Па и вие сте запнале не прженици како којзнае што да е тоа, па и манџана кога се прави и гравон кога се вари претходно се запржува кромидон, ама нема врска, од едно пржено месо во една недела ништо нема да ни бидне иако е далку поздрава печената варијанта, не викам не. 18/91 Скроб Појадок:едно јаболко Ручек: имаше вкупно 6 тутулиња сарма со ориз(не беа ни многу мали ни многу големи некаде со средна големина) и од нив јадев додека не се најадов можда едно 3 изедов сигурно, останатото го оставив за вечера + медицинска како салата. Вечера: тоа што остана од сармата со цвекло од тегла.
Сега фанав да бројам кој ден ми е и замислете 80 ден ми е од диетава јухууууу . Анабелче арно ме потсети за аронија, скроз заборавив, а добра е за крвта и те подржувам за тие 3 кг, оти мислам дека ако тргнеш со килограмите многу потешко е да се запреш, вака арно си знаеш ти посовреме . Се мислам дали да држам трет воден ден!? Утре јх ден и се мислам да си каснам јуфки. Лух како ја правиш сармава со ориз? Добра идеа за скробен.
Лукс бе, остај ти тоа нема гајле, има гајле, нели секоја ама баш секоја диета гледа да ги избегнува пржениците? Ако е така лесно, тогаш дај УН кога е ден за месо да се налапаме плескавици и разни маснотиишта, ама небитно што и колку пошто нели, ден за месо е? Не, здарвиот начин на исхрана убаво си е зацртан со избегнување на пржени работи. Значи не велам дека не смееме ич, луѓе сме, посебно за хедонист и гурман ко мене, ама сега кога веќе сум се ставила на режим, ќе јадам ем со мера на количина ем ќе се трудам да не ги јадам многу помфритите, пржено месо(и плус да си мацкам од соленкото долу што истекло во тенџерето) и слични мезилаци Значи се си има ред бре, не иде тоа ај Ун дозволува да се јаде се, па ќе се натрескам месо денеска, и оп тапан стомакот Добро е кога се знае што е на мени, мене и затоа оваа ми беше подостапна диета, еве дома скоро недела дена немаме проблем во плановите кој што да јаде, ама секако дека внимаваме тоа што е готвено да е поздраво а не утопено во мрсно И, количински е ептен безвеза ако се рекло дека се дозволени компири да јадеме цел божји ден ко да нема утре, ЗДРАВО да се хранеме, а тоа не подразбира во скробен за ручек да изедам цела тава печен компир па со мајонез плус, или пак во јаглехидратен ајмо пржоли(нели знаете колку само масло пијат дур се пржат) со мармалад дур не ни застенка стомакот, дозволени се Така тоа мене ми изгледа, значи здрав начин на исхрана, здрави комбинации во трите или ете четирите оброци дневни. Е сега фала Богу, луѓе сме, некогаш и намерно ќе се деси да каснеш тшо не треба, некогаш едноставно не ти издржува организмот, ама сепак да е со мера. Патем, срам не срам, јас денес згрешив, кај пладне изедов една кришка интегрален леб со домашно слатко од сливи, ама вечерав половина ловечка плескавица и четврт тркалезно лебче(оние за сендвич) ама ми беше специјална вечера, немав како да избегнам Утре овошен, се опремив, наредени ми се ко војничиња на маса овошките и тоа на бров
Манџата грав јас ја правам буквално само со грав и вода и претходно, кога не бев на диета. Запршка не ставам, само суви везени пиперки и вегета. И многу влијае на диетата дали јадењето е пржено или варено. Реков претходно, грешки се прават, ама ова намерно честo правење грешки ја уништува диетата.
Не мислев да ви се размешам во расправата околу пржениците, ама ете. Јас исто сметам дека пржени работи треба максимално да се избегнуваат. Но и јас, и првиот пат кога ја држев диетава, а еве и сега, си го запржувам кромидот и морковот кога правам потпечен ориз, на пример. Во протеински ден, најчесто јадам варени јајца или печено месо, пржено месо и онака не јадам баш. Но грав без запршка, дома никој не јаде, па нема јас да се делам, каде не им давам да ставаат колбаси внатре, па сега и без запршка... Секој сам си одлучува за себе. Диетава се знае како е пропишана - си има на првата страна од темава. Тоа што секој од нас ја менува по малку, тоа се вика адаптација. Многу е полесно да ја прилагодиш диетата на твојот начин на живот, отколку начинот на живот да го прилагодиш на диетата . Се согласувам дека на тој начин и резултатите се помали и побавно оди слабеењето - но, тоа е цената што треба да се плати за запршка во грав, или запржен кромид во ориз или некја друга манџа, и тоа секој треба да го знае . И на крај од диетата не смее да има кукање од типот: „Јас ја држев 90 дена а малку ослабнав“. И секако, подобро е три месеци да си на ваква диета, да правиш некои мали отстапки и да ослабниш 5кг, отколку 3 месеци да јадеш се и сешто и да се здебелиш 5кг. За Anabel-a, само напред! Можеби 3кг не се многу - но штом почнале да се наголемуваат, најдобро е сега да пресечеш, за да не бидеш на маки потоа. Но тоа со аронијата - не ми се допаѓа. Колку и да е здрава, 15 зрна аронија за појадок е премалку. Наместо тоа, ти предлагам да си јадеш аронија на овошен ден, а останатите денови, за појадок, да си јадеш некое друго овошје кое и волуменски повеќе зафаќа .
