи дома немам којзнае колку време ке каснам по пат некоја праска и од 9 застанувам на салтер и стоечки до 5 фурам со наплата на сметки, договори, објаснување со корисници, карање... буквално не ни седам дури работам и неможам ни да мочам буквално! Пауза за ручек немам, евентуално ако успеам да се шмугнам на 5 минути позади и толку. А до одење дома ќе ме фати 6 а дома треба да си зготвам, + ме чека бебуш... Кажувајте предлози за сите денови - што можам да си носам на работа и да си јадам стоечки на 5 минути соодветно денојве и да сум најадена до вечер? Утре протеински и најдобро да имам млечни протеини за да пијам јогурт на работа супа неможе! Идеи??
^Бубале мој предлог ти е се што ќе скуваш од вечер да си го земаш сабајлето во пластичен сад за на работа и решен проблем. Значи буквално се што се кува можеш да си носиш во садот ако не ти е проблем и нема потреба од идеи. Месо, ориз, грашок дури можеш да ставиш во садот ако не ти е незгодно, јајца, пиперки, тиквици. На тоа ми текнува прво на памет, пластичен сад и јадење внатре.
Ако ти е утре протеински ден, одвечер можеш да зготвиш (свареш или испечеш) пр. 3 парчиња месо (стек на пример), и две си земи за работа, а третото ќе ти биде за вечера кога ќе си дојдеш, нешто зеленчук и тоа е тоа. Се надевам дека ти помогнав колку толку. Поздрав и пиши утре како ти е поминал денот
денес по правило требаше да ми биде скробен ден ама малкууууу утнав ама не губам надеж затоа што од утре продолжувам па што сака нека биде, инаку работата ми е постојано во движење и тука имам малку потешкотии па Ве молам кажете ми што да јадам во тие моменти?????
Здраво на сите денес 63 ден , и конечно мојата цел е истварена почнав со 73 кг , висока сум 1.69 и успеав да стигнам до 60 кг диетава е супер , на сите ја препорачувам ја прекршив неколку пати но бев упорна и многу вежбав . Видно сум ослабната во обем и целулитот скоро да го немам . е сега планирам да продолжам до 90 дена сеедно што ја постигнав саканата килажа , ке јадам во склад на денот но количински нема да се ограничувам , нели металобизмот треба да се среди после 90 дена со диетава . ова е најдобрата диета искрено на сите ја препорачувам . Ви посакувам срека на сите и брзо да ги постигнете саканите резултати .
На интернет наидов на некои интересни совети во врска со комбинирање на храна Која храна не треба да се комбинира? Постојат правила за тоа кога и што треба да се консумира, а кога не, и кои намирници треба да се комбинираат при тоа. Храната која е не правилно комбинирана и така внесена во организмот се вари дури и повеќе од 8 саати. Што не треба да правите и што не треба да мешате? Медот е сосема здрав и лековит, но не треба да го готвите како додаток на јадењата. Медот се препорачува за засладување на топлиот не толку врел чај. Ладната вода не треба да ја пиете непосредно после оброкот, бидејќи само го намалува ефектот на храната и го отежнува варењето. Млекото не треба да го пиете во комбинација со: месо, месни преработки, рибни специјалитети, кисели и солени јадења. Експертите се согласуваат во ставот дека млекото од соја не е многу застапено на нашата трпеза, а би требало што повеќе да се користи во секојдневната исхрана. Кафето и млекото заедно тешко се варат, па не треба да се мешаат. Компирот со месо во ист оброк не е препорачлив, бидејќи двата намирници содржат ист вид хранливи материи, што претставува напор за организмот и допридонесува за дебелеење. Со месото е подобро да се консумира мешункаст зеленчук. Месото не треба да го јадете во комбинација со: спанаќ, сирење, леб или јајца. Можат да се комбинираат две врсти на месо од еднаш. Јајцата и спанаќот кога се консумираат заедно, тие попречуваат на правилната апсорбција на железото од желудникот. Белиот шеќер, белата камена сол, рафинираното масло и белото брашно треба да се избегнуваат во исхраната. Наместо белиот шеќер - треба да се консумира кафениот шеќер, наместо камена сол - треба да се консумира моркса сол, наместо рафинирано - масло нерафинирано масло (најздраво е маслиновото масло), а наместо белото брашно - подобро е да се користи интегралното брашно. Макробиотичката храна не е препорачлива за: трудниците и малите деца, за да не им се намалат неопходните витамини и минерали. После обилниот оброк не треба веднаш да се впуштите на напорна работа, ниту да започнете да играте некој тежок спорт (во никој случај пливање), ниту веднаш да легнете да спиете. Што се препорачува? Овошјето треба да се јаде како посебен оброк или како ужина два саати пред или два саати после оброкот, но никако веднаш по оброкот, бидејќи така "само киселееме некоја друга храна". Во текот на денот треба да се консумираат што е можно повеќе оброци од овошје и зеленчук, а помалку месо, така што срцето и крвните садови би биле поздрави и поотпорни. Пченката се препорачува во комбинација со: грав, грашок, боранија, леќа или соја. Сладоледот е најдобро да го консумирате самостојно, а не во комбинација со други додатоци. Јогуртот или сирењето може да бидат добар и здрав додаток во комбинација со салатата (сирењето не треба да е полномасно). Путерот може да се јаде со храната која содржи јагленихидрати. Виното се препорачува и на празен стомак. Црното вино содржи корисни состојки кои поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем. Интегралните житарки треба да се користат во исхраната наместо рафинирате житарки, бидејќи така ја намалуваат дебелината и ризикот од настанувањето на срцеви заболувања.
ZDRAVO NA SITE... DENES MI E 18 DEN..IMAV 84 SEGA IMAM 81..DENES NAPRVIV MAL PREKRSOK,,SEGA NEZNAM ZA KOGO KAKO,,NO MI BESE TESTENINI,,JAS JADEV PIZZA SO PIER PATLIDZAN I KASKAVAL,,VEGETARIJANSKA...I NEZZ DALI NAPRAVIV SERIZEN PREKRSOK??POSLE TOA SLADOLED I DVE MALI KOLACINJA/??
a каква планираш да станеш, анорексична? како што си 175 см висока, треба да си 65 кг тешка,а ти си 60, и планираш да симнеш 7? Би била 53 на висина пд 175, па толку тешки не се ни маникенките... Како и да е ти си знаеш, незнам колку години си, ама според мене не треба воопшто да држиш никакви диети, туку да си се оджуваш од 60 до 65 кг... Не си играј со здравјето