УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    36/90
    Јаглерохидратен ден


    Доручек: пола банана.
    Ручек: макарони со кечап.
    Вечера: 2 интегрални чоколатца.

    Чоколатцата не содржат шеќер. Имаат само семиња, сончоглед, житарки, и такви работи..
    Макароните нормално не попарени. Зејтин јадам само во тавче-гравче и леќа. Без запршка, туку само така.
    Иначе да, -8 кила со ун, и -14 кила за 3 месеци мислам поминаа.
    Можеби нема да пишувам секој ден. Можеби малце ќе бидам отсутна.
    И така ништо ново не јадам. Дали дека почнавме со школо, воопшто не чувствувам глад. И помали порции јадам.
     
    На Doozy, Treki и thinkerbell им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.007
    Пол:
    Женски
    17ти ден- протеински
    појадок: 1 банана
    ручек: сардини со кромид и патлиџан, парче сирење и тенко, тенко парче леб.
    вечера: таратур само

    Многу го сакам овој ден. Најмногу избор некако има за јадење, а и најнајадена се чувствувам.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    искрено да ви казам јаденјето од секогас ми е ``слаба ``страна мноооооогу сум ``никаква``во тој поглед :wasntme: цел зивот сум по диети понекогас и сама си се цудам како издрзувам со толку малку јаденје :wasntme: ,и од секогас истиот проблем малку јадам а дебела изгледам :fubar: (на крајот ке ви ги казам моите пропорции,да не излезам ``болна`` ;) )
    знаци известај за 2 дена
    вцера протеински ден
    доруцек
    1 јаболко
    руцек
    салата со варени пилески крилца
    вецера
    само салата испив и 2 кафинја со малку млеко и продолзив без млеко некако не ми бесе вкусно
    вцера си трцав и везбав по ред

    денес скробен ден
    доруцек
    2 јаболки
    руцек
    ориз варен со спанак
    вецера
    на пола (само ориз) овие последните денови пијам (немора да наведувам повторно дека пијам многу вода и кафе нели :$ )и од овие витаминските(сумливи)таблетки...некако цуствувам дека ми требат :tmi: и да заврсам со постов одам да потрцам па и да повезбам ;)


    п.с знаци многу се нервирам кога лугето околу мене ме замараат за јаденје :envy: аууу ....посебно у стилот каква е таа диеата со цоколадо мислам хелооо таква сто има резултати :emo: ајде поздрав девојки :hai:
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    259.412
    Скробен ден.
    За појадок банана.
    За ручек ориз и зелка салата.
    За вечера печен компир.

    Денес падна и првиот прекршок. И не поради моја желба, ама се најдов во ситуација кога неможев да кажам не. Утрово на работа ме почастија со слатка, во чест на едно прваче. Не можев да одбијам, не можев да кажам на диета сум. Грешка е и тоа огромна, ама ете се случува. Има моменти кои неможат да се избегнат.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.007
    Пол:
    Женски
    Јуле не се замарај до толку. Грешка е, ама не е па и огромна де :) . Се работи за детенце, да му биде сладок училишниот период.
    На пример, минатата недела татко ми беше на роштилијада и донел дома сендвичи од кои еден најмал за мене. Мене ми беше овошен ден, ама каснав 4-5 така поголемки залаци, да не пропадне месото :) . Крв ми се стори да ти кажам право.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    259.412
    Со поводот се тешам. Вакви ситуации постојат, тоа е.
    Ако не сакам грешки, ќе треба 3 месеци дома да седам. И на работа да не одам.
    Битно не правам прекршоци по своја волја, туку кога морам.
     
    На Ema.Sk, Doozy, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    ^ Уживај, јас кога ги избројав грешките на крај испаднаа накај 10 :D , значи за 90 денови 10 грешки, тоа е во 9 денови по една грешка. :D
    Па се симнаа и тогаш килограми, важно да не е пречесто, да не е количински нешто огромно.

    Денес за ручек биднаа макароните со растителен кашкавал... па баш беа фини, не беа воопшто гнасни ко што го мислев, со зачини и многу малку масло. Се залепија дел за тавчето од страна, јбг, не сакав да ставам повеќе.
    И салата една изедов од краставица и патлиџан.

    За вечера изедов 3 од тие ишлери (така ли се викаат?) :?:
    Држ не дај, 2 ли, 3 ли, биднаа 3. :D
    Што ќе го мислам цела вечер, да не испадне покасно накај 12 - ама ми се јадееее, малку ми беше, нека е во стомак.
    Утре овошен ден, татко ми веќе не' опреми со гројзе и праски.
    Уште само бадем и брусница ни фали.
    :party:

    п.с. Првпат јадам колачиња. Тие 3 колачиња од прилика таа големина треба да бидат, така? Од тој тип мислам - ресани, мачмалоу, ишлери, тутку? Веројатно не се мисли на колаче еклер, кај ќе е крајот ако се изедат 3?
    :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    259.412
    ^
    И јас се прашувам за тоа.
    Најверојатно се мисли на ситни колачи, ама пак, кога ќе видеш дека можеш и две парчиња торта, те става во мисли. Јас затоа најчесто јадам сладолед, или корнет или на стапче од типот на бест или магнум.
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Ама и тоа блакцата од Веро не се лоша варијанта за вечера во јх да ви кажам право. :wasntme: Ама јас наредниот јх таксав што ќе јадам - чоколаден кроасан! ММММММмммммМММММмм! Е таков ќе јадам, оти вчера јадеа пред мене а јас голтав на празно. :D