Додека читав како сите слабеат сега еден по еден почнуваат да ги враќаат кг по УН? Може за тоа постои одржувањето, јас искрено веќе месец дена сум на одржување и знаете дека не се мерам но се осетив дека намалив во килажа малку, ама секако е подобро од тоа да гледам како вагата оди нагоре. Сега проблем ми е тоа што ептен затупев во однос на физичка активност која и така ми беше слаба но сега ми е рамна на 0, може некаде и под нулата да сум. Тоа веќе ме загрижува и морам што поскоро да реагирам Прочитав дека диетата без одржувањето не треба да одат едно без друго, сега е многу поопуштена варијанта и јадам и ајвар и лебче, и супер е сега за сега. Да не ве убедувам многу многу, ама кога вложивте толку напор за да дојдете до тука на овој начин, со УН, зошто сега измислувате нови начини, за да си ги одржувате килограмите кои ги добивте по УН кога всушност е многу полесно да продолжите по патот кој го започнавте со Ун и да си ја истуркате работата до крај.
Девојки ме интересира варениот мешан зеленчук кога го јадете? како го комбинирате? Инаку мене денес ми е овошен ден и искрено малку ме фаќа криза
Во скробен ден е мешаниот зеленчук (ако мислиш на оние мешани замрзнати зеленчуци) можеш варен или пак во тавче “печен“ во рерна (со ориз заедно).. со салата во комбинација..
На место ти е забелешката. Конкретно за мене можам да кажам проблемот беше во тоа што непосредно по завршувањето на УН диетата отидов на одмор и многу, ама мноооогу се опуштив во врска со јадењето. Кога се вратив од одмор веќе не можев да се контролирам. И еве сега, наместо одржување од 90 дена, јас повторно ја започнав диетата. Некој организам едноставно е склон кон дебелеење. Не сакам да се правдам, но кога ќе излеземе со друштво, на пример, сите ако јадат пица, салати, палачинка, а јас не сум на диета, треба да не јадам - да гледам? А ако јадам - резултат + кг. Е па не е фер. А се случија неколку такви излегувања кога се вративме од одмор. И ете сега повторно сум на оваа тема. Тоа е! Доживотна борба со килограмите.
^ Мораш да бидеш поцврста малку. И јас излегувам со друштво и сите јадат пици, ама јас нарачувам салата. Од кај дечко ми знам да земам гриз-два, ама на тоа останува. Помило ми е кога ќе застанам на вага и ќе видам -кг. И еве пак да прашам кога може да се јаде тиквата? Може за појадок? Или строго во јаглехидратниот само? Нели овошје е?
Ден 2: скробен ден. Доручек: едно јаболко и една круша. Мислев јаболка се двете ама сум ја утнала крушата барајќи в темница на поткровје Ручек: салата и гравче-тавче со кришка леб. Вечера: уште ме држи ручеков, најверојатно ништо нема да јадам. Сега да поставам и јас едно прашање: Зошто леб со скробниот ден беше пишано? Нели лебот спаѓа во јаглехидрати?
Не, погрешно си ме разбрала. Не ја прекршувам јас воопшто диетата. Зборам за периодот по диетата, и тоа кога се вратив од одмор. Бидејќи таму веќе се в опуштив (искрено поинаку и не можеше, такви беа условите, бидејќи не беше класичен одмор, туку еден вид турнеја), кога се вратив, ем бев разјадена , ем немаше смисла да глумам лудило: јас ова не јадам, она не јадам, кога пред тоа јадев. Тоа ми беше муабетот, ако ме разбравте. Сега планирам да ги изгубам тие килограми и потоа да продолжам со периодот на оддржување на тежината, како што требаше претходниот пат. За тиквата, без шеќер и сл., јас ја јадев и за појадок овие два дена (по 2 парчиња). Иако мислам најубаво е да се јаде на овошен ден (како бананата).
