УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    5ти ден, Протеински
    Појадок- 2 јаболки
    Ручек- супа,туна,салата
    Вечера- пола од туната и салата

    Туку девојки сакав да ве прашам дали некоја од вас додека ја држела диетава имала проблеми со циклусот? мене ми доцни веќе 5 дена а всушност требаше да ми дојде кога почнав со диетава :^)
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Па не знам, зависи кај секого. Ако пред диетава си јадела пообилно, сега со диетава можда си подисциплинирана и јадеш помалу количински и можда си го збунила организмот и затоа ти доцни. Ништо страшно, би требало да ти дојде, еве јас ја држам веќе 16 дена и после првата недела држење циклусот си ми дојде. Не се плаши, треба да се плашиш ако не ти дојде повеќе од месец дена, ако касни една или две недели не е страшно.
     
    На Elina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Не сум најсигурна :!: ама мислам дека најмногу одговара за скробен ден тиквата, исто како и костените :?: , но како и да е здрава е многу за конзумација, па макар бил и овошен ден :P
     
  4. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Ме интересира за во ЈХ ден дали може да се јаде од овие што се оризовите галети на виталија (RICE CAKES) , планирам да ги јадам со мед или мармалад, ама ме буни составот што се од ориз? Што мислите вие?
     
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Благодарам. И јас пребарував малку и најдов информации дека во однос на калориската вредност, тиквата има помалку калории од бананата. Во 100гр банана има околу 90 Kcal а во 100гр тиква има околу 26 Kcal. Шеќерите во тиквата се далеку помалку во однос на тие во бананата. Еве линкови:
    http://www.nutrition-and-you.com/pumpkin.html
    http://www.nutrition-and-you.com/banana-fruit.html

    И според тоа јас одлучив дека печена тиква најдобро е да се јаде во овошен ден (без додатоци од шеќер или засладувачи!) или во јагленохидратен ден - за вечера (со додаток на шеќер, мед, и што уште не ;) )

    Јас ја држев 90 дена и немав проблеми ниту со циклусот, ниту со столицата, напротив се чувствував поздраво од кога и да е. Тоа е сепак, индивидуална работа, но сметам дека можеби проблемот е во нешто друго (стрес, настинка и сл.).

    Поздрав!
     
    На Elina и Treki им се допаѓа ова.
  6. rainbowm

    rainbowm Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Денеска почнувам со дитава значи прв ден ми е и од сабајле имам јадено 1 јаболка. Диетава веќе ја имамм држено и ослабна 18кг но со вежбање. Но месецов претерав со јадење и пак почнувам бидејќи сепоправив.Се велам од утре од утре и никако да почнам,се прекршував и сега се надевам дека нема. Т.е несмеам. Тука пишувам бидејќи тука ја добивав подршката,инаку си ја заборавив лозинката на претходниот профил. Се надевам дека овој пат кеуспеам повторно.Поздрав!
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Да си прашам уште нешто оти почнувам со диетава иако ќе правам прекршоци секој ден бидејќи кафе без шеќер не можам да пијам, се надевам не е толку страшно...или е?
    Печурките ги пржите на масло? Ајварот кај може да се вметне, може во јаглехидратен со леб?
     
  8. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    21 ден протеински - вчера
    доручек: 1 јаболко
    ручек: месо и сирење ,кашкавал, салата(краставица ,патлиџан, зелка без зачини)
    вечера: месо и кашкавал без салата . Испив малце вино
    (морам да признам дека денеска некако претерав ама ми се јадеше,таков ми беше денот,па се опуштив) :$

    22 ден скробен- денес
    доручек: 2 јаболка
    ручек: помфрит со кечап (немав време од дома да земам а на раб сум и морав нешто да каснам) :$
    вечера: планирам да сварам 1 компир и салата од патлиџан и краставица да си напраам :)
     