    А што мислење имате вака групно за пржените чувчиња, оти јас чат-пат каснувам по некое? :D
     
  10. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    И јас започнав од 1Септември па до сега немам направено ниту една грешка...
    денес:
    Д-грозје
    Р-пилешко и салата
    В-пилешко и салата и + до сега бев во теретана се изнавежбав 1ипол саат а и живеам далеку од теретаната пола саат ми е патот ...значи имам и пешачено 1 саат :D
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    259.412
    Што е тоа чувчиња? :D
     
  12. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    што се тоа чувчиња бе? :^)

    Иначе по долго експрериментирање со секви диети, едно неделна,ваква таква, увидов дека килограми нови губам ама секогаш кога ќе ја завршам ги враќам, и се враќам на истото место каде што застанав со ун, тие 22 дена за кои држев диета и ослабев 7 кг одприлика не ги имам вратено, и се решив пак да ја почнам, и нема да се откажам, оваа диета ми одговара и на метаболизмот, тоа го забележав кога ја прекинав диетава, што и да јадев експресно излагаше од мене :D , ама стварно многу брзо желудникот ми го мелеше јадењето, и јас не се здебелив ниту килограм потоа, ама кога почнав други диети краткотрајни ослабував па пак ги враќав и застанував одма до тие 7кг. и добро се степав во објаснување, денес пак ја почнав, матурантка сум мора малце поозбилно да си ја сватам работава... нема назад, и ќе ве замолам за подршка кога ќе сум депресивна, знам дека ќе дојдат и тие моменти....
    Денес попладне бев нашкола, па пред да заминам во 1ч ручав 2 јајца варени со малце сол, немав време ни за салата ни за ништо, од стоење ги каснав, малце се изумив кога се спремав... на училиште на одмор си пиев јогурт ама мало шише баланс од 250 грама, и супер ми дојде, и кога си дојдов од школо пак си се напив 1 шолја јогурт, не ми се јадеше ништо. Утре се мислам што ќе правам, скробен ден ми е, нашкола сум од 1ч ќе каснам малце пред да одам, а за вечера се враќам во 8 и 30, ќе мора да вечерам тогаш..... Само скробен ден за ручек ми е проблем :( за друго се има што да се јаде, или како во протеински ден јогурт ќе си пиам...
     
    На Nataska-brasnar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.007
    Пол:
    Женски
    Пиперчиња мислам :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Абе еден збор ќе ви кажам на дијалект, дека ние па многу ги имаме, и ќе се чудите после. :rofl:

    Да да, пржени чувчиња, тиквички, црни патлиџани...? Јадете тоа? :?:
     
    На Marbella и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    ЈХ ден
    Доручек: грозје
    Ручек: макарони со кечап и оригано, леле луѓе неможам да се контролирам со кечапот многу ставам на макарони, шпагети и сл. ќе мора да почнам се контролирам
    Вечера: еден ред чоколадо за готвење и житна плочка на виталија
     
  16. Nataska-brasnar

    Nataska-brasnar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    12
    Оооо конечно и јас по петти пат је започнувам диетава и никако да ја завршам. Недела-две 2-4 кг помалку и пак си се пуштам во јадење. Ух па кога после ќе си се видам со меше и спојлери, ама не знаете колку се нервирам, Сопругот ме теши АЈДЕ ДЕ ЌЕ ГИ НАМАЛИШ КГ ОД БРЕМЕНОСТА ТИ СЕ. И тоа не е оправдување :@ . Срцушот има 5 месеци а јас само 12 кг намалив во првите 15 дена (бебе, вода и сл.) ;( . Сега ми требаат уште 15-18 кгр за да си дојдам во нормала. Висока сум 173 см и моментално имам 78кгр. па ќе видиме до крај. Еве готово си направив и диет план, за 8 дена ( 2 циклуса) па ќе терам. Си симнав и вежби од youtube. И ако имам кризи за благо, солено, ќе барам помош.
    ВЕТУВАМ овојпат ќе издржам.
     
    На Treki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.049
    Ве немам читано од април месец и сега се решив повторно да бидам на диета,па ке се дружиме.
    Ме интересира колку феминки до сега имаат издржано 90 дена и по колку килограми ослабнале?
    Ајде вие што се поактивни во темата нека пишат,да ме мотивираат додатно да почнам од утре :D

    Поздрав и ке пишувам натаму ако имам нешто нејасно, :)
     
  18. Myworld

    Myworld Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    - Јас за 15 дена, 4 кила ослабев, барем тама ми покажува вагата xd :D
     
    На Nataska-brasnar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    сакам да ве прашам дали смеам денес за ручек да јадам компири и пченка варени па печени, а за вечера наместо компири да си испукам пуканки?
     
  20. D1A2N3I4

    D1A2N3I4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    42
    Јагленохидратен ден 73-ти
    Појадок: 2 парчиња диња
    Ручек: ѓеврек (си макав во томатело, чили, оригано, босилек, ким), 2 парчиња зелник
    Вечера: чоколадо (1 ред), 1 чоколадце од пионир оклок
    Знам дека не требаше да јадам зелник но што да правам, некако во последно време мислам дека си се опуштив малку :)