За вечера покрај дињата си каснав и лубеница и ако можи кажете ми за брусницата како ја купувате (рефус или пакована) и колку пари е
xмм цитам цитам ама никаде не си најдов одговор сто прасав за водениот ден??оти?? а јас па и др прасанје сакав да надоврзам? знаци усте еднас ке си прасам(мозе ке се смилува некој да ми одговори)какви се последиците ако не го дрзис водениот ден? се стопира ли процесот или се убрзува со него? и после овој ден продолзувате од поцеток(протеински) или од денот каде сто застанавте? јас си долзам рапорт за 2 дена знаци вцера овосен како овосен помина во знакот на јаболки,праски,сливи и некое грозгенце измегу (и цел ден бев излезена знаци мноогу песацев а денес протеински вака доруцек 1 ипол јаболко руцек салата со варено пилеско( така нормално колицински) вецера на пола од руцекот и денес трцав секако... однапред ви благодарам за одговор
Водениот ден се држи на секои седум циклуси ( 7x4 ) т.е. 29-ти, 58-ми, 86-ти ден. Јас го држев првиот пат водениот ден (29-тиот), денес ми е 53-ти ден, што значи уште еден циклус и ќе треба повторно да имам воден ден, но не знам дали овој пат ќе го држам. Не е воопшто тешко да се држи водениот ден. Колку што знам anabel-a не држеше воден ден, а сепак ослабе 21 килограм, но сепак мислам дека држењето на водениот ден го забрзува процесот на губење на килограми. После водениот ден се продолжува со протеински ден.
Јас почнав да си додавам почесто водени денови, воопшто не се тешки. Пакетче орбит, фрижидер полн со многуууу ладна вода и си се излежуваш цел ден (пошо немаш енергија да вежбаш).
Sakam da prasam zosto dietava ima samo 4 dena, na primer dadeni se samo denovite ponedelnik, vtornik, sreda, cetrtok, a vo petok pak pocnuvame kako vo ponedelnik? I ova ne mi e jasno vo 2 ден – Скробен ден dali treba se od navedenoto da se jade ili samo edno po nas izbor (грав, грашок, спанаќ, компир) ?
Тоа е еден циклус од 4 дена, после секои 4 дена се повторува циклусот. Во скробен ден се јаде тоа што ќе избереш само еден вид на храна, тоа што ќе јадеш за ручек тоа ќе треба да јадеш и за вечера т.е половина од количината за ручек (ќе си избереш или грав, или грашок, или компир ...)
Znaci ako 4 dnevniot ciklus se pogodi od ponedelnik do cetvrtok, a vo petok pak se kako vo ponedelnik? i ova zaboraviv, dietata moze da se pocne od utre ili da ja pocnam od 1-vi Septemvri?
Ако на пример ја започниш диетата од понеделник распоредот ќе биде вака: Понеделник - Протеински ден Вторник - Скробен ден Среда - Јагленохидратен ден Четврток-Овошен ден Петок - Протеински ден Сабота - Скробен ден Недела - Јагленохидратен ден . . . Не е важно во кој ден ќе се почни диетата, таа трае 90 дена, на секои 4 дена циклусот се повторува по истиот распоред. Многу е важно распоредот на деновите да не се менува. Пишувај на кирилица
Ех, да знаеш колку само девојки има тука што ја држат, сите ќе си се бодриме... Денес реков дека ќе вечерам салата,ама пак каснав грозје, се на се овој овошен ден ми помина супер, не јадев многу овошје, почуствував глад само откако завршив со вежбањето но неколкуте зрна грозје ми помогнаа... Утре протеински ден, се мислам што да јадам?
Брусница купувам на мерење од пазарчето во Буњаковец, 500 ден кг - јас купувам по 100 гр - 50 ден и имам за појадок два дена. Денес овошен ден Појадок - 50 гр брусница Понатаму - грозје, диња...можеби некоја салата приквечер Со диетава толку сум се одвикнала од нес кафе со млеко, што сега не го поднесувам - строго турско кафе без шеќер!
Луѓе,како ја правите пицата ? (јас вчера ставив растителен кашкавал и печурки,мада се двоумам за печурките,бидејќи сепак се протеин)
Ах да,уште едно прашање ВО овошниот ден,дали за вечера може да се јадат пржени тиквици (сепак зеленчук нели се) или таратур (со кисело млеко) ?