  9. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    42 ден - Скроден
    Појадок 2 јаболка
    Ручек- печени компири со кечап
    Вечера: Или компири или пуканки, ке видам шо ке ми се јаде повеке :D
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Aко ти е единствен прекршок кафето со шеќер не е некој голем, терај така слободно се слабее и со тоа 100%. Од искуство ти кажувам..
    Печурките денеска си ги пржев со стекот и со кашкавал во протеински и ич не ми е гајле, се си е според пропишано, се си е протеин, а печено, а пржено, нормално поздраво и помалку калорично е печено, ама барем да си каснам повкусно, 200 калории плус, а биле, а не биле, ионака друго не внесов освен тоа и салата.
    17/91 Протеински.
    Појадок: една мандарина.
    Ручек:стек пржен со кашкавал и шампињони плус шопска без сирење.
    Вечера:пола од ручекот со една краставица свежа без сол(ја рупкав) + една чаша јогурт.
    Податок: ручекот го јадев на два пати за убаво да се најадам за да издржам до вечерата, до пред да појдам на факс си јадев два пати и од ко се вратив си вечерав.
    И едно експресо од кафемат и една чаша млеко после вечера си испив.
    Додаток плус: две чаши ладен чај испив, мораше, не смеев да одбијам, и тие ми се втор прекршок, ама ситен, :!: битно да не е прекршокот во јадењето.
    Плус податок:дека сум била ослабена ми рекоа татко ми и мајка ми(после недела дена ме видоа) и прв коментар им беше тоа, па така да очекувам едно 3кг сигурно да сум, што значи дека диетава повторно делува на мене. :inlove:
     
    На MSkorpionka, pamelche и alisa222 им се допаѓа ова.
  11. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    За кафето, можеш овошен шеќер да си користиш-фруктоза ;) (го имаш по маркети пакуван, а го има и по продавнициве за здрава храна на мерење)

    ако ги ставиш во тефлонско тафче, минимално зејтин ти треба, плус самите си пуштаат течност и нема потреба од мн зејтин :) сепак најдобро би било со маслинов (кој не го поднесувам мн мн :lol: )
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    71 ден- протеински
    појадок: 1 банана
    ручек: парче печен стек со млеко, патлиџан, пипер и морков, шопска
    вечера: половина од ручекот, без шопска, со чаша јогурт

    Ме заинтересиравте со тиквава. Во овошја спаѓа всушност? Ако да, може да се јаде за појадок?
     
  13. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    хелоу грлс :) гледам добри сте со диетава ;) оддамна ве немав цитано а се цуствувам долзна сто не ве известив за крајните резултате и ке ве следам секако иако сум веке на одрзуванје , резултатот од моите 3 месеца се сведува на -6ипол-7 кг,(казав веке јас непоцнав со многу висок)мислам најмногу ослабев во првите 2 месеци(тогас и секој ден везбав,сега не толку редовно :worried: ) а во последниот колку сто мозев да забелезам резултатите беа во грамови :( ма со оглед на тоа дека внесував алкохол поцесто сама сум си виновна :tmi: знаци пазете на тоа ;) (сега во одрзуванјето сакам да се оправдам,воопсто не пијам)процитав несто за циклусот исто и кај мене не бесе во ред,во последните 2 месеци воопсто и не добив :x ...ма мене најбитни ми се резултатите :doh: и ке се трудам секако да ги задрзам :rock:ете на кратко моето искуство ...само напред девојки ке ви се исплати секако..поздрав :hai:
     
    На Elina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    6ти, Скробен
    Појадок- 2 јаболки
    Ручек- варен компир(исечкан на коцки,како салата со малку зејтин и зачин) и зелка салата
    Вечера- половина од ручекот и салата
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    72 ден- скробен
    појадок: 1 банана
    ручек: чинија и пол грав :tmi: (прегладнета бев, појадував во 10, ручав пред 10 мин), закиселени црвени пиперки
    вечера: половина чинија грав само и некоја кисела пиперка најверојатно. А може и ќе го исфрлам гравот
     
  16. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    23 ден јаглехидратен
    доручек: гројзе
    ручек: посна пита со праз
    вечера: 1 кроасан , 2 палачинки со крем и 1 ред темно чоколадо
     
  17. Katniss

    Katniss Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Денес и јас ја почнав диетава.
    Не сум дебела, но има неколку килограми што сакам да ги синмнам. Тежам 66кг (висока 173см) и цел ми е да стигнам до 56-58.
    Не планирам да ја држам 90 дена, затоа што ќе вежбам паралелно со диетава, но ако е потребно, ќе издржам и толку.

