Жити мене, исклучи Caps Lock. Аман. Пишувај пополека, вака ништо не се разбира. Користи копче „Редактирај“, не пишувај мислења едно под друго. Прочитај ги правилата на форумот.
ок е,,незнам зашто би сметало големи букви.нема везе..јас сакам да ослабам уште 15 кила,до утре ми е еден месец,но напави последните 4 дена прекршоци и мн се разочарав..но одам понатака..и ме интересираше за турбото далие ок сега да го почнам или да не се зезнам.. Луѓе дали мислите дека е добра оваа турбо ун казете ве молам..и еве до утре еден месец..но ви викам последниве 4 дена грешки..што да правам..точно ли е дека може да се ослабне 12 кила за тие 12 дена или нема везе??ми требаат уште 15 кила да симнам ако не и 20..до сега симнав 4..( ме факаат криџзи,,но одам понатаму...само ви викам незнам што да правам со оваа турбо да не се зезнам??
Gafijana, ај малце калм даун. Ние тука сигурно не сме ја измислиле Турбо-ун, од кај да знаеме дали Петко, дали Станко ја составил . Инаку, што се однесува до исфрлување на јаглехидратите од диетава, тргнете ја таа можност, затоа што нормално како што рече и Јуле, и тие имаат улога во диетава.Едноставно таков е концептот. А меѓу другото, и на организмот му се потребни и тие чат-пат, за правилно да работи(функционира) и да има енергија. Едино, може само да намалите количински на нив. Пример ако сте јаделе по 3 топки сладолед, сега јадете по една. Или пак ако сте јаделе цела пооолна чинија макарони/шпагети/јуфки или уатевр, сега јадете половина чинија. Значи пробајте да скратите од нив. И сепак внимавајте што јадете, ова е кажано и од Трендафилка едно 100 пати, али јас пак ќе ви повторам за тие што не прочитале. Цитирам: Значи пред да го започнете денот, прочитајте го постов како Оче Наш едно три пати да ви влезе во глава, и терајте.
Тие што се мислите да ја почнете диетава, еве за што е и како Ubrzani režim UN (Rina's90) dijete ili mnogo poznatiji izraz TURBO UN je brža varijanta UNke i počinje 46-og ili 75-og dana. Ovaj režim uopšte ne služi za ubrzano gubljenje kilograma već ima namenu jedino osobama koje imaju zastoj u gubljenju kilograma oko 10 dana i svrha mu je šokiranje organizma sa promenom ritma u danima. Osobe koje imaju makar i minimalne ali konstantne minuse se ne propručuje održavanje ovog ubrzanog režima UN načina ishrane jer zna da izazove neodgovarajuće efekte a jako retko da ubrza tok mršavljenja, ipak je to šokiranje organizma. И се препорачува доколку се држи да се држи вториот месец, најчесто тогаш организмот стагнира и не се губи килажа, и треба да се испланира да се држи дванаесет дена пред водениот. Ако си губите килограми и со нормалнава ун диета, правилнава, не смеете да ја почнувате оваа турбо. И уште нешто, читам некои феминки сакаат да направат промени, да исфрлат јх ден, немојте, секоја категорија на храна што е ставена во диетата има своја функција, држете ја како што е, не менувајте ништо, единствено ако мислите дека ви смета таа храна, јадете ја количински помалку
Овошен ден 41-ви Појадок: 2 сливи Ручек: 1 банана, суво грозје (20 грама), дехидриран ананас, дехидрирана папаја Вечера: 3 парчиња диња
На два ума сум за почнување на ТУРБО УН диетата. Имам уште 4 денови да се решам. ако ја почнам, ќе биде после завршувањето на овој циклус. Таман почнува со протеински, редоследот да се запази, а завршува со 90-ти воден ден, според моите пресметки. Не знам, од една страна сакам да симнам уште некое килце плус. Од друга страна, се плашам дека ќе изгубам контрола, премногу овошни денови се, тоа малку ме плаши. Денес, 73ти протеински ден. Праска и кафе без шеќер за појадок. За ручек - еден пилешки ражнич (има ли нешто подобро од месо на скара? ), печени пиперки и малку шопска. За вечера само пола од ражничот и нова шопска, малку поголема. Оваа за ручек беше минијатура за тројца. Денес конечно и кафенце со малку млеко. Орботрекот е на поправка се' уште, една недела го фати, ќе полудам што го немам. Правам други вежби, но чувствувам дека не е доволно. Ако имате некој совет за ТУРБО УН , слободно советувајте.
