Тешко мене! Не ми е прв пат, ги знам правилата на диетава, но зошто не можам да се воздржам? Не правам грешки во однос на комбинациите и составот на оброците, но количината... Јадам како некоја не видена, особено за вечера . „Половина од ручекот“?!? Што беше тоа? Мислам дека тоа што имам ортак за диетава ме влече да јадам повеќе, се ориентирам по него, а реално нема шанси да имаме исти потреби за храна. Тој е многу поактивен од мене, повисок...просто му треба повеќе. А јас како сум запнала да јадам исто што и тој - ќе завршам со +кг наместо со -кг. Не знам кој кому е поддршка: тој мене или јас нему? Како и да е, денес помина јагленохидратен ден (се најадов ко свиња: пооолна голема чинија баница од тиква, многу е - знам ). Од утре: ќе ставам ред! Мора да ја намалам количината, мора да јадам помалку! Туку Lux прочитав во неколку твои постови: Што е тоа? Извини ако имаше пишано некаде порано.
Медицинска всушност ти е салата во тегла со киселина и зачини исто како што е руска салата како зимница, т.е е зимница, се прави со печени пиперки лупени, варени моркови, малку лукче и магдонос, ептен е вкусна, а ми е замена за салата, мислам дека не е прекршок, а е вкусна прсти да излижеш.
81ви ден- јаглехидратен појадок:1 банана ручек: ѓеврек вечера: поп кек најверојатно и еден ред чоколадо. Нешто благце ми се јаде деновиве
Дали е добро диетава да се држи 2 пати по 3 месеци? Дали макароните можат да се јадат со сирење? Ќечап-не поднесувам .
Сирењето остави го во протеински ден, а макароните моежш да ги јадеш со сенф, мене ми се допаднаа, ми има лутикав вкус и ми се вкусни Плус, ако е само кечап проблемот, направи си сама сос од домати, издроби ситно ситно, стави ги на сосем малце масленце, дури и една капка маслиново ќе ти заврши работа, пропржи, додај оригано, босилек, копар, што сакаш и ете ти превкусен додаток за макарони Сирењето и сите млечни производи си имаат кога да се парталат за време на УН
32 ден јаглехидратен доручек: 2 јаболка ручек: посна пита со зелка и буковец вечера: 2 парчиња торта и 1 ред црно чоколадо
За вчера 27/91 Јаг. И да напоменам дека заради обврски ги сменив ручекот и вечерата. Појадок: една банана Ручек: 6 кукис од велнес со лешници од бамби. Вечера: една средна пица со едно луто печено пиперче од тегла. А, денеска терам овошен ден и воопшто не чувствувам глад, секогаш е така после јаглехидратен, а тоа се должи на пицата што ме држи два дена.
33 ден овошен доручек: 1 црвен цитрон , 3 суви сливи , 7-8 урми ручек: јаболко, цеден цитрон вечера: салата од патлиџан и краставица
Јас често си пијам црвено вино ,1 до 2 чаши и пак сум ослабена. Па неможам да не се напијам кога сум излезена, а си обожавам црвено вино а и здраво е умерено
82 ден- овошен Многу малку јадев денес, ама нешто ми се повраќа од се што ќе ставам во уста. Каснав 1 банана за појадок, подоцна од една мала краставица направив салатка, а сега каснав две закиселени пиперки. До вечер ќе каснам уште половина краставица ако ми се пријаде.
28/91 Овошен Немав поделено на појадок, ручек и вечера туку кога ќе ми се пријадеше си каснував и имав доста обилни оброци/ужинки. Вкупно во различни временси периоди: две банани, две јаболка, три мандарини, две мали зелени круши и два пати салата со малку масло и сол, еднаш со краставица и патлиџан, еднаш само краставица. И тоа е тоа за денес.
Здраво девојки, нова сум на форумов и сакам да ви честитам на сите за цврстиот карактер и желба. И јас решив да ви се придружам од понеделник па ќе видиме како ќе ми иде...
Девојки навечер кога ве фати криза за јаденје што каснувате... пример мене сега ме фаќа ќе полудам хаха
Јас се прекиселувам со карфиол и брокула Или една чаша врел компот(без шеќер) и ќе ти клацка стомакот