    Ден 1: протеински ден.
    Доручек: една банана.
    Ручек: пржен стек и шопска салата.
    Вечера: мало парче стек и малку салата.
    Пиев само вода и зелен чај со малечка лажичка мед.
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    Многу фино е кажано во воведот на диетава- НЕ ПРЖЕНО, само варено или печено. Навистина се уништи смислата на диетава, си воведувате глупости, недозволени работи. Фактички вие не сте на УН. Не викам дека не смее прекршок да се направи, имам и јас правено, фала Богу, ама прженици, нес кафиња, шлагови ... претеризам.
     
    На JuLleE, anabel-a и kate21 им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Здраво. :geek:
    Леси се врача кучи!

    Јас по диетава од пуста стрвност кон ајварот и сите оние пропратни зимници кои доаѓаат, си вратив фино - лепо цели 3 кила. До вчера беа две, денеска се сторија три. За арно нека е. Искрено, јас не им се замарам многу, 3 кила не ми значат и не ми менуваат нешто многу, али ненормално многу ми маваат на психа и баш ради тоа сакам да се ослободам и од нив во што е можно најбрз период. Затоа се одлучив да ја држам 12 дена Турбо Ун - па што се симне, се симне. Верувајте, последниве две недели што изминаа ми беа премногу измачувачки и напорни при што секој ден буквално се одлучував да ја почнам диетава, ама пусто срце јуначко попушташе кога ќе видеше ајварче, леб и сиренце. :( Затоа, се одлучив да си пишувам овдека, мислам дека ќе ми биде полесно и нема да попуштам така лесно. И полека кога ќе ги завршам тие 12 дена, си се враќам повторно на здравиот режим што го применував.

    Утре 1/12. Протеински.
    За доручек 15 зрна аронија, за ручек јогурт и салата. За вечера исто чаша јогурт и салата.


    Уххх, гледате како ми олесна, дури сега имам и те како поголема мотивација да ја почнам и завршам успешно диетава.

    Ајде, бидете ми поздравени и избегнувајте пржени работи, читам пржен стек јадете.
    Ноу, ноууу. Не иде тоа така :D. А јас ќе гледам да стојам што подалеку од ајварот.
    Каков ајвар бе, какви глупости.
    Чао, нема да ми фалиш. Точка!
     
    На Angel.Heart му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Анабелче, постара сум, мислам дека имам право да ти дадам една голема забелешка, и те читам и не ми се верува, си се здебелила 3 кила и одма ригорозна диета фаќаш да држиш, ма претеруваш.
    Не за друго ќе ти засабне крвта,ти колкава трансформација направи, и мислам дека треба да се опуштиш више.
    Намали јадење, океј не викам не, ама ти го гледам менито за утре, јас имам приближно 10 кила вишок па не се ни осмелувам да се ставам на толку ригорозна диета.
    Јади, дете ЈАДИ а не таму 3 ѕрна да ставаш у уста |(
    Можеби ќе ми се налутиш, ама претеруваш, психа ти мавале 3 кила плус, глупости.
    Извини што сум искрена вака, ама мислам дека безпотрено само си го измачуваш организмот.
    Свати ме најдобронамерно на свет.
    Згодна си, супер си, немаш ни под разно потреба од диета.
    Вежбај повеќе, и се што вишок ќе се стопи и ќе си дојде на место, ама изгледа јас ептен ќорава :geek: не гледам ни сантим вишок.
     
    На JuLleE и anabel-a им се допаѓа ова.