Смеам ли да мешам млечни производи со месо во протеинскиот ден? Сакам да направам цезар салата со динстано пилешко и ми фали кашкавал некако на замислава ова го најдов на еден блог со најчести прашања за диетава: На првата страна од темава пишува дека може, а таа мене што ми ја дадоа е со сирење само доколку се одлучиш за јајце наместо месо. Секаде различно.
Епа ја направив значи 5 ден доручек: две мандарини ручек: динстано пилешко на парчиња, марула, краставица, домат, малку маслинов зејтин кришка диетален леб потпечена на рингла малку рендан кашкавал и една маслинка Вечера: половина од ручекот, без леб. (се надевам не згрешив многу )
89ти ден- скробен појадок: 2 мандарини ручек: чинија ориз (пилаф(в)), малку туршија вечера: Бев на слава, среќа имаше грав, па каснав малку со салата
За вчера: Спојлер 35/91 Скроб Појадок: еден цитрон Ручек: еден тањир пире плус едно киселво краставиче од тегла. Измеѓу едно 100г костени(се двоумев дали се скроб, ама биднаа, и да ми се прекршок нема да се здебелам од еднаш) Вечера: пола тањир пире и малку цвекло од тегла. Денеска: 36/91 ЈХ Појадок: една мандарина Ручек: 5 мали парчиња пица, а планирав да варам јуфки, ама дојде до промена на планот. Вечера: едно тањирче мало домашно направен пудинг.
Здраво диеталки! Јас само на поминување, да ви кажам дека вчера беше 20 ден од УН. Јас имам скромни -3кг, а ортакот мој има -4кг. Да ви бидам искрена не се придржуваме ептен строго а имаме и грешки (првиот пат кога ја држев, не направив ни една грешка, ама сега , срце јуначко не може да се воздржи, особено кога имам соучесник ). Спојлер На пример, еднаш на овошен ден, бевме на слава (именден), си мислев ќе јадам само салата, ама си каснав и сувомеснато и салата со павлака. А тој си касна од се по нешто: и сувомеснато, и скара, и кифлички а се напи и алкохол. Друг пат, на протеински ден, наместо вечерата да е на пола од ручекот, ние јадевме по 10 ќебапи (ова 2 пати се случи ) + и вино пиевме еднаш... Сакам да кажам, не се брзаме никаде. Немам намера да бидам манекенка, туку само 6-7 кг да симнам (пак ќе ми останат +10кг, ама убаво ми стојат ). Доколку имате намера со оваа диета да симнете повеќе килограми ќе се жртвувате малку и построго ќе се придржувате до правилата: повеќе варено, печено; вечерата половина од ручекот; грешки правење да нема! Никакви ќебапчиња и цела домашна пица (ова дека нашата пред некој ден излезе многу дебела )! И многу, многу физичка активност! Бидете поздравени!
Ден 6 доручек: мандарина ручек: ориз со свежи печурки и морков, домат и крставица, парче диетален леб вечера: пола од ручекот
41 ден овошен - вчера доручек: 2 јаболка ручек и вечера: 1 банана, непечен сончоглед, 2 мандарини, малце ајварче и маслинки (бев на роденден па каснав тоа и испив вино) 42 ден протеински доручек: 1 јаболко ручек: месо со праз и малку урда со пиперки и 1 парче леб , 1 чаша супа вечера: пола од ручекот но без супа Леле луге со славите незнам што ке правам некако ептен стрв ме фаќа, ама сепак гледам да не паднам во искушение да се разбереме , некогаш од нешто ке пробам само по 1 залче колку да ми помине меракот , уффф незнам понатака што ке праам .
Ден 7 / 90 ЈХ Доручек 2 јаболки Ручек 3 кифли и 1 домат Вечера 1 колаче и ред чоколадо за готвење Ме интересеира кога имате јх ден, освен тестенини, пица и кифли, што друго внесувате
Па тоа се внесува. Ѓеврек можеш исто така. ... 91ви ден - овошен Сега за сега имам јадено 2 мандарини, 1 банана, 1 краставица. До вечер ќе каснам уште 2 мандарини и зелка салата.
7 ден доручек: мандарина ручек: тестенини со доматен сос вечера: два еклери, ред чоколадо за готвење Девојки што десерти бирате во јаглехидратниот ден?
Ден 16 Скробен. Денес сум посебно задоволна, ги добив првите коментари дека се познава промена, околу половината и лицето. Се израдував премногу, поготово бидејки немам вага и неможам да си го измерам прогресот. И сега рапорт : Доручек, два портокала и зелен чај Ручек, една порција гравче манџичка, со кромидче и многу црн пипер и оригано Вечера, пуканки, сестра ми гледаше филм, и неможев да се воздржам а да не се почастам со пуканките.. што да правам, слабост ми се Утре за доручек ќе јадам два портокали со зелен чај, како и повеќето денови, а за ручек можно да имам пица.. нема да се лишам од пицата нема шанси. Јаглехидратен ден ми е, а и знам дека ако се воздржам утре од пицата, за некое време ќе ми се врати како бумеранг и од жал ќе го нападнам фрижидерот и ќе надокнадам за пропуштеното задоволство Keep it up ladies, we can do this !
