16 ден овошен доручек: 2 банани ручек и вечера : 1 јаболко, 3 суви сливи, малце непечен сончоглед, 5 суви смокви, 1 мандарина,цедевита 1 чаша и комбуха 2 чаши. Инаку денес бев на гости кај што не одам стално и ми кажаа дека сум ослабнала, се мерев на иста вага откако почнав со диетата и имам 61,сум ослабнала 3 кг, некако не ми се верува. Сеа имам поголем потик да ја продолжам диетава и да не отстапувам од неа.
11/91 Јагленохидратен (ја терам овај пат до крај и нема да ја прекинам) Доручек: од старт да кажам дека ми беше пообилен, прво каснав една мандарина, па каснав банана да не пијам капсули на гладно, пред тоа каснав 5-6 урми и после тоа еден цитрон(баба ми запна бил здрав ќе ме излекувал побрзо зошто сум настината) Ручек: јуфки со лут и благ кечап. Вечера: пообилна исто(ама утре се надополнува ова со овошниот) една мала лажичка мармалад, па после пола час житна плочка гранули и после тоа едно мало тањирче домашно направен пудинг(го правевме со цимерката и испадна добар). Тоа би било тоа за денеска. Продолжувам утре
Лукс не сакам да те разочарам ама поарно само внимавај на исхраната, храни се здраво и ќе има повеќе резултати како што сакаш отколку да ја држиш диетата. Како прва оваа диета е за буквално да се придржуваш, да јадеш се што е препишано. Едно мало отстапување во диетата е лошо. А тоа што пиеш нес, сокови и останати ситници во овошен и другите денови само ти пореметуваат се и за џабе се мачиш. Поради едни такви ситници кои ниту нахрануваат, ниту ништо нема ефект диетата. За џабе не е напишано што смее да се јаде а што не. Според мене како што и сите ти кажаа и не ти треба диета. Ама ако веќе сакаш, подобро ти е да ја држеш како што е препишана или воопшто не. Но да не се мешам, твое си е .
Леле луѓенце јас во последно време некако ич не слабеам.. Шубаво на почетокот си ослабев негде 7кг и сега веке две недели ни килце помалку... Ај вие шо ја држите повеќе време да ми кажетедали и вие сте стагнирале во некој периоди? Иначе денес ми е негде 37ми ден Ама не се откажувам, тоа нема шанси !!
Блек, фала за сугестијата, ама не правам некои отстапки од главното за да не намалувам на килажа. Морам да внесувам витамини, а тоа го правам со цедевитата колку и да е забрането внесување на течности, зошто уверена сум дека и со нескафе се слабее па нема потреба да го лишувам. Сега ќе терам вака, па за 30 и нешто дена ако немам мрднато надолу ќе продолжам да ја држам без нескафе и цедевита. Сега ми е период кога сум настината(кашлам) и ми требаат дополнителни витамини зошто пијам капсули и сируп. Не се правдам, немам ни намера тоа да го правам, него ти прикажувам како што е. А нешто во мене вели дека сум мрдната надолу, барем во обем сигурно сум, па зошто да се лишувам од нескафето на пример + не му ставам дополнително шеќер, колку што си има толку. И денеска ми е овошен ден, после следи извештај. Ти женска треба да си среќна што си успеала да симнеш 7 за 37 дена. Тоа е премија, не се разочарувај, може да е ова период на стангирање за организмот да се прилагоди, зошто сепак за него слабеењето е нешто ново и нова такаречена средина во која треба да се навикне, па после стагнацијата следи период кај што повторно ќе слабееш ако имаш што да слабееш, битно продолжи си како до сега(прави како што си правела) за повторно да имаш резултати. И што е најважно што си го повторувам секогаш: нема одкажување! (барем за мене ова важи)
Девојки да ве прашам како тоа јадете супа но без резанци? само водата? не го сфаќам ова баш Инаку ми изгледа за лесна и прифатлива диетава па од денес и јас ќе ја почнам,еве за доручек веке изедов две крушки
Од супата - само водата. Значи без резанци или фиде, прецедена со оцет по вкус, секако. Е сега, во принцип мислам дека они во оригиналната диета сакаат да се јаде супа сварена само со коцка, нели оние говедска, пилешка коцка за супа, што за мене е малку глупаво, тоа е чиста хемија, и преполно зачини и сол, зошто кога веќе има супа на мени, да не си сварам супа од ќесичка, и да си ја прецедам, па да ме види господ... И така. Во врска со цедевитата, да - не е во менито, нормално, ама ако веќе се мора дополнителна течност, покрај чај без шеќер и шумливи таблетки, ова е третото што би го препорачала, има шеќер да, но е поздраво од се` друго газирано, па и негазирано, "100% природно".