Како прво пржениците нормално дека не се здрав оброк, ама зборов ми е кога не е прекршокот направен од типот на намирниците(Јг, пр, скроб) тогаш дозовлено е барем три-четири пати во диетава да се јадат прженици(зборувам за протеински ден и пржен стек). Јас првиот пат кога ја држев зборувам за пред 3 години ослабев и со прженици и зборот ми е дека прженицата не игра голема улога освен во бројот на калории(значи е поголем) и во понездравата варијанта, пржено, печено пак е месо. Друга работа, секој како му одговара треба да си ја држи(тргнувајќи од сопствено искуство), ако мене ми одговара да јадам печено така ќе јадам, на некој му одговара варено. Секој ден е различен и нуди можности за различно комбинирање на храната и јас кога пишувам што сум јадела не сакам да ми се даваат забелешки зошто свесна сум кога храната ми влијае на запирање на процесот на слабеење. Како што никому не давам забелешки за тоа што јадел(освен кога некој ќе праша)така си пишувам без да сакам приговори дали било многу, малку или не требало така, требало вака. Испочитувајте го правото на сопствен избор и своеволно прекршување или скршнување од правилата во диетата зошто да не заборавиме и после диетата треба да јадеме, а не шокови да добие после организмот од премалку храна или од еднолична храна. Денес 19/01 Јаглехидарен Појадок: една мандарина(не можев уште една не бев гладна) и тоа во 6 и 30 ми беше појадокот. Ручек: (ми беше порано во невобичаено време да ручам, значи ручав во 10часот) три палачинки купечки(средна големина, ни премали, ни преголеми) со ајвар. Вечера(ја поделив на два дела и си каснав малку повеќе, сепак во дозволен број калории мислам): крај 13 и 30 каснав 4ри велнес колачиња. И крај 19 јадев две палачинки со мармалад.(5 беа вкупно за цел ден, ухуу, оддамна немам изедено пет палачинки во еден ден, ама нека ми се сторат крв, не сало ) причина за тоа беше што рокот на траење им беше до вчера, ако ги оставев така двете ќе требаше да ги фрлам.
Девојки, јас првиот пат, пред неколку години кога ја држев диетата и кога буквално се стопив, не сакате да знаете што јадев во протеинскиот ден, а што во ЈХ . Резултат, пишав, се стопив и никогаш не ги вратив оние кг, туку сеуште сум на истите, варирам килограм до две. Имам слика, ќе ја скенирам, и ќе ја ставам, па ќе видете разлика. Во протеински ден јадев: пржено свинско, свинска кременадла, врат и ребра на скара, шарска плескавица, ќебапи. Плус павлака, кашкавал, јогурт, млеко. ЈХ: цело кујнско чоколадо, по 2 парчиња торта, 3 топки сладолед од Палма. За ручек јадев по три ѓеврека, или еден ѓеврек и две празни кроасани, пица не јадев, само еднаш, имав повод. Во овошен ден никогаш не јадев зеленчук и не ги прекршував, ниту со еден залак. Значи јадев, еве гледате по колку и слабеев, и никогаш не ги вратив килограмите. Сега знам зошто. Затоа што се хранев како претходно, само правилно. Немојте да ме сфатите погрешно, не ви велам да јадете пржено, туку прилагодете си ја диетата на вашиот досегашен начин на исхрана.
Здраво на сите Во врска со пржени работи , моето искуство дури ја држев диетава е следно, на почеток си јадев пржено и слабеев , но во вториот период каде што обично сите стагнираме престанав да јадам пржени работи и токму тогаш почнав пак да слабеам. Во секој случај секој по свој избор , најбитни се КОМБИНАЦИИТЕ ! На сите ви посакувам што побрзо да си ги остварите саканите резултати , чувството е преубаво !
Лебот е пишан и во протеински и во скробен, за ручек по едно парче (за оние кои не можат без леб). Многу поубаво е да не јадеш воопшто леб. Лебот се прави од брашно (т.е. од житни култури), а тоа е скроб.
А скробот ти е сложен јаглехидрат. midnight.flower го има ова убаво објаснето со линков http://mojtrener.mk/prosti-i-slozheni-jaglehidrati/zdrava-ishrana/304
24 ден овошен вчера доручек: 2 јаболка ручек и вечера: преку цел ден распоредено на 3 ,4 пати јадев : 2 киви, 1 мандарина ,1 јаболка, семки од тиква несолени, сончоглед несолен, 5 урми.,3 смокви, костени. 25 ден протеински денес доручек: гројзе ручек: џигер во сос но без брашно запршка, салата патлиџан, 1 кришка леб вечера: исто од ручек ама без леб
20/91 Овошен Појадок: една мандарина и после некое време едно јаболко мало. Ручек: салата од зелка со малку сол, масло и киселина и цвекло од тегла. Вечера: еден тањир зелка салата како за ручек.