Здраво и од мене на темава . Многу сум среќна што полека, полека ќе почнам да се враќам повторно во колосек. Диетава ми е испробана, резултати сум сигурна дека ќе имам, затоа што е единствен режим кој ми одговара ем на мене, ем на мојов организам. Денеска протеински ден. (1) За доручек една голема калинка, за ручек од причина што сум втора смена во школо ќе грицкам соја денеска, а кога ќе се вратам од школо плус салата зелка ќе јадам. Моментална тежинска состојба - 69 кила. (Бравоооооооооооооооо, мислам БРАВОООООООООООООООО за мене ), а цел ми се 60 кила. Ни кило плус - ни кило минус. Ќе пишувам во темава секој ден, при што ќе си имам евиденција што и како сум јадела, и нема мрдање од тоа! Плус 5,6 пати во неделата орбитрек по пола саат/саат време вртам и секој ден зумба по еден саат. п,с Тинкербел, те очекувам да се дружиме . Знам дека и ти од денеска ја почнуваш Турбо - ун.
^ Еве сум Првенче денес. Ќе ја држам цел месец Турбо УН, евентуално 36 дена, да истерам 3 циклуса до крај. Денес сум дома до 5 така да ќе јадам како човек, а не од нога. Ќе појадувам сега 2 мандарини. За ручек ќе печам 2 јајца и салата ќе јадам. Еве рецепта. Јас нема да ставам од тоа павлаката, само јајца. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 2zzshmjRls За вечера нема да сум дома, па ќе си земам едно јајце варено и едно јогуртче од 250 мл. Едит: Иста килажа сме Анабелке. Само јас до 65 да стигнам ќе цветам.
Зошто грешка? Не е туршијата всушност кисел зеленчук? Се прави со вода и оцет. А јас како љубител на кисело, душа давам. Повкусно ми е туршија да јадам, отколку овошје, затоа што и онака не сум некој голем љубител.
И ја со вас Звончице и Анабелке, само јас ќе ја држам до крај оваа УН обичнава, ма се решив и готово. Појадував 2 портокала, средна големина, пиев едно кафе со засладувач, се обидувам да пијам без него ама не можам, ко кисело ми е кафето, нека ми биде тоа единствена грешка. Упс уште една грешка ќе правам првиве денови. Знам дека не треба да се мешаат јаглехидрати и протеини, но сакам додека да се привикнам да јадам измеѓу оброци по една гранола, бар првиот иклус од 4 дена, потоа вториот циклус ќе сменам со пола банана од која половината ќе ја изедам за појадок со едно парче овошје и натака ќе се обидам да не имам измеѓу оброци други освен некое бадемче, лешниче, можеби уште едно ситно овошје, но колку можам ќе редуцирам. Инаку, на кофетата прочитав дека е од растително потекло, не ми се веруваше, ама ете, си пишува. Е сеа, не дека ќе умрам ако пијам кафе без млеко, ама кога ќе ме фаќа криза ќе испијам едно кафе со кофета. За ручек ќе јадам најверојатно сурими ракчиња со туршија, за вечера пошто нема да бидам дома, на дечко ми ќе му сварам супа а за мене ќе си одвојам малку од течноста за вечера и евентуално ќе си оставам едно две ракчиња. Знам дека ко за почеток ќе направам каша попара ама мора нешто да направам за да се прилагодам на почетокот. Не знам со колку започнувам, најверојатно ќе се мерам само во обем бидејќи вага немам, ама и според сликите од Модните критики ќе увидите колку сум ослабела Кој ми е мотивот? Фустанот во бела боја за една ноќ да ми стои совршено за период од година дена од сега, а потоа еден одмор во бели бикини. Туршијата не знам колку е во ред да се јаде бидеќи се става доста сол, но во исклучителни ситуации не е страшно веројатно, наместо да гнетете леб, подобро кснете две краставички, малку цвекло, карфиол... Бидејќи доаѓаат слави, имендени и прослави, си давам уште од сега за право да направам мал прекршок, исклучиво на овие денови, но се разбира, ќе биде тоа искомпензирано со овошни денови и водни денови, за кои ич не ми е тешко да ги држам, а најверојатно и ќе ги држам, најмалку 3 пати во текот на 3те месеци, секој месец по еден. Си посакувам среќа и се надевам нема да биде залудно
43 ден скробен доручек: 2 мандарини ручек: зачинети печени компири и кечап, салата од зелка вечера : варен компир со кромид
16/90 Овошен 1 јаболко, 1 банана, салата од краставици Сакав да ве прашам дали може во денешниот ден да се јаде сојни јадки ???????
^ Сојата е протеин, што значи не може. А јас храбро го издржав првиов ден. Сум заборавила како е да си на диета .