Секако дека не можеш да јадеш кисело млеко во овошен ден, само во протеински! Инаку, за тиквициве не знам, нека ти каже некој поискусен, ама јас не би јадела пржена храна тој ден, само свеж зеленчук!
17/90 Протеински ден. Доручек: 50 гр. суво грозје. Ручек: пилешки стек на скара со кечап, 1 кришка црн леб на скара, 1 чинија супа. Вечера: пилешки стек на скара со кечап, 1 кришка црн леб на скара. Немам дигитална вага, и оваа цело време ме заеб. На секое место различно покажува. Еднаш ми вика минус пола кило, минус цело кило... Иии.. Нема да се мерам до крајов на месецот.
Хм,ок за тиквиците разбирливо е а и за киселото млеко,бидејќи е протеин...Јас кога одев кај Цвета во нејзините режими се дозволуваше уз ручек ајвар или пржен зеленчук. Инку денес,3-4 парчинња лубеница,десетина сливи,малтекс со лен сусам и сончоглед(секојдневен ритуал ми е) и салата со домати и кромид (плус малку пржени пиперки со праз) Башка,не знам дали е поради малтексот (МАДА НЕ БИ ТРЕБАЛО) денес ми е овошен ден,и го завршувам првиот циклус од 4 дена...али немам ни грам мрднато (НЕ ВЕЧЕРАМ НИШТО ОСВЕН МАЛКУ САЛАТА И ДО СЕГА НЕМАВ ЈАДЕНО ПРЖЕНИ ЗЕЛЕНЧУЦИ)
Ја држев пред 1ипол година,за 2 месеца, ослабев 7 кг. од кои 3 вратив. Сакам да ја почнам пак. Девојки, ќе Има ли резултати ако диетава ја држам втор пат??? Имам за симнување 12 кг..
шом имаш 12 кг за симнување, оваа диета ти е како погодена, ем постепено ќе ги симнуваш, ем со здрава исхрана... Денес за ручек јадев 1 парче стек,1 кришка леб(слаба,прозирна би рекла ) и немаше дома салата бидејќи ги испекле пиперките и после ги пржеле со доматите и му доаѓа како летен пинџур,летна манџа и макнав малце од тоа, мислам дека не е прекршок, во 7 ќе вежбам а после тоа ќе си се почастам со салата зелка(ако не заборават да ми купат ) ако не, ќе се помислам што ќе каснам,ама сигурно нема да јадам пак месо...
10ти ден ТУРБО УН. Протеински. За појадок 2 праски. За ручек јадев парче леб, со парче кашкавал, мала шопска салата и чашка јогурт. Слично ќе биде и за вечера, немам никаква желба за месо, денес удрив повеќе на млечни производи. Уште 3 дена од диетата, ама јас ќе ја продолжам уште еден циклус + воден ден. Значи после завршувањето на 12тиот ден, продолжувам после овошниот со - протеински, скробен, овошен и на крајот воден ден. Диетата официјално ми завршува на 23ти август, и со тоа ќе бројам вкупно 92 денови од УН диетата. Таман.
Еве и јас привршувам со диетата. Уште точно една недела. Јас почнав со вишок од 20 килограми. (Со 70кг, на висина 160cm). Ослабнав до сега точно 8кг и 6,5cm во обем (и во колкковите и во половината/стомакот). Најголемиот дел од овој (каков-таков) резултат го постигнав во првите 30/40 дена од диетава (кога всушност и пешачев неколку пати неделно по еден час). Штом фати горештината, прекинав со физичката активност - се стопира слабеењето. Сметам дека не правев некои посериозни прекршоци, иако реално не јадев исклучиво варена храна (што е најдобро) или печена. Знаев да си јадам и пропржени јадења. Месо не јадев многу често, но кога јадев знаеше да биде и свинско месо (без пардон). Многу денови (особено протеински) ручекот и вечерата не ми беа исти (најчесто кога бев на работа- тешко се погодува и дома да имам исто). Се‘ на се‘, јас сум задоволна од резултатот (особено бидејќи добивам комплименти од околината и коментари од типот: не ти треба повеќе-доста ти е). Јас ќе бев посреќна ако ослабнев едно 13-15кг, ама што е -тука е (мрзата си го направи своето). Така што, драги мои диеталки, физичка активност паралелно со диетава е задолжителна доколку сакате поголеми резултати. Жив пример ви е anabel-a . Поздрав!