17 ден протеински доручек: 2 јаболки ручек: риба , салата (1 патлиџан и пола краставица), 1 парче црн леб вечера: супа без резанци,(заборавив на ручек па за вечера ке ја испијам) и само салата иста како за ручек. Риба нема да јадам ,не за друго нема веке , ја смачкав за ручек
Би сакала да сугестирам да не јадете никаков ама баш никаков леб во протеински ден (исклучиво) !! Нели целта е да не се мешаат продуктите? Протеин плус јаглехидрат?! Јас си спроведов режим (доручек овошје од еден вид,ручек-храна од еден вид (не јадам салата секогаш) и не вечерам).Плус дали еднаш неделно имам овошен ден.За девет-десет дена симнав 4кг.
Зошто имаш еднаш неделно овошен ден? Ја држиш диетата на поинаков начин според твој режим или како? Зошто секој 4три ден е овошен.
66ти ден- овошен За појадок каснав 1 банана. Околу 2:30 јадев туршија (зелка, краставички, морков, пиперки) и сега си направив салата со краставици и патлиџан. Попосле може ќе јадам уште пола свежа краставица, ама сега сита сум
На женскава над мене морам да и кажам дека е значително ослабена и и се познава(од модни критики го донесов заклучоков) па сега искористувам прилика да и кажам јавно. Браво! Уште еден доказ со слика дека диетава е навистина ефикасна. Денеска кај мене 12/91 Овошен ден. Доручек: една банана и една мандарина(од утре ќе гледам да јадам во пар). Ручек: две мандарини едно јаболко. Вечера: еден цитрон +нескафе и една чаша шумлива таблета од портокал што ја пијам моментално. Плус медикаменти ама тие не се важат П.С гледам дека со тинкербел тераме ист ден, да те прашам држеше воден?
Абе јас сум ослабена 11 кила, ама да не си ме помешала со Тинкербеллл, таа стави слика во м.к, јас повеќе од месец немам ставено? Како и да е, стоп, си го прифаќам комплиментот . Инаку воден се трудев да држам, ама не можам цел ден на вода, па си каснував салата од патлиџан и краставици најчесто. Друго... утре протеински ден. Се мислам дали да каснам една виршла, варена секако, колку за промена? Иако виршлата всушност е отпад? Ми скиснаа веќе јајцата и стекот.
Идеја за протеински ден : туна е подобра варијанта од виршла, соја топчиња со печурки (еден вид на селско месо ќе излезе, внатре можеш да исецкаш и пиперка, лукче), јас конзумирам урда во овој ден (КАЛЦИУМ колку сакаш ), “јајца на вода“ (во тавче по можност не лепливо, отприлика отпразна чаша вода, неколку капки зејтин, зачини од типот на вегета, црвен пипер, буковец го ставаш да зоврие и потоа ги кршиш јајцата и излегуваат како имитација на јајца на око-а всушност се варени и се мн вкусни, пошто од класика варените ми се гади) ако ми текне нешто др ќе пишам
Тамарче не можеш да ги видиш сликите затоа што немаш доволно мислења. Треба да имаш 100 за да имаш пристап во Скриено катче каде што се наоѓаат другите теми. _________ Инаку моја грешка се извинувам, другата Тинкербел со три л е навистина ослабена, а не знам дали држи некоја диета, а за тебе со две л не се сомневам дека си ослабена затоа што гледам долго време ја држиш скоро два месеца, па не е можно да не си ослабена.
Не.Ова си е лично мој режим,бидејќи после 24 години одење по нутриционисти и држење диети сфатив дека само правилната комбинација е лекот,не овошните ниту течните денови. Јадам слично како во режимов,и тој течен ден ми е чисто онака.Некогаш ни еднаш неделно го немам.
18 ден скробен Доручек: 1 банана ручек: пекарски компири со кечап и зелка салата вечера: само зелка салата Денеска испив 1 турско кафе,1 чај од брусница и цеден лимон -без шекер.
67ден - протеински појадок: 1 јаболко ручек: „пржев“ јајца по рецептата на nekoja85 и всушност ми имаа вкус на растурени варени јајца. Изедов 2 јајца, чаша јогурт, малку ајвар. вечера: таратур