Повеќе спиење за време на овошните денови. Јас така успеав да не направам грешка. Денски ако не можев да заспијам само лежев така или вежбав, зависно од енергијата.
Денес ми е овошен ден и некако терам.Јадев праски,сливи и сега планирам да земам да се освежам со парче лубеница.Само ме чуди зошто стагнирам со килажата?Не знам што ми стана,почнав да размислувам да се префрлам на Аткинсот па колку и да е критикувана.Барем со неа секогаш сум имала сигурни резултати,а и фала богу не сум имала никакви последици
3 Јагленохидратен ден Доручек-две сливи Ручек- 2 кифли Вечера-еден ред чоколадо за готвење. Добра сум денес и со јадењето и вежбањето.Вежбав 30 мин бидејки неможев повеке,ама мислам дека би било доволно.
Јас ја прекинав диетата на два дена, така што уште сум на 63 кг. ,а стартував со 66. Морав да ја прекинам, не знам што ми се случи јадев леќа и лук ,а имам прилично осетлив желудник и ме уби од болење и на крај ја повратив. Па овие два дена јадев само варени компири и двопек. Од утре пак ќе си ја почнам. Многу се изнервирав. Дури мислам и да го прескокнувам јаглехидратниот ден ,а секој трет да ми е овошен за малку да ја забрзам работата. Што викате? 30 дена од диетата едвај 3 кг. симнав.
4/90 Овошен ден. Денес, изедов 1 прска, 1 слива, и 2 чинии лубеница. За утре се мислам. Сакам месо на скара, ама не сакам со зејтин. Па и реков да проба некако мајка ми, без зејтин да ми направи пилешки стек, само со вода. Или ако успее, со фолија. Кога држев една друга диета, имав да јадам риба. Ама дека беше без зејтин, на скара, и се исполепи цела. Ништо не остана од нејзе, се распарчи. Се падна под решетките. Варен стек, и печен не сакам, на рабовите останува едно како бело така лигаво. На крај краева, ќе си сварам јајца, ако треба, и готово.
Малце Оф топик... Вчера,доаѓа еден другар,ама ставил капа и немозам да го познаам... Човечеее,до пред 3 недели нема ни 3 недели,беше огромен беше 102 килограми,кога ми се појави пред очи првин испрузив јазик,и вилицата ми клапна...89 килограми станал! И му велам,добро бе,ти на планина појде или на липосукција?! и ми вели,ја дрзев онаа диета на Зан Митрев или Медицинската,5 дена 2 одмор 5 дена 2 одмор и пак 5 дена,вели му ја казале горе на планина некои фармацефти и почнал...оваа диета знам шо ми има зборувано баба ми,ама некој од вас има искуство?? не за друго,другар имам кој сака до 25 да симне едно 10 килограми а тоа со УН не е мозно пошо нашата УН е здрава диета!
^ Nutricionist, и јас ќе одам малце оф топик, и друг пат имам пишувано за ова. Јас пред да ја почнам Ун-диетава, ја држев медицинската или уште позната како диета на Жан Митрев, истата онаа со која другар ти ослабнал (се`уште слабее). Кај не јадев ништо, буквално ништо не се јаде, стомакот ти е празен постојано, кај ептееееееееен бавно слабеев. Ја држев месец дена, не се сеќавам колку точно симнав ама после ова, период што следеше ми беше уништувачки. И на психичка база и на физичка. За 6 дена си вратив 5,6 кила фино лепо, паѓав во депресии, плачки и уште ли уште не. Буквално се уништив. Желудникот си го расипав, кај ништо не јадев цел месец, кај експресно брзо си ги вратив килограмите. Типичен јо-јо ефект. Крвта слаба и од тогаш почнаа ноктите да ми се разделуваат, да ми се лупат. Ужас. Значи јас ништо убаво не видов од диетата.. И не ја препорачувам. Не знам само како дошла до поголемата маса народ... Покрај ова, од тогаш и портокалите ги одјадов. Секој сабајле двопек и портокал. Едит: Баш сега ја отворив темата со Медицинската диета да се потсетам на тоа што јадев и ми текна на ручекот составен од портокал и варено јајце. Значи оваа комбинација ми беше убиствена!
Леле....ама тој проверил крвна слика,супер му е вели,и плус не јадел портокали туку лубеница и јадел по повеќе...ама како мозе за 20 дена 13 килограми...не ми е својствено! плус,сеа вели почнува интензивно да спортува,и секоја недела ќе јадел таму нешто специјално а другите денови лесно и урамноте=зено јадење... а ти,со колку килограми ја почна,и колку изгуби??
Бидејќи е off topic еве мое мислење во спојлер: Спојлер Јас ја имав држано оваа диета само 10 дена. Ја прекинав, бидејќи во описот пишуваше дека ако се оди по пропишаното може да се заслабе од 3кг до 5кг неделно, а јас едвај 1кг неделно. И не само што не грешев - туку со кујнска вага мерев и месо, и сирење - СЕ‘. Освен тоа проблем ми беше да носам храна на работа (ама ајде и тоа некако го истуркав), но кога видов дека нема фајде - прекинав. Не се согласувам дека нема јадење во таа диета - има, само воопшто не е вкусно и е напорно да мериш се‘ што ќе ставиш в уста. Е сега, јас сум убедена дека се‘ зависи од организмот (можеби од крвна група или некои други параметри), бидејќи познавам луѓе на кои им успеа (и тоа без толку многу труд - без мерење и сл.). На крај краева, ако е диетава навистина од д-р Жан Митрев, сигурно не ја препишал за широката маса народ, туку на некој поединец (веројатно според крвна слика). И убаво е наведено дека е наменета за брзо губење килограми пред операција (а по операција едно 2-3 дена пациентите се на чај, потоа на полесна храна дури да се навикне организмот). Исто така на тие пациенти по хируршкиот зафат им се препорачува пешачење по неколку километри дневно - па можеби не ги враќаат килограмите брзо. И јас стагнирам со килажата (иако во обем сум изгубила уште 2cm во критичната зона - кај колковите) и тоа веќе 3 недели. Затоа решена сум во наредните два циклуса јагленохидратниот ден да го заменам со овошен - за да мрднам од мртва точка. Се надевам ќе издржам. Еве при крај сум со диетава (уште 20 дена од диетата), имам ослабнато само 7 кг, а јас се надевав на 12кг-15кг во минус , ама без физичка активност - тоа е! Патем, вчера имав јагленохидратен ден: појадок: 2 праски, ручек: макарони со доматен сос - многу убаво беше; вечера: 3 палачинки со мармелад (да, да! Јадев палачинки, сама си ги правев и ЗНАМ дека не се покалорични од парче торта кое го јадев во првиот месец од диетава кога всушност слабеев). Затоа наредниот циклус: чао јаглехидратен ден!
Протеински ден 42-ри Појадок: 2 парчиња диња Ручек: 2 јајца, 1 парче леб, шопска салата Вечера: 1 јајце, шопска салата Многумина ми велат дека имам намалено со килограмите и тоа ме радува, но не знам оти не слабеам во бутовите, а таму имам многу сало на нив, кажете што да правам
Да не звучам демотивирачки ама денеска си земав слободен ден,ама нема прејадување.Вчера вечер имав многу силни болки во желудникот,не знам што ми стана Од утре започнувам со Аткинсот,барем уште овие 5 кила што ми останаа ќе ги симнам за некои 2 недели.Можеби едноставно УН диетава не ми одговара на организмот....
На тостер (ако ти се наоѓа по дома) фино лепо си го ставаш стекот (немој да го чукаш со чеканче, ќе ти се лепи така) со малце сол... го печеш и си го јадеш со салатка